Мајоран
Мајоран | |
---|---|
Безбеден
| |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Lamiales |
Семејство: | Lamiaceae |
Род: | Origanum |
Вид: | O. majorana |
Научен назив | |
Origanum majorana Л.[1] |
Мајоранот или Origanum majorana е многугодишно растение и полугрмушка со вкус на сладок бор и цитрус. Се нарекува и сладок мајоран, јазлест мајоран и Majorana hortensis.
Името мајоран (старофранцуски majorane, средновековен латински majorana) не води директно потекло од латинскиот збор maior (главен).[2]
Мајоранот се одгледува поради своите ароматични листови, свежи или суви, за кулинарски потреби; врвовите од растението се сечат кога растението цвета и се сушат полека на сенка. Често се користи во комбинација со зачините Herbes de Provence и Za'atar.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Мајоранот се одгледува поради ароматичните листови, кои се користат при готвење, свежи или суви. Листовите се сечат кога растението почнува да цвета, и се сушат во сенка. Во кулинарството често се користи во комбинација со други ароматични тревки при подготовка на супи, чорби, сосови, или за чај,[3] а се користи и за подготовка на есенцијално масло. Содржи многу хемиски компоненти, меѓу кои борнеол, камфор и пинен. Може да се одгледува во градина или во саксија.
Како зачин најчесто се користи при подготовка на јагнешко месо, јадења од сирење, а се додава и при подготовка на домашните колбаси.[4]
Етерично масло од мајоран
[уреди | уреди извор]Етеричното масло од мајоран се користи како аналгетик, анафродизијак, антиепилептик, антиоксиданс, антиспазмотик, антисептик, диуретик, седатив, и друго. Маслото може да се употреби преку инхалација, бањање, масажа, или да се стави директно на отоци. Се користи за намалување на болка, подобрување на варењето, има антихипертензивно дејство, и го зајакнува нервниот систем и друго.[5] Како хомеопатски лек се користи против женски болести.
Во големо количество може да предизвика наркотична состојба со појава на халуцинации.
Сродни видови
[уреди | уреди извор]- Обично оригано - се нарекува и див мајоран. Има посилен вкус.
- Origanum onites - критско оригано. Има слична употреба како и мајоранот.
- Француски мајоран - хибрид на мајоранот со обичното оригано, поотпорно на ладно, но помалку слатко.
- Origanum pulchellum.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Origanum majorana information from NPGS/GRIN“. www.ars-grin.gov. Посетено на 2008-03-08.
- ↑ Marjoram, Online Etymology Dictionary, Douglas Harper, November 2001
- ↑ „Мајоран, лек за желудник“. panacea.mk.
- ↑ Зачин, мајоран
- ↑ Етерични масла