Алергиски ринитис
Алергиски ринитис | |
---|---|
Синоними | Поленска треска, поленоза, поленска кивавица |
Полен од различни растенија, зголемен 500 пати и ширина од 0.4 mm | |
Специјалност | Алергологија и имунологија |
Симптоми | Затнат нос, чешање на носот, кивање, црвенило, чешање и солзење на очите, оток околу очите, чешање на ушите[1] |
Вообичаена појава | помеѓу 20-те до 40-те години[2] |
Причинители | Генетски и фактори од средината[3] |
Ризик-фактори | Астма, алергиски конјуктивитис, атопичен дерматитис[2] |
Дијагностички метод | Врз основа на симптомите, кожен прик тест, крвни тестови за специфични антитела[4] |
Диференцијална дијагноза | Настинка[3] |
Спречување | Изложеност на животни рано во животот[3] |
Лекови | Назални стероиди, антихистаминици како дифенхидрамин, кромолин натриум, леукотриенски рецепторни антагонисти како монтелукаст, алергенска имунотерапија[5][6] |
Честота | ~20% (во западните земји)[2][7] |
Алергиски ринитис е воспаление на слузницата на носот кое се јавува како последица на прекумерна реакција на имунолошкиот систем на алергените од воздухот.[6] Знаците и симптомите вклучуваат течење на носот или затнат нос, кивање, црвенило, чешање, и солзење на очите, и оток околу очите.[1] Секретот од носот вообичаено е бистар.[2] Симптомите се јавуваат до неколку минути по изложување на алергенот, и може да влијаат врз спиењето и способноста за работа и учење.[2][8] Некои луѓе може да развијат симптоми само за време на одреден период од годината, како резултат на изложеноста на полен.[3] Голем дел од пациентите со алергиски ринитис исто така имаат астма, алергиски конјуктивитис или атопичен дерматитис.[2]
Алергискиот ринитис вообичаено е поттикнат од алергени од средината како што се полен, влакна од животни, прашина, или мувла.[3] Генетските фактори и изложеноста од средината доведуваат до развој на алергии.[3] Растењето на фарма и имањето на повеќе браќа и сестри го намалува овој ризик.[2] Основниот механизам вклучува врзување на IgE антителата за алергенот, и последователно ослободување на инфламаторни супстанци од страна на маст клетките, како што е хистаминот.[2] Дијагнозата вообичаено се заснова на симптомите комбинирано со кожен прик тест или крвни тестови за алерген-специфични IgE антитела.[4] Резултатите од овие тестови може да бидат лажно позитивни.[4] Симптомите на алергија наликуваат на оние на настинка; сепак, тие често траат и повеќе од две недели и типично не се јавува треска.[3]
Изложеноста на животни рано во животот може да го намали ризикот од развој на овие специфични алергии.[3] Неколку различни видови на лекови ги ублажуваат симптомите, меѓу кои се стероидите, антихистаминиците, како дифенхидрамин, кромолин натриум, и леукотриенските рецепторни антагонисти како монтелукаст.[5] Често пати, со лекови нецелосно се контролираат симптомите, и тие може да имаат несакани ефекти.[2] Изложувањето на поголеми и поголеми количини на алерген, познато како алергенска имунотерапија често е ефикасна.[6] Алергенот може да биде даден како поткожна инјекција или таблета под јазик.[6] Третманот обично трае три до пет години, по што користа може да биде пролонгирана.[6]
Алергискиот ринитис е најзастапена алергија.[9] Во западните земји, помеѓу 10 и 30% од луѓето се засегнати во текот на годината.[2][7] Најчесто се јавува помеѓу дваесеттите и четириесеттите години од животот.[2] Првиот точен опис го дал лекарот Разес во 10-от век.[10] Во 1859, Чарлс Блекли го идентификувал поленот како причинител.[11] Во 1906, точниот механизам бил определен од Клеменс фон Пирке.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Environmental Allergies: Symptoms“. NIAID. April 22, 2015. Архивирано од изворникот на June 18, 2015. Посетено на June 19, 2015.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Wheatley LM, Togias A (January 2015). „Clinical practice. Allergic rhinitis“. The New England Journal of Medicine. 372 (5): 456–63. doi:10.1056/NEJMcp1412282. PMC 4324099. PMID 25629743.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „Cause of Environmental Allergies“. NIAID. April 22, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 17, 2015.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Environmental Allergies: Diagnosis“. NIAID. May 12, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 19, 2015.
- ↑ 5,0 5,1 „Environmental Allergies: Treatments“. NIAID. April 22, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 17, 2015.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Immunotherapy for Environmental Allergies“. NIAID. May 12, 2015. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 19, 2015.
- ↑ 7,0 7,1 Dykewicz MS, Hamilos DL (February 2010). „Rhinitis and sinusitis“. The Journal of Allergy and Clinical Immunology. 125 (2 Suppl 2): S103-15. doi:10.1016/j.jaci.2009.12.989. PMID 20176255.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCov2018
. - ↑ 9,0 9,1 Fireman P (2002). Pediatric otolaryngology vol 2 (4. изд.). Philadelphia, Pa.: W. B. Saunders. стр. 1065. ISBN 9789997619846.
- ↑ Colgan R (2009). Advice to the young physician on the art of medicine. New York: Springer. стр. 31. ISBN 9781441910349. Архивирано од изворникот September 8, 2017.
- ↑ Justin Parkinson (July 1, 2014). „John Bostock: The man who 'discovered' hay fever“. BBC News Magazine. Архивирано од изворникот July 31, 2015. Посетено на June 19, 2015.