Прејди на содржината

Јуроајс Класик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јуроајс Класик
Лого на трката
За трката
Датумсредина/крај на август
РегионХамбург, Германија
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕднодневна трка
ОрганизаторУпсолут Спортс АГ
Директор на тркатаЕрик Цабел
Историја
Прво одржување1996 (1996)
Одржувања24 (до 2019)
Прв победник Росано Брази (ИТА)
Најмногу победи Елија Вивијани (ИТА) (3 победи)
Неодамнешен победник Елија Вивијани (ИТА)

Јуроајс Класик (порано ХЕВ Класик и Ватенфал Класик) — годишна еднодневна професионална и аматерска велосипедска трка во и околу Хамбург. Иако рутата на трката се менува, сепак секогаш нејзината должина е околу 250 километри. Во текот на трката најтешко искачување претставува ридот Вазеберг во Бланкенезе, кој се искачува неколкупати пред крајот на трката.[1]

Трката претставувала единствен настан одржуван во Германија вклучен во календарот на Светската турнеја. Се организира од Упсолут Спортс АГ, германска подружница на француската медиумска групација „Лажардер“ (Lagardère), која исто така го организира годишниот Велотон Берлин.

Важен дел од Класикот се трките Једерман (Jedermannrennen), аматерски настан, кој се одржува на истиот ден и на истата рута како професионална трка. Секој (jedermann) може да учествува на овие трки во должина од 55 км, 100 км и 155 км.[2] Меѓутоа, бројот на учесниците е ограничен на 22.000 аматери и картата мора да биде резервирана со месеци однапред.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

ХЕВ Класик

[уреди | уреди извор]
Завршница на десеттото издание во 2005 година, освоено од Италијанецот Филипо Поцато.

Трката била создадена во 1996 година со категорија 1.5, најниска класификација во професионалните трки. Првото издание било и најкратко во историјата, само 160 километри, освоено од Италијанецот Росано Брази.[4] Хамбуршкото електростопанство (ХЕВ) бил главен спонзор на трката. Во 1997 година, Јан Улрих го освоил второто издание помеѓу бројните обожаватели, две недели по освојувањето на Тур де Франс и трката набрзина стекнала углед.[5]

Со растот на популарноста на велосипедизмот во Германија во 1990-тите години, трката станала дел од Светскиот друмски куп во 1998 година, десетте најпрестижни еднодневни трки во велосипедизмот. Го заменила Винкантонскиот класик, единствениот британски велосипедски класик, како седма трка во Светскиот куп.[6] Холанѓанецот Леон ван Бон го претекнал Микеле Бартоли за победа на третото издание; растојанието се зголемило на 253 километри.

Ерик Цабел бил вториот германски победник на ХЕВ Класик во 2001 година.[7][8] Во 2002 година, белгискиот специјалист за класици Јохан Музеув ја освоил единаесеттата и последна трка во Светскиот куп, водејќи во спринт од група на десеторица.[9]

Ватенфал Класик

[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, спонзорот на трката HEW биле преземен од шведскиот конгломерат за електрична енергија Ватенфал и бил преименуван како „Ватенфал Европа Хамбург“. Ватенфал, шведски за „водопад“, станал новиот спонзор на трката во 2006 година. Во 2005 година, трката била вклучена во воведното издание на ProTour UCI, наследник на Светскиот друмски куп. По исчезнувањето на Трката околу Германија во 2009 година, останала единствена германска трка во највисокото ниво на светскиот велосипедизам.[10] Од 2011 година претставува една од 24. трки на Светската турнеја. Во 2012 година, UCI ја продолжила лиценцата на трката до 2016 година.[11]

Андре Грајпел (во црвено) во текот на Ватенфал Класик 2015.

Поради нејзиниот главно рамен терен, патеката е сметана за трка на спринтерите и завршувала во масовни спринтови од 2004 година. Некои од најдобрите спринтери во нивната генерација, вклучувајќи ги Роби Мекјуан, Оскар Фреир, Александер Кристоф и Андре Грајпел, се меѓу победниците на трката. Американскиот спринтер Тајлер Фарар, победник во 2009 и 2010 година, е единствениот возач кој ја освоил трката двапати.[12]

Трката во 2013 година била обележана со низа протести неповрзани со трката. Жителите на Хамбург биле вознемирени од политиката на заштита на околината на Ватенфал и неговите обиди да ја добие сопственоста на локалната електрична мрежа.[13] Во 2015 година било објавено дека Ватенфал нема да го продолжи партнерството со трката, приморувајќи ги организаторите да бараат нов спонзор за обезбедување на проценетите 800.000 евра, третина од буџетот на трката.[14] Поради тоа, трката ќе биде преименувана во 2016 година.

Јуроајс Класик

[уреди | уреди извор]

Во 2015 година било објавено дека Ватенфал нема да го продолжи партнерството со Хамбург Класик, принудувајќи ги организаторите да најдат нов спонзор кој ќе обезбеди околу 800.000 евра, третина од буџетот на трката.[14] Од 2016 година, Јуроајс, големо германско претпријатие за ласерско лекување на очи, е новиот спонзор.[15] Австралискиот спринтер Кејлеб Јуан ја освоил трката откога првичниот победник, Насер Буани, бил отстранет.[16]

Рута на Ватенфал Класик 2011.

Трката вообичано започнува на улицата Штајнштрасе во Хамбург-Алтштат и завршува на Менкебергштрасе, најважната шопинг улица во Хамбург. Растојание се движе од 225 до 255 километри на претежно рамен терен. Рутата на трката претрпува одредени промени секоја година, но завршницата останала иста.

Том Бонен и Фабијан Вегман се искачуваат на ридот Вазеберг во 2007 година.

Најзначајно искачување на патеката е ридот Вазеберг во Бланкенезе, четврт на Алтона, западно од центарот на Хамбург. Завршницата на трката се состои од три помали кругови западно од Хамбург, вклучувајќи го Вазеберг. Првпат се искачува на 69 километри пред целта, додека второто и третото искачување се на 28 и на 15,5 километри, соодветно.[17]

Вазеберг е стрмно асфалтирано искачување кое се издигнува од северниот брег на реката Елба во центарот на Бланкенезе. Неговата должина е 700 метри со максимален наклон од 16%. Особено е предизвикувачки што веднаш по искачувањето следи остра кривина, предизвикувајќи нагла промена на брзина и каденца. Повеќето екипи се обидуваат да ги истуркаат нивните водачи напред во групата, така што фуриозно водат на тесните патишта до подножјето на искачувањето.[18] Рутата исто така го вклучува Келбрандскиот мост, највисокиот мост во Хамбург.

Од 2005 до 2014 година, првата половина на трката се состоела од јужниот дел во насока кон Линебуршкиот голет во Долна Саксонија, пред да се врати во центарот на Хамбург и да го отпочне западниот дел.[19]

Во 2015 година, организаторите ја променила рутата во чест на прославата на дваесетгодишнината на трката.[20] Трката започнала во Кил, 90 километри северно од Хамбург, на западниот брег на Балтичкото Море, пред да се упати југозападно кон Хамбург, поминувајќи низ Шлезвиг-Холштајн. Вкупното растојание било скратено на 222 километри, но завршниот пристап во Хамбург, со трите искачувања на Вазеберг и завршницата на Менкебергштрасе останале исти. Рутата од Кил до Хамбург била исто така одбрана со цел да ја промовира заедничката кандидатура на обата града за Летните олимписки игри 2024.[21]

Директорот на трката Роланд Хофер изјавил: „Иако профилот на трката можеби изгледа поподобен за спринтери, може на крајот да биде освоена од сите видови на возачи и е точно онаков вид на трка како што е потребна за настан од Светската турнеја [...] Светската турнеја доаѓа во Германија во средината на „ренесансата“ на германскиот велосипедизам, со последните успеси кои ги подмладуваат интересот во земјата за спортот по падот во минатото“.[22]

Победници

[уреди | уреди извор]
Главната група на Гросер Бурста во Стариот град на Хамбург во текот на трката.
Главната група поминува низ Хамбург во 2015 година.
Марк Кевендиш ја води главната група.
Главната група на почетокот на трката.
HEW Класик
Година Победник Екипа
1996 Италија Росано Брази Полти
1997 Германија Јан Улрих Тим Телеком
1998 Холандија Леон ван Бон Рабобанк
1999 Италија Мирко Челестино Полти
2000 Италија Габриеле Мисалја Лампре
2001 Германија Ерик Цабел Тим Телеком
2002 Белгија Јохан Музеув Домо-Фарм Фритес
2003 Италија Паоло Бетини Квик Степ-Давитамон
2004 Австралија Стјуарт О’Грејди Кофидис
2005 Италија Филипо Поцато Квик Степ-Инерџетик
Ватенфал Класик
Година Победник Екипа
2006 Шпанија Оскар Фреир Рабобанк
2007 Италија Алесандро Балан Лампре-Фондитал
2008 Австралија Роби Мекјуан Сајленс-Лото
2009 САД Тајлер Фарар Гармин-Слипстрим
2010 САД Тајлер Фарар Гармин-Транзишанс
2011 Норвешка Едвалд Боасон Хаген Тим Скај
2012 Франција Арно Демар ФДЖ-БигМет
2013 Германија Џон Дегенколб Аргос-Шимано
2014 Норвешка Александер Кристоф Катјуша
2015 Германија Андре Грајпел Лото-Судал
Јуроајс Класик
Година Победник Екипа
2016 Австралија Кејлеб Јуан Орика-БајкЕксчејнџ
2017 Италија Елија Вивијани Тим Скај
2018 Италија Елија Вивијани Квик-Степ Флорс
2019 Италија Елија Вивијани Декојнинк-Квик Степ

Повеќекратни победници

[уреди | уреди извор]
Победи Велосипедист Изданија
3
 Елија Вивијани (ИТА) 2017 + 2018 + 2019
2
 Тајлер Фарар (САД) 2009 + 2010

Победи по држава

[уреди | уреди извор]
Победи Држава
9  Италија
4  Германија
3 Австралија Австралија
2  Норвешка
 САД
1  Белгија
 Франција
 Холандија
 Шпанија
  1. Акселгард, Емил (23 август 2015). „Преглед на Ватенфал Класик 2015“. cyclingquotes.com. Посетено на 12 септември 2015.
  2. „Ватенфал Класик“. Jedermanntermine (германски). Посетено на 3 декември 2015.
  3. „Mehr als 15 000 Jedermann-Fahrer in Hamburg“. T-Online (германски). Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 3 декември 2015.
  4. „Трка околу Хамбург, Германија“. autobus.cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 25 ноември 2015.
  5. „HEW-Cyclassics Cup, Cat 1.5“. cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 25 ноември 2015.
  6. „HEW-Cyclassics Cup, World Cup Round 7“. autobus.cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 25 ноември 2015.
  7. Џонс, Џеф. „HEW-Cyclassics - CDM Hamburg, Germany, August 19, 2001“. autobus.cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 25 ноември 2015.
  8. Џонс, Џеф. „Perfect finish for Zabel“. autobus.cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 25 ноември 2015.
  9. Џонс, Џеф. „News for August 5, 2002. HEW Cyclassics wrap up“. autobus.cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 26 ноември 2015.
  10. „No Deutschland Tour in 2011 McQuaid supports return of German stage race“. cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 25 ноември 2015.
  11. „Cyclassics auch die nächsten Jahre Elite-Rennen“. www.rad-net.de. Rad-Net. Посетено на 25 ноември 2015.
  12. „Vattenfall Cyclassics 2010: Tyler Farrar outsprints Edvald Boasson Hagen in Hamburg“. www.telegraph.co.uk. Telegraph staff and agencies. Посетено на 25 ноември 2015.
  13. „Tschüss Vattenfall - Kletterprotest im Zielbereich der Cyclassics“ (германски). Tschüss Vattenfall. Посетено на 13 септември 2013.
  14. 14,0 14,1 Leoni, Achim (22 август 2015). „Kein Hauptsponsor mehr: Was wird aus den Cyclassics?“ (германски). Hamburger Abendblatt. Посетено на 11 September 2015.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-08-20. Посетено на 2017-08-19.
  16. „Ewan wins Cyclassics Hamburg after Bouhanni is relegated“. cyclingnews.com. Посетено на 3 септември 2016.
  17. Акселгард, Емил (23 август 2015). „Преглед на Ватенфал Класик“. cyclingquotes.com. Посетено на 12 септември 2015.
  18. Акселгард, Емил. „Преглед на Ватенфал Класик 2014“. cyclingquotes.com. CyclingQuotes. Посетено на 26 ноември 2015.
  19. „Vattenfall Cyclassics preview August 23, 2014“. velovoices.com. VeloVoices staff. Посетено на 25 ноември 2015.
  20. О’Ши, Садб. „Cavendish, Kittel and Greipel match-up in German WorldTour race. 20th edition suits Germany's best riders“. cyclingnews.com. CyclingNews. Посетено на 25 ноември 2015.
  21. „André Greipel, Marcel Kittel und Tony Martin: Deutsche Topstars starten in Hamburg“ (германски). Eurosport. 26 ноември 2015. Посетено на 11 септември 2015.
  22. „Ватенфал Класик“. UCI. Посетено на 11 септември 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]