Охотска Плоча
Охотска Плоча | |
---|---|
Вид | мала |
Движење1 | југозападно |
Брзина1 | 13–14 мм годишно |
Опфаќа | Хокаидо, Камчатка, Канто, Курилски Острови, Магаданска Област, Сахалин, Охотско Море, Тохоку |
1Во однос на Африканската Плоча |
Охотска Плоча — мала тектонска плоча која ги опфаќа полуостровот Камчатка, Магаданската Област и островот Сахалин во Русија; регионите Хокаидо, Канто и Тохоку во Јапонија; Охотското Море, како и спорните Курилски Острови.
Главниот раседен систем на Јапонија е во зоната каде Амурската Плоча (источниот раб на Евроазиската) се среќава со Охотската, понекогаш сметана за западен раб на Северноамериканската Плоча.[1]
Границата Улаханскиот Расед, трансформен расед со странично лево движење кој потекнува од тројна точка во Черските Планини.
Геологија
Границата помеѓу Охотската и Амурската Плоча можеби е одговорна за силните земјотреси во Јапонското Море и на островот Сахалин Island, како што земјотресот на 27 мај 1995 г. на северен Сахалин со јачина од 7,1 MW (7,5 MS според други извори).[2][3][4] Земјотресот го уништил гратчето Нефтегорск, и истото потоа не било обновено. Други позначајни меѓуплочни земјотреси како оној во Јапонското Море од 1983 г. и оној во Хокаидо во 1993 г. предизвикале цунамија во Јапонското Море.
Границата помеѓу Охотската и Тихоокеанската Плоча е зона на подвлекување, каде Тихоокеанската се подвлекува под Охотската. Овде се случиле бројни мегаземјотреси, меѓу кои најголемите забележани во светот. Таков пример се камчатските земјотреси од 1737 г. (9,0~9,3 M) и 1952 г. (9,0 M). Мегаземјотреси со оваа јачина се јавуваат и близу Курилските Острови, како оној од 8,3 M на 15 ноември 2006 г.,[5][6] Хокаидо, as земјотресот на 26 септември 2003 г. со јачина од 8,3 M[7][8] и земјотресот во Тохоку во 2011 г. кај брегот на Хоншу, со јачина од 9,0 M.[9]
Мерењата со ГПС и други проучувања покажуваат дека Охотската Плоча бавно се врти надесно. Проценето е дека се свртува за 0,2° на милион години околу стожер сместен северно од Сахалин.[10]
Мегаземјорес во Сендај 2011
Во 2011 г. Јапонија била погодена од подводен мегаземјотрес со јачина од 9,0–9,1 Mw, предизвикан од подвлекувањето на Тихоокеанската под Охотската Плоча. The worst effected areas in Тохоку, Јапонија experienced 6 минути потрес. Главното пролизгување се случило на „Северноамериканската или Охорската Плоча“.[11]
Наводи
- ↑ Gioncu, Victor; Mazzolani, Federico (2011). Earthquake Engineering for Structural Design. Taylor & Francis. стр. 461.
- ↑ Tamura, Makoto; и др. (2002). „The ShalIow Seismicity in the Southern Part of Sakhalin“ (PDF). Geophysical Bulletin of Hokkaido University. 65: 127–142. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-19. Посетено на 2024-08-05.
- ↑ „Earthquake Information for 1995“. USGS.
- ↑ Arefiev, S. S.; и др. (2006). „Deep structure and tomographic imaging of strong earthquake source zones“. Izvestiya, Physics of the Solid Earth. 42 (10): 850–863. Bibcode:2006IzPSE..42..850A. doi:10.1134/S1069351306100090. S2CID 129384070.
- ↑ Matsumoto, Hiroyuki; Kawaguchi, Katsuyoshi; Asakawa, Kenichi (2007). „Offshore Tsunami Observation by the Kuril Islands Earthquake of 15 November 2006“. 2007 Symposium on Underwater Technology and Workshop on Scientific Use of Submarine Cables and Related Technologies. IEEE. стр. 482–487. doi:10.1109/UT.2007.370767. ISBN 978-1-4244-1207-5. S2CID 40544639.
- ↑ „Magnitude 8.3 – KURIL ISLANDS“. Earthquake.usgs.gov. Посетено на 1 јануари 2016.
- ↑ Watanabe, Tomoki; и др. (2006). „Seismological monitoring on the 2003 Tokachi-oki earthquake, derived from off Kushiro permanent cabled OBSs and land-based observations“. Tectonophysics. 426 (1–2): 107–118. Bibcode:2006Tectp.426..107W. doi:10.1016/j.tecto.2006.02.016.
- ↑ „Magnitude 8.3 – HOKKAIDO, JAPAN REGION“. Earthquake.usgs.gov. Посетено на 1 јануари 2016.
- ↑ Zhao, Dapeng; Liu, Xin (1 јуни 2018). „Upper and lower plate controls on the great 2011 Tohoku-oki earthquake“. Science Advances. 4 (6): eaat4396. Bibcode:2018SciA....4.4396L. doi:10.1126/sciadv.aat4396. ISSN 2375-2548. PMC 6010320. PMID 29938226.
- ↑ Apel, E. V.; Bürgmann, R.; Steblov, G.; Vasilenko, N.; King, R.; Prytkov, A. (2006). „Independent active microplate tectonics of northeast Asia from GPS velocities and block modeling“. Geophysical Research Letters. 33 (11): L11303. Bibcode:2006GeoRL..3311303A. doi:10.1029/2006GL026077.
- ↑ Uchida, Naoki; Burgmann, Ronald (23 април 2021). „A Decade of Lessons Learned from the 2011 Tohoku-Oki Earthquake“. Reviews of Geophysics. 59 (2). doi:10.1029/2020RG000713.
Надворешни врски
- Охотска Плоча на Ризницата ?
- Моделирање на Охотската Плоча (англиски)
- Заедничка американско-руска работилница за тектонскиот развој на североисточна Русија, декември 2004 г. (англиски)