Арман Жан ди Плеси де Ришелје (француски:Armand Jean du Plessis de Richelieu; 9 септември1585Париз - 4 декември1642Париз бил француски државник и кардинал. Тој бил министер за надворешни работи на кралот Луј XIII и имал многу големо влијание врз зголемувањето на моќта на монархијата, со што се смета за творец на францускиот апсолутизам. Бил назначен за кардинал од страна на папата Григориј XV. На 29 јануари1635 ја основал Француската академија. Тој е исто така многу значајна личност и за историјата и меѓународните односи и дипломатијата, бидејќи е творец на концептот за raison d'état (фр. државна причина) односно за апсолутното застапување на националните интереси во надворешната политика и воедно е еден од основоположниците на реалиситчкиот правец во меѓународните односи.