Црвен список на МСЗП
Црвениот список на МСЗП, создаден во 1948, е најопсежниот попис на заштитниот статус на растителните и животниски видови во светот. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN) е главниот светски орган на заштниот статус на видовите. Разни земји и организации имаат свои регионални црвени листи, кои го проценуваат ризикот од изумирање на видовите присутни во извесна политичка целина.
Црвениот список на МСЗП се темели на прецизни критериуми за утврдување на ризикот од изумирање на илјадници видови и подвидови. Ови критериуми се однесуваат на сите видови, во сите земји во светот. Спискот има за цел да им укажува на јавноста и државните институции за загрозеноста на видовите, како и да ѝ помогне на меѓународната заедница со намалувањето на стапката на изумирање на видовите.
Главни проценители на состојбата на видовите се BirdLife International, Зоолошкиот институт (научноинстражното одделение на Лондонското зоолошко друштво), Светскиот центар за надзор на заштитата на природата, и многу други стручни групи во рамките на Комисијата за опстанок на видовите (КОВ или SSC). Овие организации се одговорни за речиси половина од видовите на списокот.
Црвениот список на МСЗП нашироко се смета за најобјективен и најмеродавен систем на класификација на видовите на кои им се заканува изумирање.[1]
МСЗП настојува да врши проценки на сите видови на секои 5 години (или барем на секои 10). Ова се врши по пат на рецензија преку стручните групи, кои се органи на МСЗП надлежни за поединечен вид, групи на видови, или поединечни географски подрачја, или пак во случај на BirdLife International, целата класа на (Птици).[2]
Категории
Видовите се класификуваат во девет групи, врз основа на кртериуми како стапка на намалување, големина на популацијата, ареал, и степен на дистрибуција и фрагментација на популацијата.
- Изумрен (EX) - Нема преживеани единки.
- Изумрен во дивината (EW) - Преживеан само во заробеништво, или како одомаќинета популација вон изворниот ареал.
- Критично загрозен (CR) - Исклучително висок ризик од изумирање во дивината.
- Загрозен (EN) - Висок ризик од изумирање во дивината.
- Ранлив (VU) - Висок ризик од загрозување во дивината.
- Речиси загрозен (NT) - Со веројатност да стане загрозен во блиска иднина.
- Најмала загриженост (LC) - Најнизок ризик. Тука спаѓаат широкораспространети и изобилни таксони.
- Недоволно податоци (DD) - Нема доволно податоци за да се уврди ризикот од изумирање.
- Непроценет (NE) - Сè уште непроценет според критериумите.[3]
Според службената терминологија, поимот „загрозен“ е група од три категории: „критично загрозен“, „загрозен“ и „ранлив“.
Категории и критериуми од 1994
Стариот систем од 1994 има само една категорија за „ниж ризик“ кои ги содржи следниве категории:
- Зависен од заштита (LR/cd)
- Речиси загрозен (LR/nt)
- Најмала загриженост (LR/lc)
Со промените на системот во 2001, „речиси загрозен“ и „најмала загриженост“ станале посебни категории, а категоријата „зависен од заштита“ е исфрлена од употреба заради нејзиното припојување кон категоријата „речиси загрозен“.
Можеби изумрен вид
Birdlife International (надлежни за птици во МСЗП)[4] користат дополнителна категорија „Можеби изумрен“ (PE)[5] Birdlife International препорачуваат оваа категорија да стане официјална.
Видете исто така
Заштитен статус |
---|
по ризик од изумирање |
Изумрени |
Изумрени Изумрени во дивината |
Во опасност |
Критично загрозени Загрозени Ранливи |
На помал ризик |
Зависни од заштита Речиси загрозени Незагрозени |
Поврзано Меѓународен сојуз за заштита на природата Црвен список на МСЗП |
Наводи
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
- ↑ За Црвениот список на МСЗП (англиски)
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
Литература
- Црвениот список на загрозени видови на МСЗП, 2009. Статистички преглед. Пристапено на 19 декември 2009. (англиски)
- МСЗП. Црвен список на МСЗП 1994 - Категории и киретериуми, верзија 2.3. Пристапено на 19 декември 2009. (англиски)
- МСЗП. Црвен список на МСЗП 2001 - Категории и киретериуми, верзија 3.1. Пристапено на 19 декември 2009. (англиски)
- Родригес, А.С.Л., Пилгрим, J.D., Ламоро, Ж.Ф., Хофман, М. и Брукс Т.М. 2006. Значајноста на Црвениот список на МСЗП за заштитата на природата Трендови во екологијата и еволуцијата 21(2): 71-76. (англиски)
Надворешни врски
- Црвен список на МСЗП (англиски)
|