Идиот (роман)
Цртеж и ракописен текст од Фјодор Достоевски | |
Автор | Фјодор Достоевски |
---|---|
Изворен наслов | Идиот[1] |
Земја | Русија |
Јазик | руски |
Жанр | роман |
Издадена | 1869 |
Медиум | печатено |
Претходна | Коцкар |
Следна | Бесови |
Идиот (руски: Идиот) е роман на Фјодор Достоевски. Романот бил за првпат објавен како серија во списанието „Руски весник“ во периодот меѓу 1868 и 1869 година. Покрај некои други дела на Достоевски, „Идиот“ се смета за едно од најголемите книжевни достигнувања на „златната ера“ на руската книжевност. Книгата е преведена на повеќе светски јазици, меѓу кои и на македонски.
Вовед
[уреди | уреди извор]Овој роман го напишал во странство, надвор од својата обожавана и проколнувана Русија, истовремено соочувајќи се со еден од најтешките периоди во својот живот – изгубил многу пари на рулет (неговата најголема страст) и западнал во големи долгови, но за да биде судбината уште посурова – неговата тримесечна ќерка Софија (Соња) умрела на тримесечна возраст. Можеби токму затоа во овој роман провејува толкав гнев, најмногу преку ликот на Иполит.[2]
Кнезот Мишкин е епилептичар, како што бил и самиот Достоевски, и страда од постојани напади, иако се лекувал во Швајцарија. Него авторот го претставува како бескрајно добар и детски наивен, со што заслужил другите да го нарекуваат идиот. Тој е синтеза на најпозитивните човечки одлики, со таквите својства се оцртува како лик спротивставен на револуционерно настроената руска младина.[2]
Во “Идиот” повеќе отколку во сите негови дела, е претставена трагичната и невозможна љубов, која е невозможна само поради тоа што самите ликови прават да биде таква. Исто како и во другите негови дела, и во овој брилијантен роман Достоевски ја прикажува разновидноста на човековите карактери (добродушни, горди, надмени, површни...), но и судирот на доброто и злото внатре во самиот човек (ова е најдобро претставено преку ликовите на Рогожин и Настасја Филиповна).[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Идіотъ во оригинал
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Идиот - Фјодор Достоевски на страната на sakamknigi.mk“. Посетено на 2012-10-18.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Идиот - цел текст на англиски
- Идиот на Проектот „Гутенберг“ (Eva Martin translation)
- Идиот - цел текст на руски
Оваа статија за книга е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|