Гванахуато
Гванахуато или Гуанахуато[1](шпански: Estado de Guanajuato) — сојузна држава во Мексика. Се наоѓа во централниот дел на земјата. Има површина од 30,491 км2 и брои 4,893,812 жители (попис од 2005).
На север се граничи со државите Закатекас и Сан Луис Потоси, на запад со Халиско, на југ со Мичоакан, и на исток со Керетаро.
Поради богатството на рудата сребро, Гванахуато била една од првите области која Шпанците ја колонизирале во 1520-те. И денес некои од месните рудници се рекордери по производство во светот. Покрај сребро, се експлоатира и цинк, злато, бакар, олово и опал.
Гванахуато е една од економско најразвиените сојузни држави во Мексико, чиишто стапки на раст редовно го надвишуваат националниот просек.
Главен град е Гванахуато, додека најголем град е Леон. Сојузната држава Гванахуато е основана во 1824 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Правопис на македонскиот јазик (II. изд.). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. 2017. стр. 286. ISBN 978-608-220-042-2.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјален портал на Гванахуато (шпански)
Оваа статија Мексико е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|