Прејди на содржината

Мадона од павилјонот (Ботичели)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мадона и Детето со три ангели
Творец Сандро Ботичели
Година 1493
Димензии 65 см × 65 см; 65 см во пречник
Место Пинакотека Амбросиана, Милано

Мадона и Детето со три ангели или позната како Мадона од павилјонот ((италијански: Madonna del Padiglione) е слика од италијанскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели, создадена околу 1493 година. Денес е сместена во Пинакотека Амбросијана во Милано.[1].

Богородица е портретирана како држи книга на градите и му гестикулира на Детето. Ангелите ја повлекуваат драперијата на павилјонот. Заедно, книгите и отворената драперија означуваат откровение, дека старозаветното пророштво е исполнето при раѓањето на Христос, дете на Богородица.

Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.