Градски стадион Тетово
Фудбалски Стадион Тетово | |
---|---|
Место | Тетово, Македонија |
Изграден | 1980 |
Отворен | 26 јули 1981 |
Сопственик | Општина Тетово |
Оператор | Еколог Интернешнл |
Подлога | Трева |
Игра | ФК Шкендија (1992-во тек) |
Гледачи | 15.000 |
Стадион Тетово во Тетово е повеќенаменски стадион во Тетово, Република Македонија. Моментално најмногу се користи за фудбалски натпревари. Има сместивост од 15.000 гледачи.
Историја
[уреди | уреди извор]Стадионот е отворен во 1981 година и до 2016 година се викал Градски Стадион Тетово.
Во март 2015 година, бил потпишан договор помеѓу ФФМ и Општината Тетово за реконструкција на стадионот како дел од проектот на УЕФА, „Хет-трик 4“.[1][2] Подновувањето на стадионот започнало во април 2015 година.[3][4]
Во јули 2016 година, Еколог Интернешнл, сопствениците на ФК Шкендија, го зедоа Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на општина Тетово и се обврзаа да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Теренот е преименуван во Еколог Арена под договорот за концесија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Потпишан договорот за реконструкција: Тетово ќе добие модерен стадион за ноќни мечеви sportmedia.mk 10 март 2015
- ↑ Потпишан договорот за реконструкција на Градскиот стадион во Тетово Архивирано на 3 април 2015 г. ekipa.mk 10 март 2015
- ↑ Стартуваше реконструкцијата и на стадионот во Тетово Архивирано на 20 април 2015 г. ekipa.mk 16 април 2015
- ↑ По Битола, и во Тетово започнаа градежните работи на стадионот Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 16 април 2015
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на стадионот на worldfootballtravel.com Архивирано на 4 август 2017 г. (англиски)
- Македонски фудбал (англиски)
- Официјално мрежно место на ФФМ