Прејди на содржината

Голем сетски мост

Координати: 34°23′54″N 133°48′36″E / 34.39833° СГШ; 133.81000° ИГД / 34.39833; 133.81000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Голем сетски мост
|瀬戸大橋 (Сето охаши)
Големиот сетски мост од Хомшу (лево) преку островите Хицуишиџима и Јошима кон Шикоку
Координати34°23′54″N 133°48′36″E / 34.39833° СГШ; 133.81000° ИГД / 34.39833; 133.81000
Носи4 ленти Експресен пат Сето-Чуо (горе)
2 железнички пруги (доле)
ПреминуваВнатрешно Јапонско Море
МестоХоншу и Шикоку
ОдржувачОбвластеништво за мост „Хоншу-Шикоку“
Особености
ВидДвокатен мостовен систем
Вкуп. должина13,1 км
Историја
Отворен1988
Местоположба
Карта

Големиот сетски мост (瀬戸大橋, Сето Охаши)[1][2] ― низа на двокатни мостови што ги поврзуваат префектурите Окајама и Кагава во Јапонија преку низа од пет мали острови во Внатрешното Јапонско Море. Изграден во периодот 1978-88 година, тој е еден од трите правци на Проектот за мост Хоншу-Шикоку што ги поврзува островите Хоншу и Шикоку и единствен што носи железнички сообраќај. Вкупната должина е 13,1 км, а најдолгиот распон, мостот Минами Бисан-Сето, е 1.100 м.

Премин преку мостот трае околу 20 минути со автомобил или воз. Преминувањето со траект пред изградбата на мостот траела околу еден час.

Мостовите носат две ленти за автопатски сообраќај во двете насоки (експресниот пат Сето-Чуо) на горниот кат и една железничка пруга во двете насоки (линија Сето-Хаши) на долниот кат. Долниот кат бил дизајниран да смести дополнителен сет на шинкансенски патеки за предложено продолжување на шинкансени до Шикоку.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Зелено: Голем сетски мост
Жолто: Експресен пат Кобе-Аваџи-Наруто
Црвено: Експресен пат Нишисето

Кога во 1889 година била завршена првата железничка пруга во Шикоку - помеѓу Маругаме и Котохира, член на префектурниот парламент, Џиноџо Окубо (大久保諶之丞, Окубо Џиноџо, 1849–1891), изјавил во својот говор на свеченото отворање: „Четирите покраини во Шикоку се како многу оддалечени острови. Ако се обединат со патишта, ќе им биде многу подобро, уживајќи во придобивките од зголемениот превоз и полесна комуникација едни со други“.

Додека бил потребен еден век за оваа визија за мост преку Внатрешното Јапонско Море да стане реалност, друга идеја на Окубо, спомената во песната за пиење што ја составил, била остварена дваесет години поскоро:

Јас ќе ти кажам, драги, не ми се смеј,
сто години од сега, јас ќе те гледам
како леташ до Месечината и назад во вселенски брод.
Неговото пристаниште, дозволете ми да ви кажам, драги,
ќе биде тој планински врв таму!

Идејата за мостот била во мирување околу шеесет години. Во 1955 година, откако 171 живот бил загубен кога ферибот потонал во густа магла кај брегот на Такамацу, неопходно бил баран побезбеден премин. До 1959 година, биле одржани состаноци за промовирање на изградбата на мостот. Научниците започнале истраги набргу потоа, а во 1970 година било отворено Градежното обвластеништво на мостот Хоншу-Шикоку. Сепак, работата била одложена пет години од „нафтениот шок“ од 1973 година; откако бил објавен Извештајот за оцена на животната средина во 1978 година, започнала изградбата. Катастрофата со траектите, исто така, довела до создавање на мостот Акаши Кајкјо.

Проектот траел десет години и чинел 7 милијарди долари на САД; 3.646 милиони кубни метри бетон и 705.000 тони челик биле користени во градежништвото. Иако биле користени мрежи, јажиња и други безбедносни мерки, животите на 13 работници биле загубени во текот на 10-те години од изградбата. Мостот бил отворен за патниот и железничкиот сообраќај на 10 април 1988 година.

Составни мостови

[уреди | уреди извор]
Мост Шимоцуи-Сето.
Мост Хицуишиџима (во далечина) и мост Ивакуроџима (во близина).
Мостот Кита Бисан-Сето гледан од островот Јошима.
Мостот Минами Бисан-Сето (во близина) и мостот Кита Бисан-Сето (во далечина).
Панорамски поглед од северната страна.

Шест од единаесетте мостови се одделно именувани, за разлика од некои други комплекси со долги мостови, како што е мостот Сан Франциско-Оукланд Беј. Останатите пет мостови се вијадукти.

Збратимени мостови

[уреди | уреди извор]
Плоча што го означува пријателството „Братски мост“ помеѓу Големиот сетски мост и мостот Голден Гејт во Сан Франциско, Калифорнија, Соединетите Држави.
  1. „英語表記のガイドライン(香川県)“ [English Guidelines (Kagawa Prefecture)]. 香川県 (Kagawa Prefecture). Посетено на 6 август 2021.
  2. „Сето-Охаши“ е поим користен на пример Гугл Карти.
  3. „北陸新幹線の新大阪駅、その先をどうするか“. ITmedia ビジネスオンライン (јапонски). Посетено на 6 август 2021.
  4. (јапонски). JB本四高速 (Honshu-Shikoku Bridge Expressway Company). Пристапено на 6 август 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]