Нов Дојран
- За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Нов Дојран | |
Воздушен поглед на селото Нов Дојран | |
Координати 41°13′14″N 22°42′18″E / 41.22056° СГШ; 22.70500° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Дојран |
Население | 997 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1485 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06019, 06519 |
Надм. вис. | 160 м |
Нов Дојран на општинската карта Атарот на Нов Дојран во рамките на општината | |
Нов Дојран на Ризницата |
Нов Дојран — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.
Иако по своите карактеристики Нов Дојран наликува на гратче,[2] сепак официјално не е прогласено за град.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Богданци. Исто така, селото е сместено на западниот брег на Дојранското Езеро, како и на самиот пат Гевгелија-Стар Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри.[2] Селото е оддалечено 2,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 18 километри југоисточно од Валандово, 15 километри источно од Богданци и 25 километри источно од Гевгелија.
Низ селото поминува регионалниот пат 1105.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Нов Дојран е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Манастир.[4]
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 18,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.192 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 398 хектари, додека на пасиштата 241 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Меѓутоа, селото има и рибарска функција, бидејќи во него е седиштето на рибарската задруга. Во него работи фабрички погон, бензинска пумпа и услужни објекти.[2] Во местото се наоѓа и работи и пазар.
Во поново време, во селото е особено развиен туризмот.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Селото е големо, но со незначителни промени во бројот на населението. Така, во 1961 година Нов Дојран броел 1.116 жители, од кои 1.052 биле Македонци, 52 Срби и шест жители Албанци. Во 1994 година, селото имало 1.199 жители, од кои 1.115 биле Македонци, 37 Срби, 20 Роми, 16 Албанци и седум жители Турци.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.100 жители и претставува најголемото населено место во општината. Во него имало 1.023 Македонци, 11 Албанци, 23 Турци, 14 Роми, 27 Срби, 1 Бошњак и 1 останат.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 997 жители, од кои 935 Македонци, 10 Турци, 10 Срби, 3 останати и 39 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 1.083 | 941 | 1.116 | 1.033 | 1.035 | 1.173 | 1.199 | 1.100 | 997 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Кочо Рацин“, деветгодишно основно училиште
- Градинка „Кокиче“
- Пошта (1485)
- Амбуланта
- Дом на културата
-
Амбулантата
-
Градинката
-
Домот на културата
-
Поштата
-
Основното училиште во селото
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Нов Дојран се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 0383 и 0384 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 886 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 901 гласач.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[4]
- Кај Училиштето — средновековна црква со некропола;
- Кула — утврдена населба од римското време;
- Манастир (населба) — населба и некропола од римското, доцноантичкото и старохристијанското време;
- Манастир (црква) — средновековна црква и некропола;
- Топлец — терми (бањи) од римското време;
- Црквиште — старохристијанска базилка; и
- Червиканско Поле — депо на монети од хеленистичкото време.
- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Наум Охридски“ — нова селска црква.
- Споменици[2]
- Споменик на НОБ
-
Новата селска црква „Св. Наум Охридски“
-
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Дојран гурман фест - традиционален фестивал на дојранска кујна.[16]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот во градинката
-
Старото училиште
-
Лулашки во дворот на градинката
-
Старото училиште
-
Селските гробишта
-
Капелата
-
Воздушен поглед
-
Старото училиште
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 211.
- ↑ „Државен завод за статистика“. www.stat.gov.mk. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 103. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 април 2024.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 24 април 2024.
- ↑ Со специјалитети од риба почна туристичката сезона во Дојран
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Нов Дојран на Ризницата ?
|