Прејди на содржината

Дилан Тенс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дилан Тенс
Тенс на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело имеДилан Тенс
Роден1 март 1992(1992-03-01)(32 г.)
Дист,  Белгија
Висина1,81 м[1]
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубИзраел-Премиер Тек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување[2]
Аматерски клубови
2011–2013
2014
2014
Јонг Вландерен-Баукнехт
БМЦ Дивилопмент Тим
Ванти-Груп Гобер (стажант)
Професионални клубови
2015–2018
2019-2022
2022-
Ванти-Груп Гобер
Бахреин-Мерида
Израел-Премиер Тек
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2019, 2021)

Етапни трки

Трка околу Полска (2017)
Тур де Валони (2017)
Арктичка трка на Норвешка (2017)

Еднодневни трки и класици

Флеш Валон (2022)
Последна промена
25 ноември 2022

Дилан Тенс (холандски: Dylan Teuns; р. 1 март 1992) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Израел-Премиер Тек.[3]

Роден во Дист во Фламански Брабант, Тенс живее во Хален во Лимбург.[1]

БМЦ Рејсинг Тим (2015–18)

[уреди | уреди извор]

Првично се приклучил на екипата како стажант[1] пред да биде објавен како дел од составот на екипата за сезоната 2015.[4] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016[5] и во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[6]

Во јули 2017 година, Тенс победил на Тур де Валони, воедно освојувајќи две етапи и бодовниот пласман.[7] Потоа, Тенс го освоил генералниот пласман на Трката околу Полска. Следниот месец ја освоил Арктичката трка на Норвешка, освојуваќи две етапи и бодовниот пласман.

Бахреин-Мерида (2019–2022)

[уреди | уреди извор]

По четири години со Ванти-Груп Гобер, Тенс објавил дека ќе се приклучи на Бахреин-Мерида за сезоната 2019.[8] Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[9] Тенс ја освоил шестата етапа на трката претекнувајќи го возачот од бегството Џулио Чиконе на врвот на Ла Планш де Бел Фил.[10]

Во текот на Тур де Франс 2021, Тенс ја освоил својата втора етапна победа на Тур де Франс, освојувајќи ја осмата етапа на трката.[11] На последното искачување на денот, Кол де ла Коломбиер, Тенс го достигнал соло-предводникот Мајкл Вудс и на крајот го претекнал на врвот на качувањето. Зад Тенс, Тадеј Погачар нападнал од главната група и ги бркал возачите пред него.[12] Погачар се доближил на 15 секунди зад Тенс, но не ризикувал да го достигне на влажните патишта до Ле Гран-Борнан.[13]

Откако настапил на етапните трки Волта а ла Комунитат Валенсијана и Волта а Каталуња во првата четвртина од сезоната 2022,[14][15] фокусот на Тенс се префрлил на класиците. Откако зел места меѓу првите десет на Трката околу Фландрија (шести),[16] Амстел Голд Рејс (десетти),[17] и Брабантсе Пејл (осми),[18] Тенс ја освоил својата прва победа на еднодневна трка, на Флеш Валон.[19] Тенс го направил потегот на последното искачување на Мур де Хуј и успеал да се одржи пред петкратниот победник на трката Алехандро Валверде да стане прв Белгиец кој ја освоил трката по Филип Жилбер во 2011.[20][21]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2009
6. Трка околу Фландрија за јуниори
2010
1. Омлоп Хет Ниусблад за јуниори
2012
4. Краен пласман Ронд де л’Изар
2013
1. Етапа 1 Триптих Арден
3. Краен пласман Ронд де л’Изар
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
9. Меморијал Ван Конингсло
2014
1. Етапа 5 Тур де л’Авенир
1. Етапа 3 Џиро дела Вале д’Аоста
1. Пласман за млад возач Трка околу Јута
2. Краен пласман Тур де Бретањ
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 3
2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
2. Омлоп Хет Ниусблад под 23 години
2. Пиколо Џиро ди Ломбардија
6. Гран при де Валони
10. Краен пласман Трка околу Британија
2015
1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
3. Класик Волта Лимбург
4. Краен пласман Трка околу Белгија
2016
10. Класик Волта Лимбург
2017
1. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Краен пласман Тур де Валони
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 3
3. Флеш Валон
6. Гран при де Валони
8. Гран при Пино Черами
2018
3. Џиро ди Ломбардија
3. Џиро дел’Емилија
5. Краен пласман Трка околу Полска
6. Краен пласман Париз-Ница
7. Брабантсе Пејл
2019
1. Етапа 6 Тур де Франс
5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
5. Омлоп Хет Ниусблад
6. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 2
9. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
10. Вуелта а Андалусија
2020
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Етапа 5 (ITT)
5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
10. Гент-Вевелгем
2021
1. Етапа 8 Тур де Франс
4. Краен пласман Трка околу Германија
7. Брабантсе Пејл
8. Краен пласман Трка околу Полска
2022
1. Флеш Валон
1. Етапа 1 Тур де Романди
4. Гран при де Валони
5. Краен пласман Трка околу Британија
6. Трка околу Фландрија
6. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
8. Брабантсе Пејл
10. Амстел Голд Рејс

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро 75
Тур 44 17 19
Вуелта 100 33 12

Распоред на резултатите на класиците

[уреди | уреди извор]
Монумент 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо СО 70
Трка околу Фландрија 11 35 6
Париз-Рубе НСО СО
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 31 17 24 20 9 27 34 6
Џиро ди Ломбардија 70 3 СО 37
Класик 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 38 5 18 40
Гент-Вевелгем 90 10
Брабантсе Пејл 40 28 33 7 66 12 7 8
Амстел Голд Рејс 64 18 44 25 64 НСО 33 10
Флеш Валон 13 30 3 30 14 75 32 1

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-13. Посетено на 2017-04-19.
  2. „Dylan Teuns“. BMC Switzerland. Архивирано од изворникот на 2017-07-06. Посетено на 6 април 2015.
  3. Ostanek, Daniel (5 August 2022). „Dylan Teuns leaves Bahrain Victorious for Israel-Premier Tech in shock mid-season transfer“. cyclingnews.com. Cycling News. Посетено на 5 August 2022.
  4. Виндзор, Ричард (17 декември 2014). „BMC announces 2015 squad, with eight new signings“. Cycling Weekly. Посетено на 6 април 2015.
  5. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  6. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 2 мај 2017.
  7. „Tour de Wallonie: Teuns wins final stage and overall“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 26 July 2017. Посетено на 30 July 2017.
  8. „Bahrain Merida Pro Cycling Team“. Merida Bikes. Merida Industry Co., Ltd. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2019. Посетено на 1 јануари 2019.
  9. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  10. Fletcher, Patrick (11 July 2019). „Tour de France: Teuns wins atop La Planche des Belles Filles“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 29 July 2019.
  11. Whittle, Jeremy (3 July 2021). „Tadej Pogacar seizes Tour de France lead as Dylan Teuns takes stage“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 3 July 2021. Посетено на 10 April 2022.
  12. Nicholson, Kit (3 July 2021). „Pogačar takes control of yellow as Teuns wins stage 8 of the Tour de France“. CyclingTips. CyclingTips Media Pty Ltd. Посетено на 10 April 2022.
  13. Marshall-Bell, Chris (3 July 2021). „Tour de France: Dylan Teuns misheard radio, thought he had larger gap that helped him win stage eight“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 10 April 2022.
  14. „Mohorič and Sánchez lead Bahrain Victorious in Valenciana“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 31 January 2022. Посетено на 5 June 2022.
  15. „Bahrain Victorious to Volta a Catalunya“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 20 March 2022. Посетено на 5 June 2022.
  16. „Top Ten Finishes for Dylan Teuns and Fred Wright at Tour of Flanders“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 3 April 2022. Посетено на 5 June 2022.
  17. „Top Ten for Teuns at Amstel Gold Race“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 10 April 2022. Посетено на 5 June 2022.
  18. Ryan, Barry (13 April 2022). „Magnus Sheffield secures solo win at Brabantse Pijl“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 June 2022.
  19. Dabbs, Ryan (20 April 2022). „Dylan Teuns wins first-ever Classic with victory at La Flèche Wallonne“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 5 June 2022.
  20. Ryan, Barry; Weislo, Laura (20 April 2022). „Dylan Teuns wins La Flèche Wallonne“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 June 2022.
  21. Ostanek, Daniel (20 April 2022). „Teuns: It's all or nothing on the Mur de Huy“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 June 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]