Прејди на содржината

Чји

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ки)
Чји
Кинеско име
Пинјин
Вејд-Џајлс ch'i4
Традиционален кинески
Поедноставен кинески
Јапонско име
Ромаги што
Канџи
Корејско име
Романизација gi
Хангул
Хања
Виетнамско име
Виетнамска азбука кхí
Тајландско име
Тајландска азбука ชี่

Чји — основа на традиционалната кинеска култура. Општо се дефинира како „воздух“ или „здив“ и ја претставува „животната сила“ или „духовната енергија“ што е дел од сè што постои. Чји се споменува во филозофијата уште од најраните забележани времиња во Кина . Иако е концепт чие значење е многу важно за сите кинески филозофии, постојат различни дефиниции за истиот.

Идеограмот „чји“ (氣) настанал со спојување на симболот на пареата (气) што се издига над ориз (米) кој се готви.

Важно прашање што филозофите го оспоруваат е дали чји постои посебно од материјата . Дали чји постои заради материјата или обратно. Некои будисти и таоисти го фаворизираат второ верување, додека некои будисти веруваат дека целата материја е илузија. Спротивно на тоа, нео-конфуцијаните го критикуваат ставот дека чји постои одделно од материјата и го гледаат како продолжение на материјата. Повеќето теории од чји како метафори за основните физички својства на универзумот потекнуваат од нео-конфуцијците во последните илјада години.

Чји во традиционалната кинеска медицина

[уреди | уреди извор]

Сите теории на традиционалната (народна) кинеска медицина се изведени од верувањето дека чји го крева телото по природна шема на канали наречени меридијани. Симптомите на разни болести се сметаа како нерамнотежо и нарушено движење на чји преку меридијаните. Третманот на болеста се заснова на подобрување на циркулацијата на телото преку различни терапевтски техники. Некои од овие техники се хербални лекови, специјални диети, чи кунг, боречки вештини, масажа и акупунктура. Традиционалните азиски воени вештини исто така се занимаваат со чји. На пример, nei chia, внатрешен борбен систем, се потпира особено на употребата на чји со цел заштита за време на борбата подобрување на здравјето.

Чји во боречки вештини

[уреди | уреди извор]

Чји е главен концепт во многу боречки вештини, особено оние на nei chia внатрешниот борбен систем во кој спаѓа Тај чи чуан . Во Чи Кунг чји исто така игра централна улога. Во јапонските воени вештини, чји се развива со помош на аикидото, особено со чји-аикидо. Овие форми содржат вежби кои им овозможуваат на учениците да развијат чи или чји.

Во воените вештини, постоењето на чји не се доведува до прашање. Не се пронајдени прецизни био-физички докази и се смета дека чји не може да се опише со зборови и дека се потребни одредени физички вежби за развој и разбирање на чји. Чји може да се смета како силна техника на визуелизација, целосно опуштање на мускулите, подобрување на држење во телото, правилно дишење, фино функционирање на нервниот систем. Некои училишта додаваат и метафизички аспект — чји доаѓа од дантијан кој се наоѓа во долниот дел на стомакот и се движи низ телото. Концептот може да се прошири за да вклучува „Ќинг Шенг Ли“ или надворешна енергија што доаѓа од неботи и земјата.

Поим кој често се јавува и во кинеската фикција, каде главниот лик обично го влада чи до таква мерка што може да ги промени силите на природата. Овој вид карактер дојде на запад во форма на филмови за боречки вештини. Исто така, постојат големи сличности на терминот чји со терминот сила во сагата „ Војна на ѕвездите “.

Поврзано

[уреди | уреди извор]