Прејди на содржината

Ливадски кос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ливадски кос
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Дроздови
Род: Дрозд
Вид: Ливадски кос
Научен назив
Turdus pilaris
Linnaeus, 1758
Turdus pilaris

Ливадскиот кос (науч. Turdus pilaris) е член на семејството дроздови. Се размножува во шумски и во предели со грмушки низ северна Европа и Азија. Таа е птица преселничка, со многу птици што живеат на север, кои се селат зиме на југ.

Гнездат во дрвјата, лежејќи неколку јајца во плетено гнездо. Невообичаено за дроздовите, ливадските косови често гнездат во колонии, можеби за да се заштитат од големите гаврани. Преселничките се собираат во големи јата заедно со лисестиот дрозд. Сештојади се, кои јадат широк спектар инсекти и црви лете, а разни бобинки зиме.

Ливадскиот кос е долг 22-27 см, со чисто кафеав грб, бел под крилјата, со сив заден дел и тил. Градите се светлопортокалови, а останиот долен дел му е бел. Градите и страните се многу точкави. По изглед, половите се слични.

Ливадскиот кос е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae (1758) под името Turdus pilaris.[2]

Видот има широк опсег, на околу 10 милиони квадратни километри, голема популација, со приближно 28-48 милиони единки само во Европа. Според статусот спаѓа во категоријата на најмала загриженост.[1]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Turdus pilaris. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. (латински) Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 168. T. rectricibus nigris : extimis margine interiore apice albicantibus, capite uropygioque cano.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]