Прејди на содржината

Мохаве (пустина)

Координати: 35°0.5′N 115°28.5′W / 35.0083° СГШ; 115.4750° ЗГД / 35.0083; -115.4750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
35°0.5′N 115°28.5′W / 35.0083° СГШ; 115.4750° ЗГД / 35.0083; -115.4750
Пустина Мохаве
Hayikwiir Mat'aar (Мохаве)[1]
Пустина
Калико басенот во Ред Рок кањонот близу Лас Вегас
Земја САД САД
Подрачје Калифорнија, Невада, Јута, Аризона
Се граничи со Голем пустински басен (север)
Сонорска пустина (југ)
Колорадо плато (исток)
Колорадо пустина (југ)
Реки Мохаве река
Координати 35°0.5′N 115°28.5′W / 35.0083° СГШ; 115.4750° ЗГД / 35.0083; -115.4750
Највисока точка Чарлстон Пик 11,918 ст (3,633 м)
 - местоположба Пролетни планини
 - координати 36°10′11″N 117°05′21″W / 36.16972° СГШ; 117.08917° ЗГД / 36.16972; -117.08917
Најниска точка Бедвотер басен −279 ст (−85 м)[2]
 - местоположба Долина на смртта
 - координати 36°51′N 117°17′W / 36.850° СГШ; 117.283° ЗГД / 36.850; -117.283
Површина 124.000 км2
За јавноста Мохаве Национални паркови
Долина на смртта
Дрвото Џошуа
Зион
Големиот Кањон на Колорадо

Мохаве е пустина која што се наоѓа во југозападниот дел на Соединетите Американски Држави, зафаќајќи делови Калифорнија, Невада, Јута и Аризона. Своето име го добила по истоименото старо-индијанско племе кое сѐ уште постои и населува делови од неа. Терминот Mojave потекнува од шпанскиот јазик додека Mohave доаѓа од англискиот јазик. И двете имиња се користат и денес, иако Индијанското племе официјално го користи изразот Mojave; збор кој е скратена форма од "Hamakhaave, нивниот ендоним на нивниот мајчин јазик, што значи "покрај вода". Пустината зафаќа површина од 57 000 км2. Често се нарекува и “Високата пустина”. Причина за тоа е што поголемиот дел од неа е со надморска височина над 600 м, но тука се наоѓа и Долината на Смртта која е најниската точка во целата Северна Америка со своите 86 м под нивото на морето. Поголемиот дел од пустината Мохаве е ретко населен, иако може да се сретнат неколку поголеми градови, вклучувајќи го Ланкастер, Палмдејл и Викторвил во Калифорнија, како и најголемиот Лас Вегас и градот Хендерсон во Невада. Пустината предизвикува голем интерес кај научниците затоа што содржи голем број ендемски видови растенија и животни.

Географска положба, граници и релјеф

Мохаве се наоѓа во југозападниот дел на Соединетите Американски Држави и е најмаркантна природна географска појава во оваа регија. Зафаќа значителен дел од југоисточна Калифорнија и помали делови од централна Калифорнија, јужна Невада, југозападна Јута и северозападната страна на Аризона. Во овие размери, Мохаве зафаќа површина од 57 000 км2. Името го добила по индијанското племе кое сѐ уште живее таму. На југ од Мохаве се наоѓа Сонорската пустина. Интересно е тоа што границите меѓу овие две пустини се сосема јасни и лесно можат да се видат, бидејќи пустината Мохаве е заобиколена од сите страни со нејзините препознатливи дрвја “Џошуа”. Освен дрвјата, граници на пустината Мохаве претставуваат и планинските возвишенија. Заедно со Сонорската, Големата долина и Чихуанската пустина ја формира Северноамериканската пустина.

Мохаве спаѓа во видот на песочни и карпести пустини. Некој ја нарекуваат и “Високата пустина”. Тоа е поради фактот што поголемиот дел од оваа пустина се наоѓа на надморска височина над 600 метри. Самата пустина е дефинирана од страна на бројни планински масиви. Највисоката точка во пустината претставува врвот Чарлстон висок 3 633 метри. Но исто така, тука се наоѓа и препознатливата “Долина на смртта” која е ниска 86 метри под нивото на морето, и тука е измерена највисоката температура на континентот.

Хидрографија

За разлика од некој други топли пустини во Мохаве опстојуваат хидрографски појави како езера, реки па и некој извори. Хидрографијата на Мохаве е позната пред сè по нејзините езера иако има и неколку познати реки кој течат низ неа. Од преку педесетина езера кој се наоѓаат во пустината најголемо и најпознато е езерото Мид на кое е изградена браната Хувер. Други поважни езера се Голстоун, Харпер, Емерсон, Лејк Хавасу и други.

Од реките кој течат низ Мохаве најголема е Колорадо која извира од Карпестите планини и се влева во Калифорнискиот Залив на југ. Исто така важна е и реката Мохаве која го обележува почетокот на пустината.

Клима

Климата е пустинска со 4 годишни времиња. Годишно во ова пустина врне околу 250 мм дожд. Во зимските месеци температурата се спушта од -7 до -18 0С, со дождови а понекогаш и снег, а додека во топлите зимски денови достигнува и до + 270С. Во пролетта температурите се движат од 32-380С, а есента е сува и сончева со температури од 21-320С. Летата се суви и ветровити со температури од 49-540С. Одлика е тоа што најдлабокиот и најтоплиот дел во САД се наоѓа токму во Мохаве. Тоа е таканаречената Долина на смртта, каде што температурата измерена во 1913 година изнесувала 57 степени целзиусови.

Биогеографски одлики

Пустината Мохаве има богата вегетација и разновиден животински свет. Покрај сите животни најактуелни се змиите, гуштерите и дивите кози. Исто така во оваа пустина е развиен и растителниот свет. Околу 1750-2000 различни растенија виреат во областа, од кој некој се ендемски – не се среќаваат на ниту едно друг место во светот. Меѓу овие растенија е и дрвото “Џошуа” кое е карактеристично по својот уникатен изглед, и заштитен знак за оваа пустина. Тука се наоѓа Националниот парк “Џошуа”, прогласен за национален парк во 1994 година.

Од остантите видови на растенија во Мохаве позначајни се: Ocotillo, Prairie clover, Saltugilia latimeri, Senna covesii, Utah Juniper, Western poison oak и др. Од фауната: зебреста игуана, песочна игуана, тарантула, отровен брадавичар, рис, пустинска желка, којотот, мазга елен, глушец торбар, џуџеста лисица, пустински овен и др.

Наводи

  1. Munro, P., et al. A Mojave Dictionary Los Angeles: UCLA, 1992
  2. „USGS National Elevation Dataset (NED) 1 meter Downloadable Data Collection from The National Map 3D Elevation Program (3DEP) - National Geospatial Data Asset (NGDA) National Elevation Data Set (NED)“. United States Geological Survey. September 21, 2015. Архивирано од изворникот на 2019-03-25. Посетено на September 22, 2015.