Прејди на содржината

Рики Нелсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рики Нелсон
Нелсон на фотографија за публицитет од Decca Records во 1966
Животописни податоци
Родено имеЕрик Хилард Нелсон
Познат(а) и какоРик Нелсон
Роден(а)8 мај 1940(1940-05-08)
Тинек, Њу Џерси, САД
Починал(а)декември 31, 1985(1985-12-31) (возр. 45)
Де Калб, Тексас, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • глумец
Период на активност1949–1985
ИздавачиVerve, Imperial, London, Renown Records, Decca/MCA, Epic
Мреж. местоrickynelson.com

Ерик Хилард Нелсон (англиски: Eric Hilliard Nelson; 8 мај 1940 – 31 декември 1985) естрадно познат како Рики Нелсон (анг: Ricky Nelson) ― американски музичар и глумец. На осумгодишна возраст, заедно со своето семејство глумел во радио и телевизиската серија Авантурите на Ози и Хариет. Во 1957 година, ја започнал својата успешна пејачка кариера. За да го опишат Нелсон бил за првпат употребен изразот „тинејџерски идол“, а поради неговата музичка и телевизиска популарност добил улога во филм во кој глумел заедно со Џон Вејн, Дин Мартин, Волтер Бренан и Енџи Дикинсон, вестерн филмот од Хауард Хокс, Рио Браво (1959). 54 негови песни се нашле на Billboard Hot 100. Песната „Poor Little Fool“ од 1958 година била прва песна на врвот на тогаш новокреираната топ листа Hot 100 од списанието Билборд.[1] Бил примен во Куќата на славните од рокенролот на 21 јануари 1987 година.

Погинал во авионска несреќа на новогодишната ноќ во 1985 година.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Рики Нелсон е роден на 8 мај 1940 година во Тинек, Њу Џерси.[1] Тој бил втор син на професионалните музичари Ози и Хариет Нелсон.

Рики бил ситно и несигурно дете кое страдало од тешка астма. Продуцентот од Ред Скелтон, Џон Гедел, го опишал како „чудно мало дете“, допадливо, срамежливо, интроспективен, мистериозен и неразбирлив [1] Гедел ја напишал радио комедијата Авантурите на Ози и Хариет за родителите на Рики.[1] [2] Шоуто за прв пат се емитувало на 8 октомври 1944 година, и добило позитивни критики.[1] [2] Татко му подоцна сам го пишувал сценариото за серијата и епизодите ги засновал на братските подвизи и непријателство на неговите синови.[1] Браќата Нелсон за првпат учествувале во шоуто на 20 февруари 1949 година, во епизодата „Покана за вечера“.[1] [3]

Семејството Нелсон, 1952 година

Во 1952 година, Нелсонови го објавиле филмот „Еве ги Нелсонови“. Филмот станал хит, а Ози бил убеден дека семејството од радио може да направи телевизиска серија. На 3 октомври 1952 година, за прв пат била емитувана тв серијата „Авантурите на Ози и Хариет“ и непрекинато се прикажувала до 3 септември 1966, со што станала еден од најдолготрајните ситкоми во историјата на телевизијата.

Образование

[уреди | уреди извор]

Нелсон учел во државното училиште Гарднер Стрит, [1] [2] а од 1954 до 1958 година во гимназијата Холивуд.[2] [1]

Ози Нелсон дипломирал на Рутгерс и сакал неговиот син да продолжи на колеџ, [2] но тогаш осумнаесетгодишниот Рики не гледал причина да се запише.[1] На тринаесетгодишна возраст, Рики заработувал преку 100.000 долари годишно, а на шеснаесет години имал лично богатство од 500.000 долари [1] (еднакво на скоро 5 милиони долари денес).

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Нелсон свирел кларинет и тапани во неговите рани тинејџерски години, ги научил основните акорди на гитара и вокално ги изведувал своите омилени рокабили изведувачи. [1] [2] [4] Бил под силно влијание на музиката од Карл Перкинс.[2] [4]

На шеснаесет години, тој сакал да ја импресионира својата девојка, Дијана Озборн, која го обожавала Елвис, и рекол дека еден ден ќе сними плоча.[1] [2] [5] [4] Со помош на татко му, склучил договор за една плоча со Verve Records, џез издавачка куќа која барала млада и популарна личност која знае да пее или може да научи да пее. [5] [4] [1] [2] На 26 март 1957 година, снимил препев на песната од Fats Domino, "I'm Walkin" и "A Teenager's Romance" (објавена кон крајот на април 1957 година како негов прв сингл) и песната „You're My One and Only Love“. [2] [1]

Песната „I'm Walkin“ се искачила на 4-то место на топ-листата на најпродавани хитови на Билборд, а „A Teenager's Romance“ го стигнала до второ место. [5] [2] Овие успешни плочи биле почеток на музичката кариера на Рики Нелсон.

Прв албум, група и песна на прво место

[уреди | уреди извор]

На почетокот на летото 1957 година, Ози Нелсон го убедил Рики Нелсон да се откаже од Verve Records, и по серија расправии, пејачот потпишал профитабилен петгодишен договор со Imperial Records, кој му дозволил да бира песни и повеќе детали за продукцијата.[1] [2] Неговиот прв сингл со новата компанија, „Be-Bop Baby“, имал 750.000 авансни нарачки, продаден во преку еден милион примероци и стигнал до третото место на топ листите. Првиот албум на Рики Нелсон бил објавен во октомври 1957 година и до крајот на годината се искачил на прво место. [2]

Нелсон станувал сè понезадоволен од неговите настапи со постари џез и кантри-музичари, кои отворено го презирале рокенролот. По турнеите во Охајо и Минесота во летото 1957 година, одлучил да формира своја група со членови блиски на неговата возраст.[1] Осумнаесетгодишниот гитарист Џејмс Бартон бил прв што потпишал. Набрзо им се придружиле басистот Џејмс Киркланд, тапанарот Ричи Фрост и пијанистот Џин Гарф.[1] Нивна прва заедничка песна била „Believe What You Say“.

Во 1958 година, Нелсон ја снимил песната „Poor Little Fool“ [1] која се нашла на неговиот втор албум, Ricky Nelson, објавен во јуни 1958 г.[2] На 4 август 1958 година, „Poor Little Fool“ била на прво место на нововоспоставената листа за синглови Hot 100 од Билборд [1] [2] и се продала во преку два милиони примероци.[1]

Во текот на 1958 и 1959 година, Нелсон имал дванаесет хитови на топ листите во споредба со единаесетте на Елвис Присли. Летото 1958 година, Нелсон ја завршил својата прва целосна турнеја, на која во просек заработувал по 5.000 долари од една вечер. До 1960 година, Меѓународниот фан клуб Рики Нелсон имаше повеќе од 9.000 членови ширум светот. [1]

Нелсон бил првиот тинејџерски идол кој користел телевизијата за да ги промовира своите песни. Ози Нелсон дури сакал заедно да уредуваат песни и да создадат еден од првите музички спотови.

Нелсон знаеше и ја сакаше музиката и беше вешт изведувач уште пред да стане тинејџерски идол, најмногу поради музичкото потекло на неговите родители. Нелсон работеше со многу музичари со углед, вклучувајќи ги Џејмс Бартон, Џо Озборн и Ален „Падлер“ Харис, сите домородци од Луизијана, и Џо Мафис, Џорданери, Скоти Мур и Џони и Дорси Барнет .[се бара извор]

Музиката на Нелсон била многу добро снимена со јасен, продорен звук - делумно благодарение на Бани Робин и продуцентот Џими Хаскел.

Од 1957 до 1962 година, Нелсон имал 30 Топ-40 хитови, повеќе сите други пејачи освен Присли (кој имал 53) и Пет Бун (38). Многу од првите плочи на Нелсон биле двојни хитови, а двете страни А и Б се нашле на топ листите на Билборд .[се бара извор]

Нелсон претпочитал рокабили и рок песни како „Believe What You Say“ (Hot 100 #4), „I Got a Feeling“ (#10), „My Bucket's Got a Hole in It“ (#12), „Hello Mary Lou“ (#9), „It's Late“ (#9), „Stood Up“ (#2), „Waitin' in School“ (#18), „Be-Bop Baby“ (#3) и „Just a Little Too Much“ (#9). Имал голем успех со „Travelin' Man“ (#1), „A Teenager's Romance“ (#2), „Poor Little Fool“ (#1), „Young World“ (#5), „Lonesome Town“ (#7), „Never Be Anyone Else But You“ (#6), „Sweeter Than You“ (#9), „ Sweeter Than You“ (#6) и „Teen Age Idol“ (#5 ).

Филмски глумец

[уреди | уреди извор]
Нелсон во Рио Браво, 1959 година

Покрај неговата музичка кариера, Нелсон се појавувал и во филмови. За прв пат се појавил на филм во Еве ги Нелсонови (1952) и имал ситна улога во Приказната за три љубови (1953) во режија на Винсент Минели.

По неговиот успех на ТВ и во музиката, Хауард Хокс го избрал да глуми во Рио Браво (1959) со Џон Вејн и Дин Мартин; Хокс рекол голем дел од приходите на филмот се по заслуга на Нелсон.

Нелсон глуме заедно со Џек Лемон во The Wackiest Ship in the Army (1960), кој бил доволно популарен за да се сними ТВ серија (во која не глумел Нелсон). Рики гостува во Џенерал Електрик Театарот („Книга за желби“) и глуме во романтична комедија, напишана и режирана од неговиот татко, Љубов и бакнежи (1965) со Џек Кели.

Нелсон бил гостин во серијата Хондо (со Џеси Џејмс) и имал споредна улога во Бандата над ридот (1969) со Волтер Бренан и Пет О'Брајан.

Нелсон се појавил и во Fol-de-Rol (1972), гостувал во McCloud, The Streets of San Francisco, Owen Marshall, Counselor at Law, Petrocelli, A Twist in the Tale, The Hardy Boys/Nancy Drew Mysteries и The Love Boat.

Промена на името и кариера во 1960-тите

[уреди | уреди извор]

На 8 мај 1961 година (на неговиот 21-ви роденден), официјално го променил своето естрадно име од „Рики Нелсон“ во „Рик Нелсон“. Сепак, неговата публика, особено генерацијата која го гледала како расте на „Ози и Хариет“ не го прифатила неговото ново име. Дури и во 1980-тите, кога Нелсон се сретнал со Карл Перкинс, Перкинс рекол дека тој и „Рики“ се последните од „рокабили расата“.

Во 1963 година, Нелсон потпишал 20-годишен договор со Decca Records. По првичните успеси со издавачот, особено песната „For You“ од 1964 година (#6), кариерата на Нелсон нагло стагнирала поради Битлманијата, Британската инвазија, а подоцна и контракултурата. Но, Decca не се откажала од договорот.

Кон средината на 1960-тите, Нелсон почнал да се насочува кон кантри-музиката и станувал пионер во жанрот кантри-рок. Тој бил меѓу првите кои свителе т.н калифорниски звук ("California Sound") (кој вклучува пејачи како Џексон Браун и Линда Ронштат и бендови како што се Eagles). Сепак, до 1970 година Нелсон немал песна на Топ 40. Тоа му успеало откако ја снимил песната од Боб Дилан "She Belongs to Me" во која пеел со групата Stone Canyon Band, чиј член бил Ренди Мајснер, кој во 1971 година ја основал групата Eagles.

„Garden Party“ и краткотраен кам-бек

[уреди | уреди извор]
Нелсон настапува на Шоуто на Џим Наборс во 1970 година

Во 1972 година, Нелсон за последен пат се пласирал на Топ 40 со песната „Garden Party“. „Garden Party“ стигнала до 6-то место на Billboard Hot 100 и прво место на <i id="mwAeI">Billboard</i> Adult Contemporary топ листите и бил сертифициран како златен сингл.

Во 1973 година, MCA Records, чија матична компанија MCA Inc. ја поседувала American Decca од 1962 година, ги префрила музичарите од Decca кај себе. МЦА сакала Нелсон да има продуцент за неговиот следен албум. Линди Гец, тогаш задолжен за промоција во MCA Records основал нова група за Нелсон. Групата на Нелсон се преселила во Аспен и своето име го променила во „Кањон“. Нелсон и новиот Stone Canyon Band започнале турнеи за албумот Garden Party.

Во 1974 година, MCA не знаела што да прави со поранешниот тинејџерски идол. Албумите како Windfall не биле успешни. Нелсон станал атракција во забавни паркови како Нотс Бери фарм и Дизниленд. Почнал да се појавува и во помали улоги на телевизиски емисии.

Нелсон се обидел да сними нов хит, но песните како „Rock and Roll Lady“ не биле успешни. На седум години до истекувањето на неговиот договор, МЦА го раскинала договорот.

На 31 декември 1985 година, Нелсон загина откако авионот со кој летал се срушил помеѓу Гантерсвил, Алабама и Далас, каде што тој требало да учествува на предновогодишен концерт. [1]

Наследство

[уреди | уреди извор]
  • Во 1994 година, му била посветена Златна палмова ѕвезда на Патеката на ѕвездите во Палм Спрингс, Калифорнија.
  • Во 2004 година, Ролинг Стоун го рангирала Нелсон на 91 место на нивната листа од 100 најголеми музичари на сите времиња.
  • Во 2005 година, на 20-годишнината од смртта на Нелсон, PBS го емитувала документарниот филм Ricky Nelson Sings, во кои има интервјуа со неговите деца, како и со Џејмс Бартон и Крис Кристо[ Потребен е цитат ]ферсон.[се бара извор]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Ricky (1957)
  • Ricky Nelson (1958)
  • Ricky Sings Again (1959)
  • Songs by Ricky (1959)
  • More Songs by Ricky (1960)
  • Rick Is 21 (1961)
  • Album Seven by Rick (1962)
  • Best Sellers By Rick Nelson (1963)
  • The Very Thought of You (1964)
  • Spotlight on Rick (1964)
  • Rick Sings Nelson (1970)
  • Rudy the Fifth (1971)
  • Garden Party (1972)
  • Windfall (1974)
  • All My Best (1985)
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 Bashe 1992.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 Selvin 1990.
  3. Dennis 2006.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Holdship 2005.
  5. 5,0 5,1 5,2 Bronson 2003.

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „pc11“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „NME Rock 'N' Roll Years 3“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „NME Rock 'N' Roll Years 2“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „straightdope1“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „rockin“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „BadCite“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „fifty“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „NOTE“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Cotten“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Tech“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „GoodReads“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „NTSB“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Walk“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „First50“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • гитарBashe, Philip (1992). Teenage Idol, Travelin' Man: The Complete Biography of Rick Nelson. New York: Hyperion Books. ISBN 978-1-5628-2969-8.
  • Brackett, Nathan; Hoard, Christian, уред. (2004). The New Rolling Stone Album Guide. New York: Simon & Schuster, Inc. ISBN 978-0-7432-0169-8.
  • Bronson, Fred (2003). Billboard's Hottest Hot 100 Hits. New York: Watson-Guptill Publications. ISBN 978-0-8230-7738-0.
  • Dennis, Jeffrey P. (December 16, 2013). Queering Teen Culture: All-American Boys and Same-Sex Desire in Film and Television. Binghamton, NY: Haworth Press, Inc. ISBN 978-1-3177-6622-3.
  • Holdship, Bill (2005). Ricky Nelson Greatest Hits. Hollywood, Calif: Capitol Records.
  • Pohlen, Jerome (2006). Oddball Texas: A Guide to Some Really Strange Places. Chicago Review Press. ISBN 978-1-5697-6472-5.
  • Selvin, Joel (1990). Ricky Nelson: Idol for a Generation. Contemporary Books. ISBN 978-0-8092-4187-3.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]