Прејди на содржината

Возач (филм од 2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Возач“
РежисерЕдгар Рајт
Продуцент
СценаристЕдгар Рајт
Главни улоги
МузикаСтивен Прајс
КинематографијаБил Поуп
Монтажа
  • Пол Маклис
  • Џонатан Амос
Дистрибутер
Премиера28 јуни 2017 (2017-06-28) (САД и ОК)
Времетраење113 минути[2]
Земја
Јазиканглиски
Буџет34 милиони долари[4]
Бруто заработка226.9 милиони долари[5]

Возач (англиски: Baby Driver) — криминалистички филм од 2017 година, во режија и по сценарио на Едгар Рајт. Главните улоги во филмот ги играат Ансел Елгорт, Кевин Спејси, Лили Џејмс, Еиза Гонсалес, Џон Хам, Џејми Фокс и Џон Бернтал. Заплетот го следи Бејби, вљубеник во музиката, кој е принуден да работи како возач за една криминална организација.

Возач бил нашироко издаден на 28 јуни 2017 година од Sony Pictures во светски рамки и од TriStar Pictures во САД.[6][7] Во Македонија филмот започнал да се прикажува на 24 август 2017 година. Филмот добил критичко признание, со особени пофалби за сценариото, режијата, изведбата на улогите, саундтракот и акционите сцени, и бил вброен во најдобрите десет филмови за 2017 година од страна на националниот одбор за реценција на филмови. Возач имал комерцијален успех, заработувајќи преку 226 милиони долари на светско ниво, во споредба со буџетот од 34 милиони долари. Филмот добил бројни номинации, вклучително три номинации за Оскар на 90. доделување на наградите и тоа за најдобра монтажа на звук, најдобро миксање на звук и најдобра монтажа, две номинации за наградите кои ги доделуваат филмските критичари, две номинации за наградите БАФТА, како и номинација за Златен глобус за најдобар глумец во мјузикл или комедија за Елгорт.

Шефот на Едгар Рајт на Меѓународниот стрип-кон во Сан Диего 2013
Едгар Рајт во 2013 година

Бејби е возач за бегство после грабежи. Кога тој бил дете, неговите родители загинале во сообраќајна несреќа а тој добил зуење во ушите, кое го блокира со слушање на музика на своите ајподи. Tој пренесува групи на разбојници собрани од генијалецот за кражби, Док, за да го исплати долгот кој го има кон Док. Во слободното време, тој создава ремикси од делови од разговори кои тој ги снима, и се грижи за својот глув очув Јозеф. Тој се запознава со Дебора, која е келнерка и тие започнуваат врска.

Следниот грабеж во кој учествува Бејби тргнува наопаку откако вооружен сведок започува да ја следи групата која ја превезува Бејби, но тој успева да побегне од него и од полицијата. Отплаќајќи го својот долг, Бејби се трга настрана од криминални активности и се вработува како доставувач на пица. Додека Бејби е излезен на состанок со Дебора, Док инсистира тој да се приклучи на следниот грабеж на една пошта, заканувајќи се дека ќе ги повреди Дебора и Јозеф ако одбие.

Бандата се состои од опуштениот Бади, неговата сопруга снајперистка Дарлинг и силеџијата Батс, кој веднаш го замразува Бејби. Додека бандата се обидува да купи нелегално оружје за грабежот, Батс воочува дека дилерите на оружје се всушност полицајци и започнува да пука, убивајќи ги најголемиот дел од нив. Подоцна, Батс го присилува Бејби да вози до ресторанот во кој работи Дебора, незнаејќи за нивната врска, и ќе посака да ја убие неа, но Бејби успева да интервенира да не дојде до тоа.

Док, откривајќи дека дилерите биле полицајци на неговиот платен список, е бесен на неуспешниот договор. Тој се обидува да го откаже грабежот, но Бејби го убедува да продолжат по планот. Бејби се обидува да побегне таа ноќ, надевајќи се дека ќе ја собере Дебора и заедно ќе ја напуштат Атланта. Тој е запрен од Бади и Батс, кои ги откриле неговите снимки и мислат дека е доушник; кога тие и Док ќе ги слушнат неговите снимки, тие ќе се убедат дека тој е невин.

Во текот на грабежот Батс убива чувар. Разочаран, Бејби одбива да ја вози бандата, предизвикувајќи го Батс да го удри. Бејби ја судрува колата во арматура, која го прободува и убива Батс. Бејби, Бади и Дарлинг излегуваат од колата и бегаат од полицијата, која набрзо ја застрелува Дарлинг. Бади го обвинува Бејби за нејзината смрт и се заколнува дека ќе го убие. Бејби краде друга кола и бега до својот стан. Откако го остава Јозеф во дом за нега на стари лица, Бејби вози до ресторанот во кој работи Дебора за да ја собере, но таму го пречекува Бади. Бејби го застрелува Бади и бега со Дебора од полицијата која пристигнува на местото на настанот.

Бејби бара помош од Док, кој првично одбива да му помогне обвинувајќи го него за пропаѓањето на грабежот. Кога Док ќе воочи дека Бејби навистина ја сака Дебора, тој им дава пари и насоки за да излезат од земјата, кажувајќи дека тој исто така некогаш бил во љубовна врска. Преживеаните полицајци од неуспешниот договор за оружје се соочуваат со тројцата во гаражата, но Док ги убива сите. Бади потоа ги пречекува во заседа со украден полициски автомобил со кој го удира и убива Док. Бркотницата помеѓу Бади и Бејби завршува така што Бејби го застрелува Бади во нога, кој паѓа од голема височина во гаражата и умира на лице место.

Бегајќи од Атланта, Бејби и Дебора се запрени од полициска блокада. Дебора е подготвена да се судри во полицијата, но Бејби ја спречува и се предава на полицијата, кажувајќи ѝ дека нејзе не ѝ е местото во светот на криминалот. На неговото судење, Јозеф, Дебора и неколку лица кои Бејби ги спасил за време на кражбите сведочат во негова корист. Бејби е осуден на казна затвор од 25 години, со право на сослушување за условна слобода по отслужени 5 години затвор. Тој добива разгледници од Дебора која ветува дека ќе го чека. Бејби на крајот излегува на слобода, пречекан пред затворот од Дебора, која го бакнува.

  • Ансел Елгорт како Бејби, младо момче љубител на музиката кој работи како возач за бегство после грабежи за банда на ограбувачи на банки[8]
  • Кевин Спејси како Док, мистериозен газда на банда на ограбувачи на банки и генијален криминалец
  • Лили Џејмс како Дебора, млада келнерка и симпатија на Бејби
  • Џејми Фокс како Батс/ Леон Џеферосн, избувлив и бесен член на бандата на Док
  • Џон Хам како Бади/ Џејсон Ван Хорн, поранешен банкар; чест член на бандата на Док
  • Еиза Гонсалес како Дарлинг/ Моника Кастељо, член на бандата на Док и сопруга на Бади[9]
  • Џон Бернтал како Гриф, член на бандата на Док, кој подоцна го исмејува Бејби
  • Мајкл Балзари-Фли како Еди, член на бандата на Док[10]
  • Лени Џун како Џеј Ди, член на бандата на Док
  • Си Џеј Џонс како Јозеф, глувиот очув на Бејби

Продукција

[уреди | уреди извор]
Ансел Елгорт и Лили Џејмс ги добиле главните улоги во филмот.

Сценаристот и режисер Едгар Рајт го замислил филмот уште во 1995 година, кога живеел во Северен Лондон, откако ја слушнал песната „Bellbottoms“ од бендот Jon Spencer Blues Explosion.[11] Рајт замислил грабеж на банка и бркотница со коли во песната, сцена со која всушност започнува филмот.[12] Тој ја прилагодил првата сцена која ја замислил за филмот во 2003 година во музички спот за песната „Blue Song“ на Минт Ројал,[13] во кој Ноел Филдинг игра улога на возач на група на ограбувачи на банки.[14] Други инспирации за филмот, Рајт добил од филмовите Провалник на слобода, Пеколен бран, Касапски кучиња и Жештина.[14]

Филмот бил објавен во јули 2014 година.[15] До јануари 2015 година било објавено дека Ансел Елгорт е во преговори за да ја игра главната улога.[16] На аудицијата од него се барало да синхронизира и да игра на песна по негов избор. Елгорт ја одбрал песната „Easy“ од бендот Комодорс, песна која потоа Рајт ќе ја вметне во филмот.[17]

За Ема Стоун и Мајкл Даглас се шпекулирало дека ќе бидат дел од глумечката екипа во филмот.[18] На 7 мај 2015 година, било објавено дека Лили Џејмс е во преговори за главната женска улога, келнерка и симпатија на ликот на Елгорт.[19][20] На 8 септември 2015 година, било објавено дека Џејми Фокс е во преговори да се приклучи на глумечката екипа.[21] На 20 октомври 2015 година, Џон Хам потпишал да игра еден од негативците во филмот, поранешен банкар кој сега е дел од банда ограбувачи.[20] На 3 ноември 2015 година, било објавено дека Кевин Спејси ја добил улогата на газда на бандата на ограбувачи.[22] На 16 декември 2015 година, Еиза Гонсалес добила улога да игра сопруга на ликот на Хам.[23] Џон Бернтал ја добил улогата на Гриф, уште еден член на бандата, на 23 февруари 2016 година.[24]

Снимањето на филмот, кое се одвивало во Атланта, Џорџија, започнало на 17 февруари 2016 година и завршило на 13 мај.[25][26]

Заработка

[уреди | уреди извор]

Возач остварил заработка од 107.8 милиони долари во САД и Канада и 119.1 милиони долари во другите територии, за вкупна заработка од 226.9 милиони долари, наспроти буџетот од 34 милиони долари.[5]

Во Северна Америка, Возач се очекувало да заработи околу 12–20 милиони долари од 3,150 кина во текот на првите пет на прикажување, со можност да заработи повеќе поради силните реценции.[4] Во првите два дена на прикажување, филмот заработил девет милиони долари.[27] На третиот ден од прикажувањето (петок), филмот заработил 6 милиони долари, зголемувајќи ги петдневните проекции на 27 милиони долари. Филмот ги надминал очекувањата и во првите пет дена заработил 30 милиони долари, завршувајќи на второто место по големина на заработка, зад Подлиот јас 3 (72.4 мил. долари). Ова било најдобро отворање на бокс-офисот во кариерата на Рајт, надминувајќи ја заработката од 10,6 милиони долари на филмот Скот Пилгрим против светот во 2010 година.[28] Во вториот викенд на прикажување, Возач заработил 13 милиони долари (пад од 36.7%), завршувајќи на третото место по големина на заработка, зад Човек-пајак: Враќање дома и Подлиот јас 3;[29] во третиот викенд на прикажување филмот заработил 8.8 милиони долари, завршувајќи четврти.[30] Возач бил повторно издаден во 1,074 кина на 25 август и заработил 1.2 милиони долари.[31]

Продолжение

[уреди | уреди извор]

На 5 декември 2017 година, Рајт потврдил дека Sony Pictures сака да направи продолжение на Возач, на кое тој планира да биде сценарист.[32]

  1. „Baby Driver“. South by Southwest. Архивирано од изворникот на 11 март 2017. Посетено на 31 јануари 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Baby Driver“. BFI. Посетено на June 28, 2017.
  3. Sweney, Mark (July 21, 2017). „Big-budget films receive increase in tax relief to almost £600m“. The Guardian.
  4. 4,0 4,1 'Despicable Me 3' To Own Crowded Independence Day Weekend Stretch – Box Office Preview“. Deadline.com. 27 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2017.
  5. 5,0 5,1 „Baby Driver (2017)“. Box Office Mojo. Посетено на October 31, 2017.
  6. 'Baby Driver' Baby out in the UK“. The Sun (United Kingdom). 3 јули 2017. Архивирано од изворникот на 3 јули 2017.
  7. „Baby Driver: UK release date, cast and film details“. 2017-04-24.
  8. 'Baby Driver' Character Descriptions Revealed; Jon Bernthal Joins Edgar Wright's New Film“. Collider (англиски). 23 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 11 март 2017. Посетено на 15 јануари 2017.
  9. „Eiza Gonzalez Joins Ansel Elgort in Edgar Wright's 'Baby Driver'. Архивирано од изворникот на 4 мај 2016. Посетено на 12 мај 2016.
  10. Hewitt, Chris. „Baby Driver Trailer Breakdown With Edgar Wright“. Архивирано од изворникот на 13 март 2017.
  11. Предлошка:Cite AV media notes
  12. Phull, Hardeep (29 June 2017). „How a New York band inspired 'Baby Driver' 20 years ago“. New York Post. Посетено на 2 December 2017.
  13. „Video Archives: Blue Song ~ Mint Royale – dir. Edgar Wright (2003)“. Edgar Wright Here. 28 август 2009. Архивирано од изворникот на 20 декември 2016. Посетено на 15 јануари 2017.
  14. 14,0 14,1 „Edgar Wright Makes a Triumphant Return at SXSW with Baby Driver“. Vanity Fair. 2017-03-12. Посетено на 27 September 2017.
  15. Fleming Jr, Mike (22 јули 2014). „Comic-Con: Off 'Ant-Man' Hill, Edgar Wright Sets Sights On 'Baby Driver'. Deadline.com. Архивирано од изворникот на 26 јануари 2015. Посетено на 14 јануари 2015.
  16. Kroll, Justin (13 јануари 2015). „Edgar Wright's 'Baby Driver' Eyes Ansel Elgort; Sony to Release“. variety.com. Архивирано од изворникот на 15 јануари 2015. Посетено на 14 јануари 2015.
  17. Milzoff, Rebecca. „Ansel Elgort Breaks Out With 'Baby Driver' and a Frank Ocean-Approved Singing Career: 'I'm Hopefully Going to Pull It All Off'. Billboard. Посетено на 27 September 2017.
  18. Allen, Clark (12 јануари 2015). „Ansel Elgort Boards Edgar Wright's Next Film, "Baby Driver". tracking-board.com. Архивирано од изворникот на 6 април 2015. Посетено на 14 јануари 2015.
  19. Kroll, Justin (7 мај 2015). „Lily James to Co-Star in Edgar Wright's 'Baby Driver'. variety.com. Архивирано од изворникот на 10 мај 2015. Посетено на 8 мај 2015.
  20. 20,0 20,1 Kroll, Justin (20 октомври 2015). „Jon Hamm Joins Edgar Wright's 'Baby Driver'. hollywoodreporter.com. Архивирано од изворникот на 23 октомври 2015. Посетено на 21 октомври 2015.
  21. Jaafar, Ali (8 септември 2015). „Jamie Foxx In Talks To Board Edgar Wright's 'Baby Driver'. Deadline.com. Архивирано од изворникот на 9 септември 2015. Посетено на 10 септември 2015.
  22. Fleming Jr, Mike (3 ноември 2015). „Kevin Spacey Joining 'Baby Driver' & 'Billionaire Boys Club'. Deadline.com. Архивирано од изворникот на 7 ноември 2015. Посетено на 11 ноември 2015.
  23. Kroll, Justin (16 декември 2015). „Eiza Gonzalez Joins Ansel Elgort in Edgar Wright's 'Baby Driver'. Variety. Архивирано од изворникот на 25 февруари 2016. Посетено на 16 февруари 2016.
  24. Fleming Jr, Mike (23 февруари 2016). „Jon Bernthal Joins Edgar Wright's 'Baby Driver' Ensemble“. Deadline.com. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2016. Посетено на 24 февруари 2016.
  25. „Edgar Wright's 'Baby Driver' Off and Running“. www.yahoo.com. Архивирано од изворникот на 2 јуни 2016. Посетено на 17 мај 2016.
  26. „Baby Driver: Filming Wraps on Edgar Wright's New Film“. Collider (англиски). 16 мај 2016. Архивирано од изворникот на 17 мај 2016. Посетено на 17 мај 2016.
  27. 'Baby Driver' Dings 'Transformers' For Thursday Top Spot With $3.3M; 'Wonder Woman' Whips 'Batman V. Superman'. Deadline.com. 30 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 4 јули 2017.
  28. 'Baby Driver' Speeds To $27M+; Ferrell & Poehler's 'House' Burns Down As 'Despicable Me 3' Dominates“. Deadline.com. 1 јули 2017. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2017.
  29. D'Alessandro, Anthony (10 јули 2017). 'Spider-Man: Homecoming' Still Swinging In As Sony's Second Best Domestic Opening Ever With $116M-$118M“. Deadline.com. Архивирано од изворникот на 7 јули 2017.
  30. 'War For The Planet Of The Apes' Loots $56.5M In Box Office Spoils“. Deadline.com. Архивирано од изворникот на 16 јули 2017. Посетено на 16 јули 2017.
  31. D'Allesandro, Anthony (August 25, 2017). „The Hitman's Bodyguard' Tries To Deflect Hurricane Harvey & Mayweather-McGregor“. Deadline.com.
  32. Hall, Jacob (December 5, 2017). 'Baby Driver' Sequel "Being Hammered Out," Edgar Wright Plans to Write the Screenplay“. /Film. Посетено на December 6, 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]