Лава
Изглед
Лавата — составена од стопен материјал кој се наоѓа во внатрешната обвивка и од парчињата кора кои се топат во одредени зони на земјата. Се состои од многу гасови како водена пареа (која обично сочинува малку повеќе од половина вкупните гасови), јаглерод диоксид, сулфурен диоксид, сулфурен водород, хлороводородна киселина, водород и јаглерод моноксид. Сите овие гасови се стопени во магмата благодарение на високиот притисок, но кога излегуваат надвор се ослободуваат како меурчиња од газиран пијалак кога се отвора шишето. Ако лавата излегува брзо, гасот се ослободува со поголема сила и ерупцијата е побурна, а ако излегува бавно гасот се ослободува полека.
Некои од најголемите ерупции во светот
[уреди | уреди извор]Година | Вулкан | Жртви |
---|---|---|
79 п.н.е. | Везув (Италија) | 4000 - 5000 |
1586 | Келут (Индонезија) | 10.000 |
1627 | Везув (Италија) | 5000 |
1783 | Лаки (Исланд) | 9350 |
1792 | Унзен (Јапонија) | 14.300 |
1815 | Тамбора (Индонезија) | 95.000 |
1883 | Кракатао (Индонезија) | 36.400 |
1902 | Пелее (Мартиник) | 29.000 |
1908 | Св. Елена (САД) | 57 |
1982 | Чичон (Мексико) | 1900 |
1985 | Н. дел Руис (Колумбија) | 23.000 |
1986 | ез. Њос (Камерун) | 2000 |
1991 | Пинатубо (Филипини) | 800 |