Прејди на содржината

Виктор Донт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виктор Д`Онт
Роден(а)20 ноември 1841(1841-11-20)
Починал(а)30 мај 1901(1901-05-30) (возр. 59)
Националност Белгија
Занимањеправник, адвокат, математичар

Виктор Д'Онт (Victor D’Hondt [1], 20 ноември 184130 мај 1901) бил белгиски адвокат, професор по граѓанско право и математичар. Во 1878 година развил метод за распределба на пратеничките мандати за време на повеќепартсиките избори. Тој метод, који благо ги фаворизира посилните партии наспроти послабите, според него бил наречен Д`Онтов метод или “модел на најголеми количници“.

Д'Онтовиот метод се користи на парламентарните избори во земјите како што се: Аргентина, Австрија, Белгија, Бугарија, Велс, Еквадор, Израел, Исланд, Јапонија, Колумбија, Унгарија, Македонија, Парагвај, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Финска, Холандија, Хрватска, Чешка, Чиле, Шкотска и Шпанија.

Забелешка

[уреди | уреди извор]
  1. Victor D’Hondt понекогаш погрешно се пишува како Victor d’Hondt; на фламански, буквата “D“ пред презимето секогаш се пишува како голема буква.