Пријам (грчки: Πρίαμος = „откупеник“) бил крал на Троја, син на Лаомедонт. Пријам бил крал за време на Тројанската војна. Бил оженет со Хекуба, ќерката на Кисеј. Пријам имал многу деца — 50 синови (од кои 19 законски) и 12 ќерки,[1] меѓу кои најпознати се: Есак (од неговиот прв брак со Аризба), Хектор (првиот син од бракот со Хекаба), Парис, Деифоб, Троил, Касандра, Поликсена, Ликаон, Хелен, и други.[2][3]
Тројанската војна започнала поради грабнувањето на спартанската кралица Елена од Парис. Меѓутоа, Спарта не ја нападнала Троја поради Елена, туку поради богатството (златото). Во ХомероватаИлијада тој е претставен како многу мудар (паметен) крал. Меѓутоа, кога почнала војната, Пријам веќе бил стар, па затоа не учествувал во борбите. Кога грчката војска ја освоила Троја, Пријам бил убиен од Неоптолем (синот на Ахил).[4]