Прејди на содржината

Анегдота

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анегдота[1][2] (од грчки ανέκδοτοςαν, "не" + εκ, "надвор" + δότος, „дадено“, т.е. „необјавено“, „необјавено досега“) — кратка хумористична приказна со неочекуван крај, што обично води до наравоучение. Првично, „анегдота“ значела само забавен, љубопитен (дури ни нужно смешен) „случка“ од животот на позната личност или од животот на раскажувачот. Со текот на времето, употребата на зборот „анегдота“ не се совпаѓа со онаа на „виц“ (од германски Witz, "духовитост", "шега") , затоа што, за разлика од шегата направена за забава, анегдота е вистински настан.

Ванчо Николески

Ванчо Николески бил познат по брзо склепување стихови во кој било момент, па така кога со Блаже Конески седнал во една битолска кафеана во стихови ја направил нарачката кај познатиот келнер Харила.

Харила лафе,
донеси едно кафе
за ова маже
Што се вика Блаже,
А за мене
Една боза
Од винова лоза.