Прејди на содржината

Подвид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Балкански рис — подвид на евроазискиот рис што живее во Македонија

Подвид (кратенка: subsp. или ssp., од лат. subspecies) — таксономски ранг веднаш под видот, или пак таксономска единица од тој ранг. Означува збир од единки со некакви заеднички обележја во рамките на истиот вид.[1] Еден подвидот не може да постои самостојно, туку мора да биде еден од барем два подвида на некој вид (било постоечки или изумрен).

Организмите што припаѓаат на различен подвид на истиот вид можат да се вкрстуваат, но ова е мошне ретко во природата поради географската изолираност или други фактори. Разликите помеѓу подвидовите се најчесто помали од разликите помеѓу самите видови. Особеностите на даден подвид се производ на географската распределба или изолираноста.

Номенклатура

[уреди | уреди извор]

Во зоологијата, „Меѓународниот правилник за зоолошка номенклатура“ (ICZN; IV изд, 1999) го признава само подвидот како единствен ранг подолу од видот.[2] Другите групирања („инфраподвидови единици“) не се вбројани во системот на ICZN и немаат официјален статус, иако се корисни за опишување на altitudinal or geographical клини, раси на домашни миленици, трансгенски животни итн. Подвидовите користат триномна номенклатура (трином) - на видовиот бином му е додава уште еден збор за подвид. Биномот на тигарот е Panthera tigris, а подвидот суматрански тигар има трином Panthera tigris sumatrae.

Бактериологијата исто така официјално признава само подвид, но порасчленетите таксони играат многу важна улога во оваа наука, па затоа правилникот дава препораки за именување со цел да се постигне еднообразност и доследност.

Во ботаниката, подвидот е еден од многуте рангови под видот, како што се вариетет, подвариететот, обликот и подобликот (збирно наречени инфравидови). Пред подвидовото име се става кратенката „subsp.“ или „ssp.“; на пр. Schoenoplectus californicus ssp. tatora (тотора). Сите зборови се пишуваат со закосени букви, освен кратенката „subsp.“ или „ssp.“

Номинотипични и автонимни подвидови

[уреди | уреди извор]

Во зоолошката номенклатура, кога еден вид ќе се раздели на подвидови, изворноопишаниот вид се задржува во улога на „номинотипичен подвид“ [3] или „номинатен подвид“, чиј збор од видот се повторува уште еднаш во подвидот. На пример Motacilla alba alba (скрат. Motacilla a. alba) is the е номинотипичниот подвид на белата тресиопашка (Motacilla alba).

Ова повторување на името во ботаниката се нарекува „автоним“, а подривдот е „автонимен подвид“.

Монотипни и политипни видови

[уреди | уреди извор]

Политипните видови имаат два или повеќе подвида, раси или, повоопштено, популации кои бараат посебно опишување.[4] Овие групи имаат јасни разлики и начелно не се вкрстуваат, но кои тоа слободно би го правеле ако имаат прилика.

Монотипните видови немаат различни популации или раси, туку само една. Монотипијата може да се јави на неколку начини:

  • сите единки од видот се многу слични и не можат разумно да се поделат на биолошки значајни поткатегории.
  • единките значајно се разликуваат, но разликите се произволни и не се пренесуваат генетски.
  • разликите помеѓу единките се забележливи и следат извесна шема, но не постојат јасни граници што ги делат различните групи, т.е. неприметно преоѓаат од една во друга. Ваквите разлики во клините секогаш се показател на мошне обемен проток на гени помеѓу одделните групи што ја сочинуваат популацијата. Популациите со постојат и значаен проток на гени веројатно претставуваат монотипичен вид, дури и ако се забележуваат генетски разлики.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „подвид“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Индекс“ - Меѓународен правилник за зоолошка номенклатура. IV изд. Природонаучен музеј, Лондон. 1 јануари 2000
  3. Меѓународен правилник за зоолошка номенклатура - Став 47 (англиски)
  4. Mayr, Ernst. Populations, Species, and Evolution: An Abridgment of Animal Species and Evolution.
  • Ernst W. Mayr, Peter D. Ashlock: Principles of Systematic Zoology, Mcgraw-Hill College, 1991, ISBN 0-07-041144-1