Задна самогласка
Изглед
Табела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
Помош за МФА • легенда • табела • табела со звуци • погл. |
Задна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за задната самогласка е тоа што јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека која би ја направила согласка. Понекогаш се нарекуваат и темни самогласки бидејќи оддаваат впечаток како да звучат потемно од предните.[1]
Во македонскиот јазик, задни самогласки се у и о.[2][3] Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве задни самогласки:
- затворена задна незаоблена самогласка [ɯ]
- затворена задна заоблена самогласка [u] (мак. у)
- полузатворена задна незаоблена самогласка [ɤ]
- полузатворена задна заоблена самогласка [o]
- полуотворена задна незаоблена самогласка [ʌ]
- полуотворена задна заоблена самогласка [ɔ] (мак. о)
- отворена задна незаоблена самогласка [ɑ]
- отворена задна заоблена самогласка [ɒ]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Tsur, Reuven (февруари 1992). The Poetic Mode of Speech Perception. Duke University Press. ISBN 0-8223-1170-4.
- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 60.
- ↑ Кепески како задна ја наведува и „а“.