Ненси Вејк
Ненси Вејк | ||
Nancy Wake (1945).jpg | ||
Роден на | 30 август 1912 | |
Роден во | Велингтон, Нов Зеланд | |
Починал на | 7 август 2011 | |
Починал во | Лондон, Обединето Кралство | |
Ненси Вејк (англиски: Nancy Wake; Велингтон, 30 август 1912 — Лондон, 7 август 2011) една од најодликованите сојузнички шпионки од Втората светска војна. Меѓу гестаповците била позната под името Бел глушец. Била една од најтражените лица на списокот на Гестапо, а за нејзината глава понудена е награда од пет милиони франци.[1]
Според зборовите на тогашната австралиска премиерка Џулија Гилард, која прва ја известила јавноста за нејзината смрт, „извонредната храброст и снаодливост на Ненси Вејк и нејзините дрски подвизи спасиле животи на стотина припадници на сојузничкот екипаж и помогнале да се заврши нацистичката окупација на Франција”.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ненси Вејк е родена како Ненси Грејс Аугуста Вејк во 1912 година во Велингтон, главен град на Нов Зеланд. Кога имала само две години нејзиното семејство се преселило во Сиднеј Австралија. Со само 16 години побегнала од дома исе вработила како медицинска сестра, а на 19 успеала да го оствари својот сон и да отиде во Европа. Студирала новинарство во Лондон и потоа била известувач за Чикаго трибјун од Париз.[2] Во Франција се омажила за Хенриј Едмунд, богат француски индустријалец, со кој живеела во Марсеј.[1]
Уште во 1933 година, кога во Виена го интервјуирала Адолф Хитлер, се посветила на борбата против растечкиот нацизам и се заветила дека ќе се бори против прогонот на Евреите. Кога во 1939 године е објавен почетокот на Втората светска војна Ненси била во Лондон. Се пријавила за борба, но ја упатиле да работи во кантина во морнарицата и воздушните сили, што ја примила со гадење.[3] Затоа се вартила во Франција и Веднаш се активирала во Движењето на отпорот, како саботерка и шпионка. Ги сокривала и криумчарила мажите од Франција, пренесувала намирници и фалсификувани документи, воспоставувала рути за бегство и саботирала германска инфраструктура.[1]
Во 1943 година била принудена , преку Шпанија, да побегне во Лондон, каде се приклучила на британската разузнавачка служба и поминала обука за шпионажа и саботажа. Од таму се вратила во Франција како службена шпионка.[1] и станала еден од водачите на Движењето на отпорот во деновите пред истоварањето на сојузниците во Нормандија.[2]
Кога по ослободувањето се вратила во Марсеј, дознала дека сопругот и е мртов. Набргу штом таа си заминала од градот, го фатиле Гестапо. Го затвориле, мачеле и на крај го убиле, затоа што не сакал да открие каде се наоѓа таа. Себе се обвинувала за неговата смрт. До крајот на војната останала верна на својот маж.[3] Подоцна повторно се омажила за британскиот воен пилот Џон Форвард со кој во брак била 30 години, сè до неговата смрт во 1997 година.[1] Со него заминала во Австралија, некое време се занимавала со политика, а потоа се вратила во Велика Британија каде се пензионирала во 2001 година.[3] Није имала деце.[2]
Починала во старачки дом во Лондон во 2011 година. Оваа вест ја соопштила тогашната премиерка на Австралија Џулија Гилард.[2] По сопствена желба нејзиниот пепел е истурен во Монлисон во централна Франција, каде во 1944 година го предводела нападот на локалниот штаб на Гестапо.[1]
Воени активности
[уреди | уреди извор]Штом британските разузнавачи ја обучиле за шпионажа и саботажа, Ненси Вејк обучила и предводела 7.000 борци на француското Движење на отпорот. Главна цел на нејзините дејствија било слабеење на германската одбрана во очи на сојузничкиот истовар во Нормандија, во 1944 година. Дистрибуирала оружје, пари и шифрарници по окупираната Франција.[2]
Никогаш не била фатена, поради што се искачила на првото место на гестаповскиот список на најбарани одметници. Нејзината глава е уценета на пет милони француски франци. Делувала под различни псевдоними, но најпозната е по прекарот Бел глушец, кои и го дале Германците поради нејзините способности секогаш да ги избегне нивните стапици. Дел од успехот на оваа шпионка лежел во нејзиниот заносен изглед. Нејзините надредени сметале дека не е совршен таен агент и дека нема да потрае долго зад непријателските линии, бидејќи била страсна, импулсивна и привлекувала внимание. Сепак, таа ги демантирала.[3] Според зборовите на нејзиниот биограф Питер Фицсимонс „Германците барале некој ко ј е како нив - агресивен, наоружан - а таа во тоа не се вклопувала”.[2] Иако била во постојано бегање и извршувала најтешки задачи, никогаш не го занемарувала својот изглед. Фризурата, шминката, елегантната облека и високи потпетици секогаш ја краселе гламурозната и убава Ненси. Кога зборувал за неа, еден нејзин колега ја опишал со зборовите: „Таа е најженствената жена која ја познавам, до моментот кога почнува борбата. Тогаш станува како пет мажи.”[1]
За своето делување во текот на војната Ненси Вејк во една прилика изјавила:[4]
Одликувања и почести
[уреди | уреди извор]За своите заслуги во текот на Втората светска војна ги добила најголемото француско воено одликување, Националниот орден на Легијата на честа, три воени крста и медал на Движењето на отпорот.[1] Во Соединетите Американски Држави го добила Медалот на слободата, во ВеликаБританија Џорџовиот медал, а одликувана е и во Австралија.[2]
Нејзиниот живот бил инспирација на писателот Себастијан Фолкс за книгата Шарлот Греј, по која е снимен истоимениот филм[5] у ком насловну улогу тумачи Кејт Бланчет.[3]
Список на одликувања на Ненси Вејк
[уреди | уреди извор]Одликување | Држава | Опис | Датум на врачување | Напомени |
---|---|---|---|---|
Австралија | Орден на Австралија (Order of Australia) | 22 февруари 2004 | Признание за значаен придонес и залагање во текот на војната [6] | |
Обединето Кралство | Џорџов медал (George Medal) | 17 јули 1945 | За посебни операции во Франција[7][8][9] | |
Обединето Кралство | Ѕвезда 1939—1945 (1939–1945 Star) | [10] | ||
Обединето Кралство | Француска и Германска ѕвезда | [11] | ||
Обединето Кралство | Медал за одбрана | [11] | ||
Обединето Кралство | Воен медал 1939–1945 | [11] | ||
Република Франција | Витез на Легија на честа | 1970 | [12] | |
Република Франција | Офицер на Легија на честа | 1988 | [12] | |
Република Франција | Француски Воен крст | со две палми и ѕвезда[12][13] | ||
Република Франција | Медал на Движењето на отпорот | [14] | ||
Соединети Американски Држави | Медал на слободата | са бронзаном палмом (за заслуге током Другог св. рата додељено је само 987)[15][16] | ||
Нов Зеланд | Златна значка | 15 ноември 2006 | [17] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Ovo lepo lice je značilo SMRT ZA NACISTE“. Blic. 31 август 2016. Посетено на 17 ноември 2019.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Umrla neuhvatljiva saveznička špijunka Nensi Vejk“. Глас јавности. 9 август 2011. Посетено на 17 ноември 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Stojanov, Ivana. „Seksi partizanka: Naciste je ubijala golim rukama, a glava joj je bila ucenjena na pet miliona“. Noizz news. Noizz. Посетено на 17 ноември 2019.
- ↑ „Umrla fatalna saveznička špijunka Nensi Vejk“. e-Novine. 8 август 2011. Архивирано од изворникот на 13 октомври 2019. Посетено на 17 ноември 2019.
- ↑ „Charlotte Gray“. IMDb. Посетено на 17 ноември 2019.
- ↑ „WAKE, Nancy: Companion of the Order of Australia“. Search Australian Honours. Commonwealth of Australia. 22 февруари 2004. Архивирано од изворникот на 4 јуни 2011. Посетено на 11 јуни 2011.
- ↑ „WAKE, Nancy: George Medal“. Search Australian Honours. Commonwealth of Australia. 17 јули 1945. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2011. Посетено на 11 јуни 2011.
- ↑ Supplement to the London Gazette, 17 July 1945, p. 3676
- ↑ „George Medal : Ensign N G A Wake, First Aid Nursing Yeomanry (Special Operations Executive)“. AWM Collection. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на 2015-02-15. Посетено на 16 февруари 2015.
- ↑ „1939–45 Star : Ensign N G A Wake, First Aid Nursing Yeomanry (Special Operations Executive)“. AWM Collection. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на 2015-02-15. Посетено на 16 февруари 2015.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „France and Germany Star : Ensign N G A Wake, First Aid Nursing Yeomanry (Special Operations Executive)“. AWM Collection. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на 2015-02-15. Посетено на 16 февруари 2015.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 „French Officer of the Legion of Honour : Ensign N G A Wake, First Aid Nursing Yeomanry (Special Operations Executive)“. AWM Collection. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на 2015-02-15. Посетено на 16 февруари 2015.
- ↑ „French Croix de Guerre : Ensign N G A Wake, First Aid Nursing Yeomanry (Special Operations Executive)“. AWM Collection. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на 2015-02-15. Посетено на 16 февруари 2015.
- ↑ „French Medaille de la Resistance : Ensign N G A Wake, First Aid Nursing Yeomanry (Special Operations Executive)“. AWM Collection. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на 2015-02-15. Посетено на 16 февруари 2015.
- ↑ „United States Medal of Freedom : Ensign N G A Wake, First Aid Nursing Yeomanry (Special Operations Executive)“. AWM Collection. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на 2015-02-15. Посетено на 16 февруари 2015.
- ↑ OMSA Info on Medal of Freedom Архивирано на 27 јули 2011.
- ↑ „Nancy Wake presented with Badge in Gold“. RSA Review. Royal New Zealand Returned and Services' Association. децембар 2006. Архивирано од изворникот на 17 јули 2011. Посетено на 11 јуни 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „10 špijunki koje zaslužuju svoje filmske franšize“. Vox feminae. 22 март 2015. Посетено на 20 ноември 2019.
- „Žene lavice: Najhrabrije špijunke u Drugom svetskom ratu“. Press - online media. Press Online. Архивирано од изворникот на 17 ноември 2019. Посетено на 17 ноември 2019.
- Čukić, Tamara (29 мај 2016). „PILOTKINJE, ŠPIJUNKE, OTPORAŠICE One su bile heroine Drugog svetskog rata“. Blic. Посетено на 17 ноември 2019.
- „Njih pet su najbolji špijuni među ženama“. Super žena. b92. 29 мај 2015. Посетено на 17 ноември 2019.