Прејди на содржината

Општина Богданци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Богданско)
Општина Богданци
Општина
Знаме на Општина БогданциГрб на Општина Богданци
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСевероисточен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996
СедиштеБогданци
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникБлаже Шапов
Површина
 • Вкупна114,54 км2 (44,22 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно7.339
 • Густина64/км2 (170/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиGE
Мреж. местоbogdanci.gov.mk
Карта на општината со селските атари.
Демографска карта на општината со селските атари.

Општина Богданциопштина во југоисточна Македонија. Центар на општината е градот Богданци. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 8.707 жители.

Географија

[уреди | уреди извор]

Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Република Македонија, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.

Територијата на општината зафаќа простор од 114 км2 и според површината се вбројува во помалите општини во Македонија, но со оглед на тоа дека е добро населена – просечната густина на населеноста изнесува 78 жители на еден км2 – таа има најголема просечна густина на населеност од сите општини во јужниот дел од земјата.

Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково, Селемли и Ѓавато. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.

Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од неа на обработливо земјиште се паѓаат 4.110 ха или 38,6%. Во општината има поволни услови за полјоделство, а особено за раноградинарство.

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Богданци во сегашните граници е формирана со новата територијалната поделба од 1996 година. Пред оваа поделба општина Богданци од 1965 година и припаѓала на општина Гевгелија. Инаку општина Богданци пред присоединувањето кон општина Гевгелија постоела како општина од 1955 година. Во тогашната општина освен Богданци, како седиште на општината влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавато, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.[2]

Денес општина Богданци се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавато. На нејзината територија се наоѓале и некогашните села Болован, Паљурци и Побрегово.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 7.339 жители, 2.611 домаќинства и 3.048 станови.[3]

Етничка припадност

[уреди | уреди извор]
Вкупно резидентно население во Општина Богданци според изјаснувањето за етничката припадност
2002 2021
НАРОД број % број %
ВКУПНО 8.707 100 7.339 100
Македонци 8.093 92.95 6.665 90.08
Срби 525 6.03 275 3.72
останати 89 1.02 104 1.41
лица без податоци / / 295 3.99

Вероисповед

[уреди | уреди извор]
Вкупно резидентно население во Општина Богданци според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно
православни 5.477
муслимани 52
католици 152
христијани 1.321
протестанти 6
евангелисти 2
евангелисти-методисти 0
Јеховини сведоци 2
останати 5
евангелиски протестантски христијани 16
агностици 10
будисти 1
лица без податоци 295
Вкупно 7.339

Мајчин јазик

[уреди | уреди извор]
Вкупно резидентно население во Општина Богданци според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно
македонски 6.767
албански 1
турски 45
ромски 5
влашки 1
српски 211
бошњачки 2
останати 11
знаковен јазик 0
непознато 1
лица без податоци 295
Вкупно 7.339

Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.

Населени места

[уреди | уреди извор]
ВКУПНО Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други Лица за кои податоците се преземени од административни извори
Општина Богданци 7.339 6.665 1 38 12 4 275 1 48 295
Богданци 5.244 4.909 1 29 12 3 58 1 36 195
Ѓавато 389 350 - 8 - - 14 - 8 9
Селемли 255 43 - - - - 191 - 1 20
Стојаково 1.451 1.363 - 1 - 1 12 - 3 71

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Училишта
Верски објекти

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Богданци е Блаже Шапов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Богданци е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 7 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места

Во рамките на општината, односно нејзината администрација, делуваат следниве одделенија[5]:

  • Одделение за управување со човекови ресурси,
  • Одделение за финанскиски прашања,
  • Одделение за локален економски развој,
  • Одделение за општи и правни прашања,
  • Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и јавни дејности,
  • Одделение за внатрешна ревизија, и
  • Одделение за инспекциски работи.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Истакнати личности по потекло од Општина Богданци се:

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
Фолкор
Спорт
  • ФК Вардарски (Богданци), во сезона 1992/93 настапува во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), но завршува како последнопласиран тим и испаѓа од лигата. Во Вардарски својата кариера ја има почнато, младинскиот репрезентативец на Македонија, Цветан Чурлинов.
  • РК Младост (Богданци),до 2007 член на најјаката ракометна лига на Македонија (супер лига) и тим кој секогаш беше при врвот на мак ракомет и трета екипа во Македонија, тим кој беше препознатлив по ангажманот на играчи од Русија, Белорусија и др. Повеќепати има настапувано во Европските ракометни купови каде има забележано и доста значителни успеси 1/4 финале во ЕХФ КУП.

РК Младост Богданци сега е член на Првата машка лига (втора по ранг) Во РК Младост својта кариера ја има почнато Мите Стоилов кој долги години градеше интернационална карира надвор од Македонија а исто така 15 години беше е сениорски репрезентативец на Македонија.

  • ЖРК Млаз (Богданци), порано има настапувано во женската ракометна супер лига каде исто така беше при самиот врв, моментално клубот е во мирување. Има настапувано и во Европските ракометни купови.
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Општина Богданци: Историја“. Архивирано од изворникот на 2013-09-02. Посетено на 2013-09-04.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ДЗС.
  4. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
  5. „Општина Богданци: Администрација“. Архивирано од изворникот на 2013-08-30. Посетено на 2013-09-04.
  6. „II Р Е Г Л Е Д НА ПЕЧАТЕНИ КНИГИ, СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ, СЦЕНАРИЈА И РЕПОРТАЖИ ОД ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР ЌОРНАКОВ, ИСТОРИЧАР НА УМЕТНОСТА од 1956 до 2009 год“ (PDF). Каламус. Посетено на 2012-05-13.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]