Бихар е сојузна држава во Индија со површина од 98,940 км2[1] и 82.998.509 жители. Бихар е трета најголема сојузна држава во Индија. Се наоѓа во источниот дел на Индија. Главен град е Патна. Северно од Бихар е Непал, Утар Прадеш се наоѓа западно, Џарканд е јужно, додека Западен Бенгал источно. Бихар лежи во плодната долина Ганга[2]. Културно го претставува хиндиското срце на Индија. Зборот Бихар потекнува од санскритскиот збор Вихара, кој значи будистички манастир, кои ги имало многу во Бихар.
Позната е по екстремната сиромаштија и лошиот образовен систем.