Прејди на содржината

Russula aeruginea

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Russula aeruginea
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Russula aeruginea
Научен назив
Russula aeruginea
Fr. (1863)
Russula aeruginea
Научна класификација edit
Царство: Fungi
Колено: Basidiomycota
Класа: Agaricomycetes
Ред: Russulales
Семејство: Russulaceae
Род: Russula
Вид:
R. aeruginea
Биномен назив
Russula aeruginea

Fr. (1863)

Russula aeruginea, позната и како тревнозелена гулапка, леплива зелена гулапка или зелена гулапка, е јадлива габа Гулапка. Широко распространета во северните умерени региони, обично се наоѓа под бреза, најмногу во борови шуми. Многу отровната Amanita phalloides може да има сличен изглед, особено одозгора.

Таксономија

Видот првпат била опишана во делото на Елиас Магнус Фрајс од 1863 година, Monographia Hymenomycetum Sueciae.[1] Специфичниот епитет aeruginea е изведен од латинскиот aeruginus, и се однесува на извалкана боја на бакарот.[2]

Опис

Шапката е рамнакога е млада, наскоро има форма на инка и слабо е пругаста, малку леплива и сјајна, бледо зелена до светло сиво-зелена, поретко маслинесто зелена. Шапката е голема од 4-10 см во пречник. Тесно распоредените ливчиња се со бледо крем боја кога се млади, подоцна стануваат светложолти кога спорите созреваат. Дршката е бела, повремено со дамки во боја на ’рѓа во основата, често прилично кратка со надолжни бразди. Тоа достигнува 5-8 см должина и 1-2 см дебелина. Месото е бело, кршливо и без мирис, со благ вкус. Russula aeruginea се јадливи.

Отпечатокот на спори е кремасто-жолт. Спорите се сферични до овални со гребени и брадавици на површината и се со димензии 6-8 на 6-7 μm.[2]

Зелените примероци на Russula xerampelina, може да се помешаат со R.aeruginea. Тие можат лесно да се разликуваат по тоа што примероците на R. xerampelina секогаш мирисаат на варени школки, додека примероците на R.aeruginea немаат карактеристичен мирис.[3]

Живеалиште и распространетост

Плодните тела на Russula aeruginea растат на земја во шуми, во трупи во легло од лисја или во трева. Тој е ектомикоризален кај брезата, но и кај четинарите, особено борот и смреката.[4] Широко е распространет во северните умерени зони. Плодувањето се случува од јули до ноември во Европа,[5] и подоцна од лето до есен во Северна Америка. Габата се наоѓа и во Источна Африка.[6]

Наводи

  1. Taylor, A.F.S.; Alexander, I.J. (1989-01). „Ectomycorrhizal synthesis with an isolate of Russula aeruginea“. Mycological Research. 92 (1): 103–107. doi:10.1016/s0953-7562(89)80103-0. ISSN 0953-7562. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 Evenson, Vera Stucky (1997). Mushrooms of Colorado : and the southern Rocky Mountains. Denver, Colo.: Denver Botanic Gardens. ISBN 1-56579-192-4. OCLC 36919003.
  3. Reid, Derek A.; Bon, Marcel; Wilkinson, John; Ovenden, Denys (1989). „The Mushrooms and Toadstools of Britain and North-Western Europe“. Kew Bulletin. 44 (1): 183. doi:10.2307/4114663. ISSN 0075-5974.
  4. Lincoff, Gary (2002). Mushrooms (2 American ed. изд.). New York: DK Pub. ISBN 0-7894-8986-4. OCLC 50595654.CS1-одржување: излишен текст (link)
  5. Courtecuisse, Régis (1999). Mushrooms : a photographic guide to the mushrooms of Britain and Europe. London: HarperCollins. ISBN 0-00-220012-0. OCLC 41548009.
  6. Dugan, Frank M. (2011). Conspectus of world ethnomycology : fungi in ceremonies, crafts, diets, medicines, and myths. St. Paul, MN: American Phytopathological Society. ISBN 978-0-89054-395-5. OCLC 728580724.

Надворешни врски