Гамајун
Изглед
Гамајун е легендарна претскажувачка од источнословенскиот фолклор, замислена е како голема птица, со преубав глас, со глава и лице на преубава жена која живее на остров во близина на ириј (рај). Гласничка е на богот Велес, со пеење ги пренесувала божјите пораки и ја претскажува иднината за оние кои можат да ја слушнат. Зне се за создавањето на небото и земјата, боговите, херите и луѓето, чудовиштата, животните и птиците. Кога лети од исток донесува силна и смртоносна бура. Слична е на митските птици Сирин и Алконост.
Гамајун во хералдика
[уреди | уреди извор]Рајската птица Гамајун е застапена и во руската Хералдика како симбол на мирот, благосостојбата, богатството и напредокот.
-
Грб на Смоленската област од 1998 г.
-
Грбна Михајловск (Свердловска област)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- http://russianmyth.ru/gamayun/
- http://bestiary.us/gamaun.php
- http://zoroastrian.ru/node/771Архивирано на 24 ноември 2012 г.
- http://godsbay.ru/slavs/gamayun.html
- http://www.newacropol.ru/activity/volonter/ecology/birds/stbirds/