Прејди на содржината

Рок-музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рок-музика
Стилско потекло: рокенрол, повеќе блуз, (најмногу џамп-блуз и чикашки блуз)
кантри-музика
џез
американска народна музика
Културно потекло: доцни 1940-ти Кливленд, Детроит, Њујорк, Филаделфија
Својствени инструменти: гитара, електрична гитара, бас, тапани, клавијатура
Популарен: Еден од најпродаваните музички форми од 1950-те
Произлезени форми:алтернативен рок - хеви метал - пост-рок - панк-рок
Поджанрови
уметнички рок - христијански рок - класичен рок - пустински рок -детроитски рок - емо - експериментален рок - гаражен рок - женска група - глам-рок - хард-рок - инструментален рок - џем-бенд - мек рок - јужњачки рок - сурф-рок
Претопени жанрови
блуз-рок - кантри-рок - фолк-рок - инди-рок - панк-рок - џез-фузија - прогресивен рок
Регионални сцени
БиХ - Македонија - Хрватска - Финска - Германија - Србија - Шведска - В. Британија - САД - Југославија

Рок-музика — форма на популарна музика со проминентна вокална мелодија, придружена со гитара, тапани и бас-гитара. Многу стилови на рок-музиката користат и клавијатурни инструменти, како што се пијаното и синтисајзерите. Други инструменти кои поретко се искористени во рокот се саксофон, хармоника, виолина, флејта, тимпани и др. Рок-музиката има силно темпо и често се фокусира околу гитара, електрична или акустична.

Рок-музиката своите корени ги има во 1940-те и 1950-те форми на рокенролот, кој се развил од блуз, кантри-музиката и други влијанија. Во доцните 1960-ти, рок-музиката се соединила со фолк музиката за да создаде фолк рок, со блуз за да создаде блуз рок и со џез за џез-рок фузија. Во 1970-те, рокот примил влијанија од соул, фанк и латино музиката. Исто така, во 1970-те, рокот добил голем број на поджанрови, како што се софт-рок, хеви-метал, хард-рок, прогресивен рок и панк-рок. Поджанровите на рокот кои се појавиле во 1980-те вклучуваат синтпоп. хардкор-панк и алтернативен рок. Во 1990-те, нови рок поджанрови се гранџ, бритпоп, инди-рок и ну-метал.

Група на музичари специјализирани во рок-музика се нарекува рок-бенд или рок-група. Многу рок бендови се состојат од гитарист, пејач, бас гитарист и тапанар, формирајќи квартет. Некои групи користат пејач кој истовремено свири на инструмент додека пее, притоа формирајќи трио; други вклучуваат двајца или еден ритам гитарист и некој кој свири на клавијатура. Многу ретко, групите користат жичени инструменти како што се виолина или виолончело и/или дувачки, како саксофон, труба или тромбон.

Рок-музика

[уреди | уреди извор]
A photograph of four members of the Red Hot Chili Peppers performing on a stage
Red Hot Chili Peppers во 2006 година, прикажувајќи состав од квартети за рок бенд (од лево кон десно: басист, главен вокал, тапанар и гитарист)

Рок-музиката претставува жанр на популарната музика која што била најактуелна во 1950-тите, кога се појавила современата форма на електрична гитара. Влече корени од рокенрол, ритам и блузот и кантри-музиката како и од фолклорната музика , џезот и класичната музика од 1940-тите и 1950-тите години. Звукот на рокот најчесто се создавал со гитара пропратена со ритамот на електронска бас гитара ,тапани и клавијатури како оргула, пијано или синтисајзер што се вовел во 1970-тите. Освен гитарата или клавијатурата, понекогаш, како соло инструменти се користеле и саксофонот или хармоника во блуз стил.

Во раните 1960-ти и 1970-ти години од рок-музиката произлегле и други поджанрови. Кога рок-музиката се споила со фолк музиката била создадена фолк-рок-музика, со блуз се создал блуз-рок, а со џез се создала џез-рок-музика. Во 1970-тите, рокот бил под влијание на сол, фанк и латионо музиката. Исто така, во овој период се создале голем број на поджанрови како што е софт-рок, глам-рок, хеви-метал, хард-рок, прогресивен-рок и панк–рок. Во групата на поджанрови на рокот, кои се појавиле во 1980-те години, спаѓале новиот бран на жесток панк како и алтернативниот рок. Во 1990-те години се појавувие и дуги поджанрови како гранџ, бритпоп, инди-рок и њу метал. Групата музичари кои изведуваат рок-музика се нарекуваат рок-бендови или рок-група. Скоро сите рок групи имаат гитарист на електронска гитара, пејач, бас гитарист и тапанар со што формираат квартет. Некои групи не имаат еден или повеќе од овие членови или пак пејачот свири на некаков инструмент додека пее со што се сметаат за дуо или трио. Други пак, имаат поголем број музичари како на пример еден или двајца ритам гитарисит или клавијарист. Многу ретко се случува некој од групата да свири на жичени инструменти како виолина и виолончело, дувачки инструменти како саксофон и дувачки инструменти како труби или тромбони. Зборот рок најчесто се користи како општ термин што ги опфаќа формите на поп, реге и сол музика,а понекогашдури некогаш и хип-хоп музиката.

Рокенрол

[уреди | уреди извор]

Основа на рок-музиката е рокенролот кој се појавил во САД во доцните 1940-ти и во 1950-ти години и за брзо време се прошири низ целиот свет. Рокенролот дирекно се создал со мешање на различни музички жанрови кои биле популарни во тоа време како што е ритамот и блузот,госпел музиката (црковна музика која ја изведуваат црнци) како и кантри и западната музика. Во 1951 година , диџејот Алан Фид (Alan Freed) од Кливленд ,Охајо започнал да свири ритам и блуз музика за луѓето од публиката кои биле од различни раси и се смета дека тој прв го употребил терминот ,,рокенрол’’ за да го опише тој тип на музика.Постојат големи расправии за тоа која е првата рокенрол снимка. Се смета дека тоа е ,, Rocket 88’’ на Џеки Бренстон и неговата група Делта Кетс (Delta Cats) (всушност Ајк Турнер и неговиот бенд Кингс оф ритам (The Kings of Rhythm). Во 1951 година, оваа песна ја снимил Сем Филипс од дискографската куќа Сан Рекордс. По четири години песната ,, Rock Around the Clock’’ на Бил Хејли од 1955 г. станала првата рокенрол песна која се нашла на врвот на списокот на списанието Билборд и со тоа ја широко ја отворила врата за новиот бран популарна музика. Списанието Ролинг стоун, во 2004 година, објави дека ,, That's All Right (Mama)", првата песна Елвис Присли снимена за Сан Рекордс од Мемфис во 1954 година е првата рокенрол снимка. Исто така се тврди дека, во тоа време песната на Биг Џои Турнер ,, Shake, Rattle & Roll’’ веќе била на врвот на Билборд R&B листата. Други изведувачи кои ги направиле првите рокенрол хитови се Чак Бери, Бо Дидли, Фетс Домино, Литл Ричард, Јери Ли Луис и Џен Винсент. За брзо време рокенролот станал најпопуларна музика која се снима во Америка и се појавиле изведувачи на љубовни песни како Еди Фишер , Пери Комо и Пету Пејџ кои доминирале во претходните декади на популарна музика и се пласиралена најзначајните поп листи.

Рокенролот се смета за основа на голем број други под жанрови вклучувајќи го рокабили , комбиниран рокенрол со ,,селската “ кантри-музика. Овој тип музика најмногу го изведувале и го снимале бели пејачи како Карл Перкинс , Џери Ли Луис , Бади Холи и ултрапопуларниот Елвис Присли во средината на 1950-тите години.Во овој период многу популарна станала електронската гитара , а исто така се развил и еден посебен стил на рокенрол што го изведувале музичари како Чак Бери, Линк Реј и Скоти Мур. Во Велика Британија , традиционалните џез и фолк движења донеле и визитинг-изведувачи на блуз музика. Песната на Лони Донеган ,, Rock Island Line" од 1955 година имала многу големо влијание и придонела за тоа да се развие тренд на скифл( комбинација на џез и фолк музика популара во 1950-тите год.) групи низ земјата од кои многу , вклучивајќи ја и The Quarrymen на Џон Ленон, продолжија да изведуваат рокерол. Како секогаш, критичарите первидувале пад на роенролот кон крајот на 1950-тите и раните 1960-ти години. Во 1959 година ,со погинувањето на Буди Холи , Големиот Танчер и Ричи Валенс во авионска несреќа, заминувањето на Елвис во војска,повлекувањето на Литл Ричард за да стане свештеник , прогонувањето на Џери Ли Луис и Чак Бери и избивањето на скандалот за поткуп ( каде што беа вмешани големи имиња како Алан Фред (Alan Freed) за мито и корупција за промовирање на сопствените изведби или песни) се сметало дека се ближи крајот на почетната ера на рокенролот.

,,Меѓу-периодот’’

[уреди | уреди извор]

Периодот на доцните 1950-ти и раните 1960-ти, времето помеѓу крајот на првичниот период на иновација и ,како што беше познато во САД, на ,, Британска Инвазија’’ , традиционално се сметал како ера на застој на рокенролот. Многу често голем број на автори ставаа акцент на важните иновации и трендови во овој период без кои идниот развој не би бил возможен. Рокенролот не исчезна на крајот на 1950-тите години и може да се каже дека една од неговите движечки сили претставива твистот кој се појави во раните 1960-ти години со појавувањето на Чаби Чекер (Chubby Checker).Со појавата на женски групи како Шантелс,Ширелс (Shirelles) и Кристалс се стави акцент на усогласувањето и чистата продукција која што била многу поразлична од таа на раниот рокенрол. Некои од најголемите хитови на женски групи биле дело на Брил Билдинг Саунд (Brill Building Sound),коишто го добиле името по блокот во Њујорк каде што се наоѓале многу композитори.Првиот хит на Ширeлс (Shirelles) ,, Will You Love Me Tomorrow’’ станал многу популарен во 1960 година,а го создале партнерите Гери Кофин и Карол Кинг. Првиот Британски рокенрол хит е песната ,, Move It’’ на Клиф Ричард која била компонирана во стилот на британскиот рок. На почетокот на 1960-те години , неговата група Шедоус (The Shadows) била најуспешната група според бројот на снимани инструменталки. Додека рокенролот се претворал во обична поп и баладична музика ,британските рок групи, кои биле под влијание на блуз-рок изведувачи како Алексис Корнер,почнаа интензивно да свират по клубовите, што не беше случај со белите американски изведувачи. Исто така многу важна била и појавата на соул музиката како најголема комерцијална сила. Овој тип на музика произлегла од ритамот и блузот со додавање на госпел и поп-музиката. Од средината на 1950-тите години, Рај Чалс и Сем Куки како и музичарите кои се појавиле во 1960-тите како Марвин Гај,Џејмс Браун, Арета Франклин , Куртис Мејфилд и Стиви Вондер изведувле ваков тип на музика со што доминирале на R&B топ листите ,додека пак Мотовн и Стакс/Волт Рекордс станаа водечки сили во индустријата за снимање.Сите овие елементи , вклучувајќи ги блиските хармонии на доо воп и женските групи , мајсторски напишаните песни на Брол Билдинг Саунд и вредностите на чистата продукција на соул музиката , имале големо влијание врз работата на Марсејбит (Merseybeat) ,а особено врз почетоците на групата Биталси,а преку нив и врз формата на подоцнежната рок-музика.

Сурф музика

[уреди | уреди извор]

Инструменталниот рокенрол кој за првпат го изведувале изведувачи како Дани Еди (Duane Eddy), Линк Реј и Вентурите (The Ventures) го развил Дик Дејли кој додал различни ,,влажни’’засилувачи . Исто така се внеле и делови од средноевропски и мексикански стилови и врз основа на тоа настанал и регионалниот хит во 1961 година ,, Let's Go Trippin’’ . По примерот на Дали и неговиот бенд Дел-Тонес, во Јужна Калифирнија се формирале и бендовите како Бел-Арис (Bel-Airs), Чаленџерс (the Challengers)и Еди и Шоуменот(Eddie & the Showmen) . Во 1963 година ,песната ,,Pepelin’’ на групата Шантајс (Chantays) се нашла на врвот на списокот на национални хитови , а најверојатно најпопуларниот сурф хит, во 1965 година, била песната ,, Wipe Out’’ на Сурфарис (Surfaris). Со зголемувањето на популарноста на овој жанр,се појавиле и многу други групи. Меѓу нив и групата Астронаути од Боулдер- Колорадо, Трашмени од Минеаполис- Минесота кои во 1964 г.биле на 4 место на топ листите со песната ,, Surfin Bird’’ и Ривераси од Јужен Бенд - Индијана кои во 1964 г. се нашле на 5 место на топ листите со песната ,,California Sun’’. Групата Атлантис од Сиднеј -Австралија дале голем придонес за овјо жанр со нивниот хит ,, Bombora’’од 1963 г. Европските бендови во тоа време најмногу се насочувале кон рокенрол стилот кој го изведувала групата Шедоус (The Shadows).Групата Декотас (The Dakotas), кои беа британски придружен бенд на пејачот Били Џ. Крамер се сметала за сурф мексиканска заради песната ,, Cruel Sea’’ од 1963 г. Нивната работа, подоцна придонела за формифање на инструментални сурф бендови како на пример Вентурите (The Ventures). Комерционално, сурф музиката достигнала најголем успех како вокална музика , особено музиката на групата Бич Бојс (Beach Boys) , кој се формирала во 1961 година во Јужна Каролина. Нивните први албуми вклучувале инструментален сурф- рок песни како и вокални песни. Нивниот прв хит ,, Surfin’’ од 1962 година го достигнал врвот на Билборд листата со што сурф музиката прераснала во национален феномен. Од 1963 година, кога Брајан Вилсон (Brian Wilson) станал нивнниот главен композитотр и продуцент , групата почнала помалку да се интересираат за сурф мизиката и се ориентирала кон поопшти теми за машката адолесцентност вклучувајќи ги и автомобилите и девојките во песните,, Fun, Fun, Fun’’ од 1964 г. и ,, California Girls’’ од 1965 г. Се појавиле и други вокални изведувачи на сурф меѓу кои и Рони и Дајтонс со,,G. T. O.“ во 1964 год и Рип Кордс со ,, Hey Little Cobra".И двете песни се нашле на врвот на топ тен листите , но само песната ,, Surf City" на Џин и Дин во 1963 година доживеале одромен успех. Британската инвазија од 1964 година стави крај на кариерата на скоро сите сурф изведувачи. Кон крајот на 1960-тите, само Бич Бојс успеале да одржат креативна кариера снимајќи низа хит-синглови и албуми за високорангираната дискографска куќа Пет Саундс во 1966 година со што останаа единстваните рок-поп изведувачи во Америка.

Златните години на Биталсите (1963–1974)

[уреди | уреди извор]

Британската инвазија

[уреди | уреди извор]

До крајот на 1962 г.,Британската рок сцена заживеала со големи групи како Биталси кои беа под големо влијание на Американската соул музика , ритам блуз и сурф музиката. На почетокот, тие изведуваа стандардни Американски тонови како на пример твистот кој го играле танчерите. Потоа,овие групи почнале да изведуваат нивни оригиналнини рок композиции со многу посложени музички идеи и различни звуци. Во средината на 1962 г. се појавиле Ролинг Стоунс (Rolling Stones)кои биле под силно влијание на бузот како и бендовите Анималс (The Animals)и Јардбирдс (The Yardbirds). Во текот на 1963 г. Биталсите и другите групи како Срчерс (The Searchers) и Холис (The Hollies)постигнале голема популарност и комерцијален успех во Британија. Британскиот рок станал популарен во САД во јануари 1964 година со успехот на Биталси. Првиот хит на бендот беше ,,I Want to Hold Your Hand" кој се најде на Билборд Хот 100 листата со што почнала Британската инвазија во американските музички топ листи. Песната влегла во листата во 18 јануари 1964 година и била на 48 место,а само за 7 недели се искачила на 1 место и таму се задржала 15 недели. Нивното прво појавување на Шоуто на Ед Суливан на 9 февруари се смета за пресвртница во Американската поп култура. Преносот на Американската телевизиска програма во живо го гледаа 73 милиони гледачи. Биталсите станале најпродавани рок бендови на сите врамиња , а нив ги следеле и голем број Британски бендови. Во следните две недели , Чад и Џими , Питер и Гордон , Анималс , Менфред Менн, Петула Кларк, Фреди и бендот Дримерс , Вајн Фонтана и Миндбендерс , Херманс Хермитс , Ролинг Стоунс , Трогс и Донован имале еден или неколку хитови на прво место. Меќу другите изведувачи кои биле дел од инвазијата се нашле и Кинкс и Дове Кларк Фајв. Изведувачите од Британската инвазија исто така го држеле првото место и во Британија. Со британската инвазија, рокенролот почнал да се издава насекаде низ светот со што се отвори вратата за Британски (и Ирски ) изведувачи кои постигнале меѓународен успех. Во Америка се ставил крај на инструменталната сурф музика,вокалните женски групи и тин-идолите кои доминирале на Американските топ списоци во доцните 1950-ти и 1960-ти години. Исто така пропаднале и кариерите на R&B изведувачите како Фетс Домино (Fats Domino) и Чаби Чекер (Chubby Checker) па дури се згрозило и местото на топ листите на познатите рокенрол изведувачи, вклучувајќи го и Елвис. Британската инвазија играла важна улога во создавањето на различни жанрови на рок-музиката и ги зацврстила на рок групите кои свиреле на гитари и на тапани и сами си ги пишувале текстовите првото место.

Гаражен рок

[уреди | уреди извор]

Гаражниот рок произлегува од аматерската рок-музика ,а особено доминирал во Северна Америка во средина на 1960-тите. Така се нарекувал затоа што се изведувал во гаражите на куќите. Гаражниот рок опфаќал теми за траумите од средношколскиот живот ,а особено се пишувало за ,,ѓаволестите девојки”. Текстовите и самите изведби биле многу поагресивни, што не било својствено за тоа време и најчесто имало рапави и пискави вокали кои вриштеле при изведбата. Од обична едно-акордна музика ,како Сидс ( Seeds),овој тип на музика прераснал во висококвалитетна музика со извонредни изведувачи како Никербокерс (Knickerbockers) , Римејнс (Remains) и Фифт Естејт (Fifth Estate). Во многу делови на земјата се создале регионални варијации на овој тип музика со прекрасни изведби , особено во Калифорнија и Тексас. Најверојатно, најразличните регионални звуци доаѓале од Тихоокеанските Северозападни земји Вашингтон и Орегон. Овој стил го достигнал својот максимум на регионалните сцени во околу 1958 година. Песните ,,Tall Cool One" на Вејлерс (The Wailers) од 1959 година и ,,Louie Louie "на Конгсмен (The Kingsmen) од 1963 година се типични примери дека овој жанр бил многу познат. До 1963 година , голем број од сингловите на гаражните бендови се најдшле на националните топ списоци , меѓу кои и Пол Ревер и групата Рајдерс (Raiders) од Боис(Boise), групата Трешмен од Минеаполис и групата Риверс од Саут Бенд – Индијана . Другите влијателни гаражни бендови како Соникс од Такома –Вашингтон некогаш не се најдшле на топ списокот на Билборд Хот 100. Во овој ран период , многу бендови биле под силно влијание на сурф рок со што гаражниот рок се измешал со фрат-рок кој пак ,сметаше за поджанр на гаражниот рок. Британската инвазија која се одвивала во периодот од 1964/1966 година имала големо влијание врз гаражните бендови и им обезбедила национална публика. Многу од нив (најчесто сурф или хот род групи) го прифатиле британскиот ритам. Британската инвазија го стимулирало формирањето на многу групи.Во овој период, во САД и Канада постоеле стотина гаражни групи и многу од нив создале големи регионални хитови. Пример за тоа се : песната ,,I Just Don't Care" на Д-Мен(The D-Men) од Њујорк (1965 г.), ,,The Witch" на Соникс (The Sonics) од Такома(1965 г.) ,,,Where You Gonna Go" на Анрилејтед Сегментс (Unrelated Segments) од Детроит (1967 г.), ,,Girl I Got News for You" на Бирдвачерс (Birdwatchers) од Мајами (1966 г.) и ,,1-2-5" на Хаунтед (The Haunted) од Монтреал. И покрај големиот број на бендови кои се сметале за регионални заштитни знаци , повеќето од нив биле комерционален промашај. Општо е познато дека гаражниот рок го достигнал својот врв во околу 1966 година како комерцијонално така и уметнички. Во 1968 година овој стил скоро да исчезнал од националните топ списоци ,но исто така и на локално ниво. Се појавиле нови стилови кои го заменале гаражниот рок како блуз-рок , прогресивен рок и кантри рок. Во Детроит гаражните бендови успеале да се задржат сѐ до раните 1970-ти со бендовите како MC5 и Стуџес (The Stooges) кои имале многу поагресивен стил. Овие бендови подоцна почнале да се нарекуваат панк рок бендови и биле про-панк и про-хард рок ориентирани.

Терминот поп се употребувал од почетокот на XX век и се однесувал, општо, на популарната музика.Од средината на 1950-тите години почнал да се користи за означување на различни жанрови на младите. Често се сметало дека всушност е понежна варијанта на рокенрол. По Британската инвазија , од околу 1967 година, поп-музиката биле сосем различна од рок-музиката и имала покмерциална, ефемерална и пристапна форма. Спротивно на тоа , рок-музиката , била насочена кон поважни работи ,како издавање албуми и често се поврзувала со под- култури (против културата), се ставало акцент на вредностите и ,,автентичноста” на изведувачите ,изведбите во живо и инструментална или вокална виртуозност. Сепак , поп и рок-музиката имале многу сличен звук, инструменталност, па дури и слична содржина на текстот. Термините,,поп-рок’’ ,,моќен поп” се користеле за да се ослика поголемиот комерциален успех на музиката која употребувала елементи од рок-музиката или ја имала формата на рок-музиката. Поп-рок-музиката се дефинирала дефинирана како ,,поведра варијанта на рок-музиката и нејзини претставници биле изведувачи како Елтон Џон , Пол Меккартни , браќата Еверли , Род Стјуарт, групата Чикаго и Питер Фрамптон”. Од друга страна , музичкиот критичар Џорџ Старостин, оваа музика ја дефинира како поджанр на поп-музиката каде што се изведуваат интересни поп песни со придружба на гитера. Старостин кажува дека терминот ,,моќен поп’’ (power pop) ,термин кој го создал Пити Тоуншенд (Pete Townshend) од групата Ху(The Who) во 1966 година ,но не се користел многу сѐ додека не почнале да го користат бендови како Бедфингер (Badfinger) во 1970-тите години) , е поп-рок поджанр и дека содржната на текстот на поп-рок ,, обично е помалку важна од музиката “. Низ историјата се појавиле рок изведувачи кои користеле елементи на поп и поп изведувачи кои, како основа за нивната работа, изведувале рок-музика.

Иако британската инвазија на американската популарна музика започнала со R&B изведувачите сепак, ова движење го прифатиле британските бендови кои припаѓале на вториот бран и нивната инспирација ја црпеле дирекно од американскиот блуз. Меѓу нив спаѓаат и Ролинг Стоунс и Јардбирдс (Yardbirds) . Музичарите на британскиот блуз од доцните 1950-ти години и раните 1960-ти години биле инспирирани од акустичните изведби на личности од калибарот на Лид Бели (Lead Belly) кој , пак , бил под силно влијание на движењето Скифл(Skiffle) и Роберт Џонсон. Тие почнале да применуваат многу гласни звуци кои произлегувале од електронска гитара, врз основа на блузот од Чикаго. Тоа особено се случувало по Британската турнеја на Муди Ватерс (Muddy Waters) во 1958година.Поради трнеата Кирил Дејвис (Cyril Davies) и гитаристот Алексис Корнер добле инпирирација да го формираат бендот Блуз Инкорпорејтед (Blues Incorporated). Овој бенд вклувал и инспирирал многу изведувачи од британскиот блуз-бум , вклучувајќи ги членовите на Ролинг Стоунс и Крим , кои го мешаа стандардниот блуз со инструментални форми на рок. Многу важно име за британскиот блуз е Џон Мајал (John Mayall) основач на групата Блузбрејкерс (Bluesbreakers). Меѓу членовите на оваа група биле и Ерик Клептон (откако си заминал од Јардбирдс (Yardbirds)) , а подоцна се приклучил и Питер Грин. Особено важно било снимањето на албумот на Блуз Брејкерс со Ерик Клептон (Беано) во 1966 година кој се сметал за еден од највлијателните снимки на британски блуз. Звуците на овој албум се рашириле од Велика Британија во САД. Ерик Клептон подоцна ги формирал и супергрупите Крим, Блајнд Фејт и Дерек и Доминос. Исто така, тој доживеа и прекрасна соло кариера која била одлучувачка за популарноста на блуз-рок. Во доцните 1960-ти години Џеф Бек, исто така поранешен член на групата Јардбирдс со неговата група Џефбек Груп (The Jeff Beck Group), го насочил блуз-рокот кон хеви –рок. Последниот гитарис на Јардбирдс , Џими Пејџ ја формирал групата Њу Јардбирдс кои за брзо време се преименувале во Лед Цепелин и нивните почетоци се вртеле околу адаптирањето на стандардите на блузот. Многу од песните од нивните први три албуми отстапувале од традиционалните блуз песни. Американскиот блуз-рок се појавил во раните 1960-ти год.,со гитаристот Лони Мек, но опстанал само до средината на 1960-тите год. затоа што изведувачите почнале да го применуваат британскиот блуз.Меѓу најважните изведувачи се вбројувале Пол Батерфилд , Канид Хеат , Џеферсон Ерплејн , Џенис Џоплин , Џони Винтер , Џ.Геилс Бенд и Џими Хендрикс со неговото моќно трио Џими Хендрикс Експириенс и Бен оф Џипсис кои со виртуозната гитара и моќните настапи се нашле меѓу најпопуларните на декадата. Бендовите на блуз-рок како Алман Брадерс Бенд , Лајнјрад Скајнјард и секако ЗЗ Топ од јужните држави во нивниот стил вметнале кантри-елементи и со тоа создадале различен Јужначки рок.Раните блуз – рок бендови често користеле џез, свиреле долги и правеле некакви импровизации кои подоцна ќе станат основните елементи за прогресивниот рок. Од 1967 година, бендовите како Крим и Џими Хендрикс Експириенс почнале да се оддалечуваат од чистата блуз музика и да се насочуваат кон псикоделичност. До 1970-тите години блуз – рококот станал појак и пооштар и него го извдувале Лед Цепелин и Дип Прпл и постоела видлива граница меѓу блуз –рок и хард рок со тоа што бендовите почнале да снимаат албуми во рок стилови.Овој жанр во 1970-те години го продолжиле имиња како Џорџ Дорогуд и Пет Траверс ,но бендовите почнале да се наочуваат кон хеви метал , особено на Британска сцена (со изклучок на групата Статус Кво и Фогат кои се насочиле кон форми со висока енергија и повторлив буги рок.

До 1960-тите години, на американско тло се развила музика која многу се разликувала од фолклорната музика. Всушност, се свирела традиционална и новокомпонирана музика во традиционален стил често со акустични елементи. Претставници на овој тип на музика биле гр.Џон Баез и Боб Дилан. Во Америка овој жанр за првпат го воведле имиња како Вуди Гитри и Пит Сигер и често се поисоветувл со прогресивната или работничката политика.Во раните 1960-ти години, музичари како Џоан Баез и Боб Дилан избиле на чело на ова движење како пејачи – текстописци. Дилан почнал да ја привлекува публиката со хитовите од 1963,, Blowin' in the Wind” и ,,Masters of War” со што ,, песните на протест ” биле достапни до пошироката публика, но, иако почнале да имаат меѓусебно влијание , сепак рок и фолк музиката останале различни жанрови и не ја делеле истата публика. Групата Анималс имале рани обиди да комбинираат фолк и рок елементи со песната ,, House of the Rising Sun" од 1964 година што воедно била и првата фолк музика која се снимила со рокенрол инструменти и која што доживеала комерцијален успех. Исти бил и случајот со песната ,, I'm a Loser’’ на Биталси во 1965 година и се сметало дека ова е прва песна на Биталси која била под дирекно влијание на Дилан. Се смета дека фолк-рок движењето започнало со снимањето на песната ,,Mr. Tambourine Man" на Боб Дилан која се нашол на врвот на листите во 1965 година. Подоцна, истата година ,Дилан почнал да користи електронски инструменти во песната ,, Like a Rolling Stone"која санала хит сингл во САД . Многу фолклорни пуристи не го одобрувале ова мешање.Фолк- рок-музиката, особено била застапена во Калуфорнија и придонела за тоа изведувачите како Мамас и Папас и Крозби, Стилс и Неш да се префрлат на електронски инструменти . Во Њујорк каде почнале да се појавуваат изведувачи како Ловин Спунфул и Сајмон и Гарфанкел.Подоцнежната акустична песна ,, Sound of Silence" ,на која се направил ремикс со рок инструменти , била прва од многуте хитови. Овие изведувачи имале дирекно влијание врз Британските изведувачи како Донован и Ферпорт Конвеншн. Во 1969 година Ферпорт Конвеншн престанале да изведуваат песни кои настанале со влијанието на Боб Дилан и почнале на да свират Англиска фолк музика со електронски инструменти. Овој електронски фолк го создадале бендовите Пентигл(Pentangle), Стилак Спан(Steeleye Span) и Албион Бенд(The Albion Band) и придонеле за тоа во 1970-тите години Ирските групи Хорслипс (Horslips) и шкотските изведувачи ЏСД Бенд (JSD Band), Спенсерс Фит(Spencer's Feat) и подоцна и групата Фајв Хенд Рил(Five Hand Reel) да ја користат нивната традиционална музика за да создадат бренд на Келтски рок . Фолк -рок-музиката, својов врв на комерцијална популарност , го достигнала во периодот помеѓу 1967/1968 година. Потоа многу изведувачи почнале да прават некои веријации меѓу кои и Дилан и групата Бјордс кои создавале кантри- рок. Сепак ,се смета дека спојувањето на фолкот и рокот играло најголема улога за развојот на рок-музиката, вметнувајќи елементи на психооделија. Исто така го потпомогнало и создавањето на пејачи-текстописци , песни за протест и концептот на ,,автентичност”.

Психоделичен рок

[уреди | уреди извор]

Психоделичната музика на групата LSD ја подигнала атмосферата на фолклорната сцена. Овој термин најпрво го употребила Њу Јоршката група Холи Модал Рандерс во нивната снимка од 1964 година ,, Hesitation Blues ’’. Првата група која самата се претставувала како психоделична рок група била 13th Floor Elevators од Тексас која се појавила на крајот на 1965 година.Следната година го тие издале албумот ,, Psychedelic sounds’’ со кој јасно покаѓале со каков тип на музика се занимаваат. Во овој период, Биталси, на публиката им претставиле многу од главните елементи на психоделичниот звук, преку песната ,,I Feel Fine" .Кон крајот на 1965 година во албумот на Rubber Soul во песната ,, Norwegian Wood ’’ се употребува цитара. Психоделичен рок се развил на музичката сцена во Калифорнија особено со појавата на групи кои го следеа примерот на Бјард (Byrd) кои преминаа од народно на фолк рок во 1965 година.Психоделичниот живот веќе се разил во Сан Франциско и на сцената многу истакнати биле Grateful Dead, Country Joe и the Fish, The Great Society и Jefferson Airplane. Групата Бјард(Byrds) брзо напредувала од чист фолк рок во 1966 година со нивниот сингл "Eight Miles High", преку која јасно се гледало дека се алудира на употреба на дрога. Во Британија можеби највлијателен бенд во овој жанр била групата Јардбирдс(Yardbirds), кои заедно со Џеф Бек како нивен гитарист, се ,,преселиле’’ на психоделичната територија, додавајќи до-темпо импровизираните "раве упс", грегоријански песни, а исто така биле и под силно светско музички влијанија што особено се забележува во нивните песни " Still I'm Sad " (1965) и " Over Under Sideways Down " (1966). Од 1966 андерграунд сцената на Обединетото Кралство основана во северен Лондон, им дала поддршка на новите изведувачи како Pink Floyd, Traffic и Soft Machine. Во истата година, под влијание на фолкот се појавил и хит- албумот Sunshine Superman на Donovan кој се сметал за еден од првите психоделични поп записи. Психоделичниот рок го достигнал својот врв во последните години од минатата деценија.Во 1967 година Битлси ја дадле нивната конечна психоделична изјава во Списанието Lonely Hearts Club Band, со контроверзна песна ""Lucy in the Sky with Diamonds". Подоцна, истата година на тоа одговориле и Ролинг Стоунс со нивнното Барање на Сатанските Господари. Пинк Флојд го создале нивното најдобро психоделично дело The Piper at the Gates of Dawn . Во Америка, фестовалот Монтери Поп им помогнал на Џими Хендрикс и групата The Who да блеснат со нивната песна "I Can See for Miles" каја имала психоделичен мелос. Меѓу најважните снимки спаѓаат песната на Џеферсон Ерплејн ,, Surrealistic Pillow’’ и ,,Strange Days’’ на Д Дорс. Овие трендови се појавиле во 1969 година на фестивалот Woodstock, на кој настапиле поголемиот дел од познатите психоделични изведувачи, но до крајот на деценијата психоделичен рок полека почнал да пропаѓа. Брајан Џоунс на Ролинг Стоунс и Сид Барет на Пинк Флојд се првите жртви . Групите Џими Хендрикс Експирианс и Крим се распаднале пред крајот на деценијата , а исто така, многу изведувачи избегале подалеку од психоделијата и се насочиле кон основните "коренот на рокот" ,кон поголемо експериментирање на прогресивниот рок или риф ладен хеви рок.

Основен рок,Кантри рок,и Саутерн рок

[уреди | уреди извор]

Терминот основен рок денес се користи за да се опише бегањето од психоделичната сцена кон оосновни форми на рокенрол каде се вклучени неговите оригинални влијанија особено влијанијата од кантри и фолк музиката,што водело до создавање на кантри рок и саутерн рок. Во 1966 година, Боб Дилан бил водач на движењето кога заминал во Нашвил за да го сними албумот Blonde on Blonde. Овој и другите албуми кои биле под влијание на кантри-музиката се сметаат за албуми кои го создале жанрот кантри-фолк кој понатака го следеа голем број фолк музичари (најчесто изведувачи на акустична музика). Други изведувачи кои го следеле трендот враќање на основатана биле Канадаската група Д Бенд(The Band) и групата Криденс Клирвотер Ривајвал која е основана во Калифорнија. И двете групи го мешале основниот рокенрол со фолк,кантри и блуз, со што станале најуспешните и највлијателните бендови од доцните 1960-ти. Истовремено започнале и кариерите на калифорниската соло уметници Рај Кудер, Бони Рајт и Ловел Џорџ.Тие имале влијание на работата на изведувачите, како на пример песната на Ролинг Стоунс ,,Beggar's Banquet’’ од (1968 г.) и ,,Let it Be’’ на Битлси (1970 г.). Во 1968 година Грам Парсинс го снимил албумот Safe at Home заедно со Интернешнл субмарин бенд (International Submarin Band)и овој, најверојатно, бил првиот вистински кантри-рок албум. Подоцна истата година тој им се приклучил на Бјардс за песната ,,Sweetheart of the Rodeo’’ (1968 г.), која генерално, се смета за една од највлијателните снимки на својот жанр. Кантри- рок-музиката била особено популарна на Калифорниската музичка сцена, каде што многу бендови, вклучувајќи ги Hearts and Flowers, Poco и Riders of the Purple Sage Beau Brummels и Nitty Gritty Dirt Band , го прифатиле ово жанр. Со прифаќње на кантри звуците, голем број изведувачи доживеале преродба. Меѓу нив се спаѓаат и : The Everly Brothers, тинејџерски идол Рик Нелсон кој кратко време бил на сцената и кој станал фронтмен на Stone Canyon Band ; поранешниот Монки Мајк Несмит кои ја формирал групата First National Band и Нели Јанг.Најголемиот комерцијален успех катри- рок-музиката го доживеала во 1970-тите, со изведувачи како Браќата Дуби, Емилу Харис, Линда Ронстадт и Иглс (составен од членови на the Burritos, Pocos и Stone Canyon Band , кој станале едни од најуспешните рок изведувачи на сите времиња, со издавање на албуми меѓу кои спаѓа Hotel California (1976 г.)). Се смета дека основачи на Саутерн- рок се Алман Брадерс Бенд, кои во раните на 1970-ти развиле звуци кои во голема мера се разликувале од блуз- рок, но содржеле елементи на буги, соул, и кантри. Најуспешните изведувачи кои го следеле нивниот чекор биле Линјард Скинјард, кои помогнале да се основа имиџот на "добар стара форма" на под-жанрот и општата форма на рок-гитара од 1970-тите. Нивните наследници меѓу кои спаѓаат и Дикси Дрегс, Аутлоус кои биле под влијание на кантри-музикта, Вет Вили кои биле пор-џез ориентирани и Озарк Маунтајн Дердевилс кои влкучувале елементи на R & B и црковното пеење.Откако Алманс и Ланјард Сканјар ги загубиле првите членови,овој жанр почнал ја губи популарноста кон крајот на 1970-тите години, но изведувачите како 38 Спешл, Моли Хачет и Маршал такер бенд успеале да го одржат овој жанр до 1980-тите.

Прогресивен рок

[уреди | уреди извор]

Зборот прогресивен рок, кој понекогаш се заменува со уметнички рок, претставувше обид за да се надминат воспоставените музички формули преку експериментирање со различни инструменти, песни, видови и форми. Од средината на 1960-тите години групите ЛЕфт Бенки,Биталси,Ролиг Стоунс и Бич Бојс, први ги вовеле клавесин, дувачки и гудачки инструменти во делови на нивните снимки со цел да создадат некаква форма на бароокен рок. Тоа може да се забележи во песни како ,, A Whiter Shade of Pale ’’на Прокол Харум од 1967 г. каде што Бах е нивна инспирирација . Групата Муди Блуз вклучувале цел оркестар при снимањето на нивниот албум ,,Days of Future Passed’’ (1967 година) , а потоа се создале оркестарски звуци со синдисајзери.Класични оркестри, клавијатури и синдисајзери често се мешале со основната форма на рокот со гитари, бас , а во подоцнежниот прогресивен рок се кориетеле и тапани. Инструменталните верзии биле слични, додека пак, песните со стихови понекогаш имале концептуална, апстрактна содржина, или содржеле елементи на фантазија и научна фантастика. Деби-албум на групата Кинг Кримсон од 1969 г., In the Court of the Crimson King, каде се мешаат моќни гитарски рифови и мелотрони, со џез и симфониска музика, се смета за клучна снимка на прогресивен рок, што придонело за голем прием на жанрот низ целиот свет во почетокот на 1970-тите, меѓу постојните блуз-рок и психоделичен бендови, како и новоформираната изведувачи.На Кантерберешката сцена се појавиле и голем број на изведувачи кои го следеле примерот на Софт Машин и почнаа од психодилија , па џез-влијанија, до по експанзивен хард рок, вклучувајќи Караван, Хатифелд и Норт, Гонг, и Нешонал Хелт. Голем комерцијален успех доживеала и групата Пинк Флојд , со песната ,,Dark Side of the Moon’’ (1973 г.) која се сметал за ремек-дело на овој жанр и станал еден од најдобро продаваните албуми на сите времиња. По заминувањето на Сид Барет во 1968 година , оваа група како и повеќето ,,избега’’ од психоделијата.Најмногу се истакнувала инструменталната виртуозност, со групата Јес и вештините на гитаристот Стив Хови и клавијатурист Рик Вејкман, додека пак Емерсон, Лејкен Пламер биле супергрупа која ја создала една од најтешките техничка работа во овој жанр. Џетро Тул и Џенесис следеле многу различни, но јасно англиски брендови на музиката. Повеќето британски бендови меѓу кои се нашле Пинк Флојд,Џенесии Џетро Тул успеале да создадат топ-тен синглови на домашниот пазар со што се пробиле на американскиот пазар. Американскиот бренд на прог- рок варирал од слободни и иновативни изведувачи како Френк Запа, Каптејн Бифхарт и Блад , Свет енд Тиарс, до бендови кои повеќе биле ориентирани кон поп-рок како Бостон, Форејнер, Канзас, Џурни и Стикс.Освен британските бендови Супертрамп и ЕЛО, останатите бендови кои биле под прог- рок влијание и се пласирале меѓу комерцијално најуспешните изведувачи на 1970-тите. Овој жанр создал и многу инструментални албуми како на пример Tubular Bells на Мајк Олдфил (Mike Oldfield ) во 1973 година ,кој бил првиот албум кој постигнал светски успех, чијашто продукциска куќа била Вирџин Рекордс.Овај албум, всушност го одржал овој жанр. Инструменталниот рок особено бил значаен во континентална Европа и им овозможил на бендовите Крафтверк, Тангерин Дрим, Кен енд Фагус да ја разбијат јазичната бариера. Нивниот хеви-синдисајзер "Краут рок", заедно со Брајан Ено (кој некогаш бил клавијатурист за Рокси Мјузик),имале најголемо влијание врз подоцнежниот синт-рок. Со доаѓањето на панк рокот и технолошки промени во доцните 1970-ти, прогресивниот рок се напуштил ,,под изговор’’ дека е плиток и неважен.Многу бендови се распаднале, но некои , меѓу кои Џенесис, ЕЛП, Јес и Пинк Флојд со нивните албуми продолжиле да се пласираат на топ-тен листите и да одржуваат успешни светски турнеи. Некои бендови кои се појавиле по завршувањето на панкот, како на пример Синоксис и Баншис, Ултравокс и Симпл Мајнд, биле под влијание на прог, како и под панк влијанија што можело лесно да се забележи.

Глам-рок се развил на англиската психоделична и рок сцена кон крајот на 1960-тите години и се сметал за продолжување на овие трендови или пак реакција против нив. Музички, овој жанр бил многу разновиден и варирал од ревитализирање на обичниот рокенрол од страна на изведувачи како Алвин Стардус, до сложени рок изведби на артисти како Рокси Мјузик. Може да се каже дека бил модерен музички под-жанр. Претставувал ,,смеса’’ од различни стилови, почнувајќи од холивудскиот гламур во 1930-тите, па пин-ап сексапил од 1950-тите итн. Глам-рокот најмногу бил познат по својата сексуална и полна двосмисленост и по претставување на андрогеност, покрај големата употреба на театралност. Тоа го претставувале шоумени и изведувачи кои манипулирале со изгледот, па не е знаело кој е машко а кој женско како на пример американските изведувачи Кокетс и Алис Купер.Потеклото на Глам рок се поврзува со Марк Болан, кој кон крајот на 1960-тите го преименувал неговото фолк дуо во Т. Рекс и почнал да свири на електрични инструменти. Често се наведува дека ,како моментот на создавањето е неговото појавување на ТВ програмата Топ оф д Попс(Top of the Pops) во Велика Британија во декември 1970 година каде носел светкави алишта кога го изведувал неговиот прв # 1 сингл "Ride a White Swan".Од 1971 година, Дејвид Бови кој веќе бил мала ѕвезда, ја создал својата Зиги Стардаст личност и во своите изведби вклучувал елементи на професионална шминка, мимика и перформанси. Стилот на овие изведувачи подоцна почнале да го следат и други изведувачи, вклучувајќи ги Рокси Мјузик, Свит, Слејс, Мот д Хупл, Муд и Елвин Стардаст. Иако биле многу успешни на топ листите во Велика Британија, многу малку од овие музичари се пробиле на Американскиот пазар. Боуви, кој станал меѓународна суперѕвезда бил исклучок и придинел за тоа изведувачите како Лоу Ред, Иги Pop, Њујорк Долс и Џобријад да го прифатат глам стилот, попознат како "глитер рок" и почнале да употребуваат помрачни лирски содржина отколку нивните британски колеги. Во Велика Британија терминот сјаен рок најчесто се употребувал кога се зборувало за екстремната верзија на глам-рокот чиишто водачи биле Гери Глитер и неговата група Глитер Бенд, кои постигнале осумнаесет топ-тен синглови во Велика Британија меѓу 1972 и 1976 година.Вториот бран на глам- рок изведувачи, меѓу кои се нашле и Сузи Кватро, Визард и Спаркс на Рој Вуд, доминирале на британските топ списоци од 1974 до 1976 година.Некои изведувачи кои не припаѓале на овој жанр, сепак го прифатија стилот глам.Меѓу нив спаѓаат Род Стурт , Елтон Џон, Квин, дури и Ролинг Стоунс.Исто така директно влијаеше врз изведувачите што подоцна стана познати, вклучувајќи ги Кис,Адам Ант, и индирекно врз формирањето на готски- рок и глам метал, како и на панк- рок,што предизвика да се стави крај на гламот во околу 1976 година. Софт рок, хард рок и хеви метал Од крајот на 1960-тите основната рок-музиката почнала да се дели на софт и хард рок. Софт рок често произлегувал од фолк рок, со користење на акустични инструменти и истакнување на мелодијата и хармонијата. Голем број уметници, меѓу кои Карол Кинг, Кет Стивенс и Џејмс Тејлор го практикувале овој стил.Својот комерцијален врв го достигнал во средината и крајот на 1970-тите со изведувачи како Били Џоел, Америка и повторно формираната група Флетвуд Мак, чиишто албум Руморс (1977 г.) бил најпродаван албум на декадата. За разлика од овој стил, хард рокот произлегувал од блуз-рок и се свирел погласно и со повеќе интензитет.Често, водечка била електричната гитара,како ритам- инструмент за постигнување на едноставни рефрени кои се повторуваа како и водечкито соло како инструмент, при што често се користела дисторзијата или други ефекти.Меѓу главните изведувачи биле бедовите на британски инвазија како Ху и Кинкс, и изведувачи од психоделичната ера како Крем, Џими Хендрикс и Џеф Бек Груп. Меѓу хард -рок бендовите кои доживеале меѓународен успех во 1970-тите години спаѓаатТин Лизи, Аеросмит и AЦ/ ДЦ. Од крајот на 1960-тите години терминот хеви метал почнал да се користи за да опише хард рокот што се свирел уште погласно и со посилен интензитетот. Терминот за првпат се користел за да се опише музиката на Степенволф во песната,, Born to be Wild’’ (1967 година) и почнал да се поврзува со нови бендови како Блу Чеер (Blue Cheer) од Бостон иГранд Фанк Реилрод (Grand Funk Railroad) од Мичиген. Од 1970 година три клучни британски бендови создале карактеристични звуци и стилови што помогнале за создавање на под - жанр. Лед Цепелин во нивните блуз-рок рефрени додавале елементи на фантазија.Дип Прпл вовеле симфониски и средновековен елементи во нивната прогресивна рок фраза додека пак Блек Сабад, вовеле елементи на готска модална хармонија, што помогнало при создавањето на,, мрачен’’звук. Овие елементи ги прифатила и "втората генерација" на хеви метал бендовите во доцните 1970-ти, вклучувајќи: Џудас Прајст (Judas Priest),Моторхед (Motörhead) и Рејнбоу (Rainbow) од Британија, Кис, Тед Наџент и Блу Ојстер Култ од САД , Раш од Канада и УФО и Скорпиони и од Германија.Сите овие беа исклучитело популарни во овој под-жанр. И покрај тоа што недоволно се пуштал во етерот и слабо се пластраше на топ листите, сепак, хеви металот имал голем број обожаватели, особено машките адолесцентите од работничката класа во Северна Америка и Европа.

Христијански рок

[уреди | уреди извор]

Некои христијански верски водачи го критиккувале рокот и го осудиле како неморална, анти-христијанска, па дури и демонска муика. Меѓутоа, кон крајот на 1960-тите години, почнал да се развива христијанскиот рок, особено со движењето Исус кое започнало во Јужна Калифорнија и кое во 1970-тите се појавил како под-жанр на чело со музичари како Лари Норман,кој се смета за прва голема ,,ѕвезда’’ на Христијанскиот рок.Жанрот особено бил популарен во САД. Многу христијански рок-изведувачи се поврзувал со современата христијанска музичка сцена, додека пак други бендови и изведувачи тесно се поврзувале со независна музика. Во 1980-тите години голем број христијански рок изведувачи доживеале голем успех, меѓу кои се најдоа Еми Грант , а во Велика Британија Клиф Ричард. Од 1990-тите години, бројот на изведувачи кои се обиделе да ја избегнат ,,етикетата’’ Христијански рок се зголемил и тие претпочитале да се сметаат за групи кои исто така беа Христијански вклучувајќи ги П.О.Д (P.O.D) и Колектив Соул.

Панк рок се развил меѓу 1974 и 1976 година во Соединетите Американски Држави и во Велика Британија. Влечи корени од гаражниот рок и други форми на протопанк музиката како што е позната денес. Панк- рок бендовите ги избегнувале претходните екцеси на рокот од 1970-тите.Тие создале брза, остра хард-музика, песните најчесто биле кратки,повќе се истакнувал инструменталниот дел и текстовите биле со политичка и анти-основачка содржина.Панкот имал НС (направете сами) етика и многу бендови сами си ги создавале нивните снимки и ги дистрибуирале преку неформалните канали. До крајот на 1976 година, изведувачи како Рамонс и Пети Смит во Њујорк и Секс Пистолс и Клаш во Лондон, биле признати како претходници на ново музичко движење. Следната година панк рокот почнал да се шири низ светот. Панкот за многу брзо време станал главен културен феномен во Велика Британија. Најчесто панкот свирел на локалните сцени и изведувачите не сакале панкот да се меша со основниот рок. Се појавил и асоцијативна панк субкултура,која го изразувала младешкиот бунт и се одликувала со посебен стил на облекување и имала различни анти-авторитарни идеологии. Од почетокот на 1980-тите, во панк рокот преовладувале побрзи и поагресивни стилови како на Хардкор и Ои. Со оглед на тоа што панк рокот првично станал популарен во 1970-тите,а интересот за заживувањето на панк се обнови во 1990-тите, панк рокот продолжи да претставува голем андерграунд култ. Од хардкор –панкот произлегоа неколку пожанрови како Д-беат (хеви под-жанр кој произлезе од влијанието на бендот Дисчарџ (Discharge) од Велика Британија бенд, арарко-панк (музиката на Грасс), гринкорд ( Напалм Дед (Napalm Death)), и краст панк. Музичарите кои се идентификувале со панкот или инспириран од него исто така правеа широк спектар на други варојации, кои доведоа до појава на нов бран, пост-панк и алтернативното рок движење.

Новбран музика

[уреди | уреди извор]

Иако панк рок беше значаен општествен и музички феномен, сепак не постигна голем успех во продажбата на снимки, бидејќи се продавале мал број снимки кои го имале заштитниот знак на Стаф Рекордс,но и на американските радио станици,затоа што на радио станиците продолжиле да се вртат основните форми на рокот како што се диско -рок и рок-албумите. Панк-рокот ги привлече љубителите на уметноста и за брзо време, бендовите кои имале повисок, уметнички пристап, како што се Тејкинг Хедс, и Дево почнале да се пробиваат на панк сцената .Во некои квартови описот "нов бран" почнал да се користи со цел да се прави разлика меѓу овие панк бендови и другите бендови. Директорите на продукциските куќи, кои малку се збунија со панк движењето, го препозна потенцијалот на подостапните изведувачи на новиот бран и почна на големо да потпишуваат договори и да го рекламираат секој бенд што има каква било врска со панкот или со,,новиот бран’’. Многу од овие бендови, како Карс, Ранвејс и Го-Го се сметаат за поп бендови кои припаѓаат на ,,новиот бран’’. Другите постоечки изведувачи како Полис, Претендерс и Елвис Костело, го искористиле движењето на новиот бран како отскочна даска за да создадат релативно долга и успешна кариера, додека пак бендовите со ,,слаби вратоврски’’ како на пример The Knack или фотогеничните Блонди, започнале како панк изведувачи, но се преселиле покомерцијалната територија. Помеѓу 1982 и 1985 година, инспирирани од Крафтверк, Дејвид Боуи, иГеру Њуман, британскиот "нов бран" се движел во насока на Новите Романтичари како Spandau Ballet, Ultravox, Duran Duran, A Flock of Seagulls ,A Flock of Seagulls, Culture Club, Talk Talk and the Eurythmic кои понекогаш користеле синтисајзер како замена за другите инструменти. Овој период се поклопил со подемот на Ем-Ти-Ви (MTV) и доведе до голема популарност на брендот синтпоп, со што почнала втората британски инвазија. Некои потрадиционални рок-бендови почнале да прават видео записи со што профитираа на Ем-Ти-Ви MTV станиците.

Пост-панк

[уреди | уреди извор]

Пост-панкот се појавил во доцните 1970-ти и раните 1980-ти како поуметничка и попредизвикувачка музика. Освен панк бендовите, најголемо влијание врз оваа појава имале Velvet Underground, Who ,Frank Zappa и Captain Beefheart, и њујоршките бендови кои повеќе внимание посветувале на самите изведби,како бендовите James Chance и Contortions, DNA и Sonic Youth. Меѓу бендовите кои дале свој придонес во овој жанр спаѓаат бендовите од САД Pere Ubu, Devo, The Residents и Talking Heads. Во првиот бран на британскиот пост-панк припаѓаат, Gang of Four, Siouxsie и Banshees и Joy Division , и тие не посветувале многу внимание на уметноста како нивните американски колеги. Повеќе се посветувале на помрачните емоционални квалитети на нивната музика. Бендовите како Siouxsie и Banshees , Bauhaus, The Cure и The Sisters of Mercy, наголемо почнале да се преобраќаат со што го создал готскиот рок, кој станал основа за главните под-култури во почетокот на 1980-тите. Слични преобраќања направиле и австралиските изведувачи како Birthday Party и Ник Кејв. Членови на Баухаус (Bauhaus) и Џој Дивижн(Joy Division) истражувале нови стилски територија како и групите Love and Rockets и New Order. Втората генерација на британските пост-панк бендови кои се пробиле на сцената во почетокот на 1980-тите години, вклучувајќи ги , The Fall, The Pop Group, The Mekons, Echo and the Bunnymen and Teardrop Explodes се обидувале да се оддалечат од мрачните соник пејзажи.Најверојатно најуспешен бенд кој се појавил на пост-панк сцената беше U2 од Ирска, кои во нивниата антемична музика вметнале елементи на религиозни слики заедно со политички зборови, а од крајот на 1980-тите станале еден од најпопуларните бендови во светот. И покрај тоа што многу пост-панк бендови во средината на 1980-тите продолжиле да снимаат албуми и да изведуваат,панкот како движње почнал да исчезнува и групите или се распаѓале или сакале да се обидат и на другите музички сцени, но панкот продолжи да влијае на развојот на рок-музиката и се смета како главен елемент во создавањето на движењата на алтернативен рок.

Нови бранови и жанрови на хеви метал

[уреди | уреди извор]

NWBHM, Глам-метал и Екстрем-метал

[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што многу бендови продолжиле да изведуваат и да снимаат албуми, хеви металот бил стопиран и покрај панк движењето во средината на 1970-тите. Сепак некои бендови станале популарни како на пример Motörhead, кои го прифатиле панк сензибилитетот и Judas Priest, кои создадале стрип даун (stripped down) звуци со кои се отстранија блуз-елементите кои биле присутни во нивниот албум Stained Class од 1978 г. Ова промена на насоката се споредувала со панкот и во доцните 1970-ти станала позната како Нов Бран на Британски Хеви Метал (NWOBHM). Овие бендови почнале да ги следат изведувачи како Iron Maiden, Vardis, Saxon, Def Leppard и Venom, од кои многу постигнале голем успех во САД. Во истиот период Еди ван Хелен станале еден од водечките виртуози на метал –гитара на ерата по издавањето на авто-албум на неговиот бенд во 1978 г. Исто така Ренди Роадс(Randy Rhoads) и Ингви Малмстин(Yngwie Malmsteen) станале докажани виртуози и се поврзувале со неокласичниот стил на метал. Инспирирани од NWOBHM и успехот на Ван Хелен,метал сцената почнала да се развива во Јужна Калифорнија кон крајот на 1970-тите години, во клубовите на Sunset Strip во Лос Анџелс. Тука спаѓале бендови како Quiet Riot, Ratt, Motley Crüe, и WASP, кои заедно со изведувачите со сличен стил како што се Twisted Sister од Њујорк, ја внесоа театралноста (а понекогаш и шминката) на глам-рок изведувачи како Alice Cooper и Kiss.Текстовите на бендовите на глам метал особено го истакнале хедонизмот и дивиото однесување и музички се разликувале со помош на брзо и силно гитарско соло, антемични звици и имале релативно мелодичен пристап кој беше поп-ориентиран. До средината на 1980-тите многу бендови почнале да се појавуваат на сцената во Л.А. и имале помал глам-имиџ и изведувале дотогаш нечуени звучи како Guns N 'Roses кои се пробиле на врвот на музичките списоци со Appetite for Destruction (1987 г.), и Addiction на Џејн, кој следната година се појавила со деби-албумот Nothing's Shocking. Во доцните 1980-тите од металот се развиле голем број поджанрови,како треш- метал, кој се појави во САД под влијание на хардкор панкот, и стилот познат како спид- метал, со ниски рефрени кои се изведувале со помош на гитара. Во текстовите често се изразувале нихилистички ставови или се зборувало за социјалните проблеми на вилгарен јазик. Ова го применувале ,,Big Four of Thrash’’: Metallica , Anthrax, Megadeth и Slayer. Дет-метал произлегол од треш. За тоа особено придонеле бендовите Venom и Slayer. Florida's Death и Bay Area's Possessed кои користеле лирски елементи на богохулство, сатанска злоба и миленарианизам, обично со длабоки и груби вокали ,пискаво врескање, дополнети со мрачни звуци на гитара и експлозија на басот. Блек метал, кој се појавил под влијание на Venom, а го предводеле групите Mercyful Fate од Данска, и Hellhammer Celtic Frost од Швајцарија, Bathory од Шведска, бил многу сличен со звукот на дет метал, но често намерно се правела Lo-Fi продукција и поголем акцент се ставал на сатански и пагански теми. Bathory биле особено важни за создавањето на натамошните под-жанрови на Викиншки метал и фолк метал. Пауер металот се појавил во Европа во доцните 1980-ти, како реакција на дет и блек метал,а како основач се води групата Helloween од Германија, која го комбинирала мелодискиот пристап со треш брзината и енергијата на треш. Бендовите како HammerFall од Шведска, DragonForce од Англија и Iced Earth од Флорида изведувале сличен звук како NWOBHM, додека пак изведувачи како Kamelot од Флорида, Nightwish од Финска, Rhapsody of Fire од Италија и Catharsis од Русија создавале ,,симфониски’’ звук со помош на клавијатура, а понекогаш вметнувале и оркестри и оперски пејачи. За разлика од другите под-жанрови, дум-метал ја успорил музика под влијание на готскиот рок, преку бендови Pagan Altar и Witchfinder General од Англија и Pentagram, Saint Vitus и Trouble од САД, нагласувајќи ја мелодија, користејќи ниски, "подебели" или "потешки" звуци на гитарата со што чувствувало погребно расположение.

Хартленд рок (Heartland rock)

[уреди | уреди извор]

Американската работничката класа се ориентирала кон хартленд рокот кој се одликувал со јасен музички стил, и ја изразувала загриженоста за животот на обичната работничка класа во Америка, а се создал во втората половина на 1970-тите. Терминот хартленд рок најпрво се користел за да се опишат рок групите од Среднозападната сцена како Канзас, RЕО Спидвагон (Speedwagon) и Стикс кои почнале да се поврзуваат со рокот кој обрнуваше повеќе внимание на општеството, а беше под директно влијание на фолк, кантри и рокенрол мнзика. На чело на ова движење се најдшле личности кои првично се водеа како панк изведувачи и изведувачи од новиот бран, а најсилно влијание имале изведувачите Боб Дилан, The Byrds, Creedence Clearwater Revival, Ван Морисон, основниот гаражен рок од 1960-тите и како и Ролинг Стоунс.Кога би се зел предвид комерцијалниот успех на пејачите-текстописци Брис Спрингстин,Боб Сегер, и Том Пети, како и на помалку познати изведувачи како што се Саутсајд Џони иАбсури Џјукс (Asbury Jukes) и Џо Кришечку и групата Houserockers би се увидело дека ова движење делумно претставуваше реакција на пост-индустрискиот урбанистички пад во Исток и Среден Запад и покрај основната форма на рокенрол од добрите времиња и рол ревитализмот ,се пишувало за проблемите на сепитаризмот и изолацијата. Овој жанр својот комерцијален и уметнички врвот го достигнал во средината на 1980-тите, со Springsteen's Born од САД (1984 г.), коишто се биле на врвот на топ листите низ целиот свет и создавале серија топ-тен синглови, заедно со уметниците како Џон Меленкамп, Стив Ерл (Steve Earle) и понежни пејачи - текстописци како Брус Хорнсби. Исто така своја улога играле и различни уметници, како што е Били Џоел и Треси Чапман. Хартленд рокот,и воопшто рок-музика, се изгубила кон почетокот на 1990-тите години, но останаа запаметени како признати жанров.Темите за сините јаки и белата работничка класа не биле повеќе интересни за помладата публика, па изведувачите на хартленд рок се свртеа кон поличните работи. Многу уметници на хартленд рокот продолжиле да снимаат и добија позитивни критики и комерцијален успех, особено Брус Спрингстин,Том Пети и Џон Меленкамп, иако нивните дела станале полични и експериментални и повеќе не се вклопувале во еден жанр. Поновите уметници, чија музика јасно се означувала како хартленд рок кој се изведувал во 1970-тите или 1980-тите години, како Bottle Rockets од Мисури и Uncle Tupelo од Илиноис ,денес се сметаат за алт-кантри изведувачи.

Алтернативен рок

[уреди | уреди извор]

Терминот алтернативен рок се создал на почетокот на 1980-тите години кога почнаа да се опишуваат рок-музичари кои беа различни од основните жанрови што постоеле во тоа време. Бендови кои се нарекуваа "алтернативни бендови" немаа еден унифициран стил, туку сите имаа стил кој беше различен од музика којшто се сметала за нормална во тоа време. Повеќето алтернативни бендови се поврзуваа со панк рокот,хардкор,новиот бран или па со пост-панк движењето. Меѓу поуспешните бендови во САД кои припаѓаа на алтернативното движење од 1980-тите се вбројуваат Red Hot Chili Peppers, REM, Hüsker Du, Jane's Addiction, Sonic Youth и на Pixies, а во Велика Британија The Cure, New Order, Jesus and Mary Chain и The Smiths ". Изведувачите имаа на расоплагање ограничен број на независни продукциски куќи, и создаваа голема андерграунд музика која се емитуваше на радијата на колеџите,кој се изведуваше на турнеите. Малку бендови, со исклучок на REM и The Smiths, постигнат голем успех, но и покрај недоволната продажба на албумите, тие имаа големо влијание врз генерацијата музичари кои се појавија во 1980-тите и кои постигнаа голем успех во 1990-тите. Меѓу забележителните стилови на алтернативниот рок во САД во текот на 1980-тите години спаѓаат џангл поп, поврзан со почетоците на групата REM кои го применуваа звукот на гитарите на поп и рок и колеџ рок од 1960-тите, што се користеше за да се опишат алтернативни бендови што своите почетоци ги имаа во рамките на колеџот и радиото на колеџот, меѓу кои спаѓаат изведувачи како што се 10.000 Маniacs и The Feelies. Во Велика Британија ,готик-рокот беше доминантен во почетокот на 1980-тите години. Кон крајот на декадата, во инди поп-музиката како и на музичката сцена во Манчестер се формираа бендовите, Happy Mondays, Inspiral Carpets, Stone Roses и. Во следната деценија гранџ музиката постигна голем успех во САД ,а бритпоп-музиката во Велика Британија, со што алтернативниот го доживеа својот подем.

Во раните 1990-ти, над рок-музиката се издигнаа комерцијалните поп-музичари и "металците со коса",а MTV пак го промовираше нивниот имиџ и стил. Испровоцирани од овој тренд, во средината на 1980-тите,неколку бенда од Вашингтон (особено од Сиетл) формираа еден нов стил на рок, кој многу се разликуваше од мејнстрим музика од тоа време. Новосоздадениот жанр стана познат како "гранџ", термин со кој се опишува валканиот звук на музиката и нечистиот изглед на повеќето музичари, кои беа против уредниот изглед на популарните артисти. Гранџот спои елементи на хардкор панк и хеви метал во еден звук, и воведе хеви употреба на гитарска дисторзија, фуз и фидбек. Текстот беше апатичен и изразуваше немир, и често опфаќеше теми од типот на социјалната отуѓеност и затвореност, но исто така беше познат по својот темен хумор и пародии на комерцијалниот рок.Први бендови што почнаа да го применуваат овој стил беа Green River, Soundgarden, The Melvins и Skin Yard ,а бендот Mudhoney, до крајот на деценијата стана најуспешниот бенд. Меѓутоа, сѐ до 1991 година гранџот, во голема мера, останаа локален феномен.Во 1991 година групата Nirvana's Nevermind стана многу популарна благодарение на големиот хит ,,Smells Like Teen Spirit." Nevermind беше помелодична од своите претходници, но бендот одби да направи традиционална корпоративна промоција и да се промовира. Во текот на 1991 и 1992 година, други гранџ албуми како на пример на Pearl Jam's Ten, Soundgarden's Badmotorfinger и Alice in Chains' Dirt, заедно со албумот Temple of the Dog, се најдоа меѓу 100-најпродавани албуми во 1992 година. Популарниот пробив на овие гранџ бендови доведе до тоа групата Ролинг Стоун на Сиетл да му го дадат прекарот нов Ливерпул. Голем број дискографски куќи ги застапуваа останатите гранџ бендови од Сиетл, додека пак вториот прилив на бендови ги почнаа кариерите надвор од градот, во надеж дека ќе подтигнат голем успех. Меѓутоа, со смртта на Курт Кобаин и по распаѓањето на Нирвана во 1994 година, проблемите со турнеите на Pearl Jam и со заминувањето на пејачот Лејни Стејли (Layne Staley) од групата Alice in Chains' во 1996 година,жанрот почна да опаѓа , најмногу затоа што го засенија Бритпоп-музиката и покомерцијалниот звук на пост-гранџ музиката.

Бритпоп-музиката произлезе од британската алтернативна рок-сцената од почетокот на 1990-тите години и се одликуваше со бендови кои особено беа под силно влијание на британската гитарска музика од 1960-тите и 1970-тите години. Најголемо влијание имаше групата The Smiths како и бендовите од сцената Медчестер кои се појавија на почетокот на 1990-тите. Движењето, делумно се смета како реакција против различните музички и културни тендови во САД во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, особено против појавата на гранџ музиката и реакција за обновување на британскиот рок идентитет. Бритпопот има различен стил , но покрај текстовите со типична британска тематика често се користеа популарни тонови и звуци.Исто така се применуваше и стилот на британската инвазија во 1960-тите години, вклучувајќи ги симболите на британскиот идентитет што претходно се користеа во мод движењето (движење на младите во Англија во 1960-тите). Сето ова започна да се користи во 1992 година со создавањето на групите како Suede и Blur на кои за брзо време им се приклучија и другите групи меѓу кои се најдоа Oasis, Pulp, Supergrass и Elastica, кои создадоа голем број албуми и синглови кои се најдоа на топ тен листите. Натпреварот помеѓу Blur и Oasis што го создаде популарниот печат "Битката на Бритпоп", каде Blur победи,но Oasis постигна голем меѓународен успех, директно влијаеше врз трета генерација на Бритпоп бендови, вклучувајќи ги Boo Radleys, Ocean Colour Scene и Саst. Бритпоп групите придонесоа за тоа британскиот алтернативен рок да стане најпопулатен стил и го зачаа ’рбет на едно поголемо британско културно движење познато како Cool Britannia. Иако попопуларни бендови како Blur и Oasis постигнаа да се голем комерцијален успех во странство, особено во САД, сепак до крајот на декадата ов движење се распадна.

Пост-гранџ

[уреди | уреди извор]

Терминот пост-гранџ се создаде за да се означи генерацијата на бендови кои го следеа прераснувањето на гранџот во мејнстрим, а потоа и распаѓањето на гранџ бендовите од Сиетл. Бендови на пост -гранџот ги презедоа обичаите и музиката на гранџот, но со попријателски радио звук кој беше комерцијално ориентирани. Често тие соработуваа со големите продуценски куќи и почнаа да вклучуваат различни елементи на џангл- поп, панк-поп, ska revival, алтернативен метал или хард рок. Терминот пост-гранџ беше пејоративен и укажуваше на тоа дека овие групи се само музички копии или претставуваше циничен одговор на "автентичен" рок движење. Од 1994 година, новата група Foo Fighters што ја основа поранешниот тапанар на Нирвана Дејв Грохл,помогна за промовирањето на жанрот и во дефинирањето на неговите параметри. Некои пост-гранџ бендови, како Candlebox, беа од Сиетл, но под-жанр се рашири и надвор од Сиетел со бендовите како Audioslave од Лос Анџелес , Collective Soul од Грузија и надвор од границите на САД со групата Silverchair од Австралија и Bush од Британија, Овие групи го зацврситја пост-гранџ како еден од најпознатите комерцијални под-жанрови од крајот на 1990-тите.Иако најмногу доминираа машки бендови, сепак албумот ,, Jagged Little Pill ’’ на соло пејачката Аланис Морисете (Alanis Morissette) од 1995 година означен како пост-гранџ, исто така станува мулти-платински хит. Бендовите како Creed и Nickelback изведуваа пост-гранџ во 21 век со наверојатно голем комерцијален успех, и го заменаа од гневот и лутината на оригиналот движење со поконвенционален химни, романтични песни и текстови.Тоа го применаа и новите изведувачи кои се појавија, вклучувајќи ги Shinedown, Seether и 3 Doors Down.

Почетоците на панк-поп-музиката од 1990-тите години се бараат кај бендовите кои се ориентирани кон песните од панк движењето од 1970-тите како The Buzzcocks и The Clash, како и комерцијално успешните изведувачи на новиот бран како The Jam и The Undertones и похардкор елементите на алтернативниот рок од 1980-тите. Поп-панк изведувачите се обидуваа да користат power-pop мелодии и акордни промени со брзо панк темпо и гласни гитари. Панк музика претставуваше инспирација за голем број на Калифорниски бендови кои се појавија на почетокот на 1990-тите години, вклучувајќи ги Rancid, Pennywise, Weezer и Greenday. Во 1994 година групата Green Day се пресели во поголема продуценска куќа и го продуцира албумот Dookie којшто имаше една нова, претежно тинејџерска публика и доживеа изненадувачки успех на продажба што доведе до создавање на серија хит синглови и двапати беа на првото место на топ листите во САД. Овој успех им ја отвори врата за мулти - платиумска продажбата на метал панк бендот The Offspring со Smash (1994 година). Овој првиот бран на поп-панк го достигна својот комерцијален врв со албумот Nimrod на Green Day во 1997 г. и албумот Americana на групата The Offspring 1998 г. Вториот бран на панк-поп го предводеше групата Blink-182, со нивниот хит албум Enema of the State 1999 г., како и бендовите како Good Charlotte, Bowling for Soup и Sum 41, кои користеа хумор во нивните спотови и имаше попријателски радио тонови во нивната музика додека пак ја задржваа брзината, делови од начинот на изведба па дури и изгледот на панк од 1970-тите. Поновите поп-панк бендови, вклучувајќи Simple Plan, All-American Rejects и Fall Out Boy имаа звук сличен на хардкор музиката од 1980-тите и сѐ уште се постигнуваат голем комерцијален успех.

Во 1980-тите години на термините инди рок и алтернативни рок се користеа наизменично. До средината на 1990-тите години гранџ ,бритпоп, пост-гранџ, поп-панк движењето почнаа да ја привлекуваат широката јавност, додека пак терминот алтернатива музика почнаа да го губи своето значење. Бендовите кои ги следеа понекомерцијални контури на сцената се нарекуваа инди бендови. Тие особено се обидуваа да ја одржат нивната кариера со тоа што издаваа албуми со нивни или неупотребени заштитни знаци, а се промовираа преку турнеи, од уста-на-уста, и преку независни или колеџ радиостаници за промоција. Инди движењето повеќе се фокусираше на етосот отколку на музиката, но сепа разви повеќе повеќе под-стилови како хард-еџ (hard-edged), бендови кои настанале под влијание на гранџ како The Cranberries и Superchunk, и ,,направи сам’’ експериментални бендови како Pavement, и панк-фолк пејачи како што се Ani DiFranco. Познато е дека инди рок-музиката имаше релативно висок процент на женски уметници во споредба со претходните рок жанрови што се потврди и со создавањето на феминистичката Риот Гррл (Riot Grrrl) музика. Многу земји создадоа голема локална инди сцена која процвета со бендовите кои беа доживеаа голема популарност во нивната држава, но не успеаја да се пробијат во другите држави. До крајот на 1990-тите години многу познати под-жанрови од кои повеќето се создадоа со алтернативното движење во доцните 1980-ти, беа дел на инди движењето. Ло-фи го избегнуваше корегирањето со помош на техниките за снимањето на етосот D.I.Y,а го предводеа групите Beck, Sebadoh и Pavement. Работата на Talk Talk, Laughing Stock и Slint придонесе за создавање на пост рокот кој претставуваше експериментален стил што се создаде под влијание на џез музиката и електронската музика. Овој стил го предводеше групата Bark Psychosis ,а го прифатија и изведувачите како Тортоис, Стереолаб, и Лајка. Исто така, изведувачите Polvo и Chavez создадоа покомпактен и покомплексен рок кој се базираше на гитара . Спејс рокот се навраќаше кон прогресивните корени со хеви и минималистички изведувачи како Spaceman 3, двата бенда што се создадоа при поделбата на спејс рокот како Spectrum и Spiritualized, и поновите групи меѓу кои спаѓаат Flying Saucer Attack, Godspeed You Black Emperor! и Quickspace.За разлика од другите под-жанрови,со мелодијата на седкорот се нагласуваше болката и страдањето со употреба на акустични и електронски инструменти .Ова можеше да се почувствува во музиката на бендовите како, American Music Club и Red House Painters.Заживување на барокниот поп, со помош на уметниците како Бел и Себастијан и Руфус Вејнрајт, претставуваше реакција против под-жанрот ло-фи и против експерименталната музика преку нагласување на мелодијата и со упортебата на класични инструменти.

Алтернативен метал, рап- рок,рап- метал, и ну метал

[уреди | уреди извор]

Алтернативниот метал произлезе од хардкор сцената на алтернативниот рок во САД во доцните 1980-ти години, но ја придоби пошироката публика откако гранџот стана популарен на почетокот на 1990-тите.Новите алтернативни метал- бендови мешаа голем број жанрови со елементи на хардкор и хеви метал. На пример изведувачите како Jane's Addiction и Primus користеа прог-рок, Soundgarden и Corrosion of Conformity користеа гаражен панк, The Jesus Lizard и Helmet мешаа ноис-рок (noise-rock), Ministry и Nine Inch Nails беа под влијание на индустриската музика, Monster Magnet преминаа во психоделија , Pantera, Sepultura и White Зомби создаваа грув- метал, додека Biohazard Faith No More и се свртеа кон хип-хоп и рап.Хип- хоп музиката, на почетокот на 1980-тите години го привлече вниманието на рок изведувачите, како што се The Clash со "The Magnificent Seven" (1981 г.) и со Блонди "Rapture" (1981 г.).Меѓу раните изведувачи се најдоа и Run DMC и Басти Бојс (Beastie Boys). Раперот Ишам (Esham) од Детроит стана познат по својот "асид рап" стил, кој го спои рапувањето со звук кој најчесто се наоѓаше во рок и хеви метал.Меѓу раперите кои изведуваа рок песни спаѓаат Ајс -T, Фет Бојс, LL Cool J, Public Enemy и Whodini.Мешањето на треш метал и рапот го предводеше групата Антракс со нивниот хумористичен сингл од 1987 година ,, I'm the Man".Во 1990 година, групата Faith No More станаа популарни со нивниот сингл "Epic 'кој се смета за првата вистинска успешна комбинација на хеви метал и рап. Со тоа се отвори патот до успехот за постоечките бендови како 24-7 Spyz и Ливинг Колор(Living Colour), и за новите изведувачи, како Rage Against the Machine и Red Hot Chili Peppers кои, покрај другите миксови, најмногу го мешаа рокот и хип-хопот. Помеѓу првиот бран на рап- рок изведувачи кои доживеаа огромен успех се најдоа 311, Bloodhound Gang, и Kid Rock. Бендовите како Limp Bizkit, Korn и Slipknot почнаа да изведуваат похардкорн звици. Подоцна во текот на оваа деценија од овој стил, што претставуваше микс од гранџ, панк , метал, рап ,се создаде еден бран на успешните бендови како Linkin Park, POD и Staind, кои често се класифицираа како рап -метал или ну метал. Во 2001 година ну металот го достигна својот врв со помош на албумите: Break the Cycle на групата Staind Break, Satellite на P.O.D , Iowa на Slipknot и Hybrid Theory на Linkin Park. Исто така се појавија и нови бендови како Disturbed, пост-гранџ/хард рок бендови како Godsmack и Папа Роач (Papa Roac). Меѓутоа, во 2002 година се појавија првите знаци за намалување на популарноста на ну металот. Долго очекуваниот петти албум на Korn, Untouchables, и Вториот албум Lovehatetragedy на Папа Роач(Papa Roach) не се продаваа добро, како и нивните претходни изданија, додека пак бендовите на ну метал музиката не се пуштаа толку често по рок радио станиците ,а MTV почна да се фокусира на поп-панк и Емо. Од тогаш, многу бендови се префрлија на поконвенционален музички звуци на хард рок или хеви метал.

Пост-бритпоп

[уреди | уреди извор]

Од околу 1997 година, како што растеше незадоволството со концептот на Кул Британија, и како што бритпопот, како движење, започна да се распаѓа, новите бендови почнаа да го избегнуваат означувњето како бритпоп иако сѐ уште изведуваа таков тип на музика. Многу од овие бендови се обидуваа да мешаат елементи на традиционалниот британски рок (или Британскиот трад-рок) со американски жанрови како што е пост-гранџ. Тоа особено го изразуваа Битлси, Ролинг Стоунс и Смал Фејсес. Овој жанр се разви низ цела Велика Британија со неколку поголеми нови бендови што се појавија во северниот дел на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Бендовите се трудеа текстовите на нивната музика да не се толку насочени кон британскиот, англискиот и лондонскиот живот ,туку да бидат поинтроспективни, што не беше случај со бритпопот кога беше популарен. Покрај поголемата желба да соработуваат со американскиот печат и обожавателите, ова можеби најмногу им помогна на голем број од нив да постигнат меѓународен успех. Се смета дека бендовите на пост-бритпоп-музиката го презентираат на имиџот на рок-ѕвезда како обичен човек и нивната помелодична музика се критикуваше дека е монотона или неоригинална. Пост-бритпоп бендовите како The Verve со Urban Hymns (1997 г.), Radiohead со OK Computer (1997 г.), Travis со The Man Who (1999 г.), Stereophonics со Performance and Cocktails (1999 г.), Feeder со Echo Park (2001 г.),а особено Coldplay со нивниот деби албум Parachutes (2000), постигнаа поголем меѓународен успех отколку другите бритпоп групи кои постоеја пред нив, и беа едни од најпознатите успешни комерцијални изведувачи од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите. Со тоа ги отворија вратите за подоцнежната преродба на гаражниот рок или пост-панк музиката, што исто така се смета како резултат на нивниот интроспективен бренд на рок. Новиот милениум (во 2000-тите)

Главна статија: Емо

[уреди | уреди извор]

Емо се разви од хардкор сцена во Вашингтон во 1980-тите години, најпрво како "emocore", што се користи како термин за да се опишат бендовите кои повеќе го фаворизираат експресивен вокал отколку обичниот груб и пискав стил на пеење. Стилот го предводеа бендовите Rites of Spring и Embrace. Групата Embrace ја основа Ијан Меккаји (Ian MacKaye), чија продуценска куќа Dischord Records стана главен центар за развивање на емо сцена во Вашингтонкаде се создадоа групите Rites of Spring, Dag Nasty, Nation of Ulysses и Fugazi. Fugazi се појавија како дефиниран емо бенд и обожаватели им алтернативните рок следбеници, само заради нивните јасен анти-комерцијални став. Раната емо сцена функционираше како андерграунд, со краткотрајни бендови кои снимаа по некоја песна во некои малечки непознати дискографски куќи. Звукот на емо во средината на 1990-тите го дефинираа бендовите како Jawbreaker и Sunny Day Real Estate кои додаваа елементи на гранџ и помелодичен рок.По големата популарност на гранџ и панк-поп-музиката, емо привлече поголемо внимание со успехот на албумот Pinkerton на Weezer 1996 г. каде се користи поп-панк. Во доцните 1990-ти се пјавуваат бендовите Fugazi, SDRE, Jawbreaker и Weezer, The Promise Ring, Get Up Kids, Braid, Texas Is the Reason, Joan of Arc, Jets to Brazil и најуспешниот бенд Jimmy Eat World.До крајот на милениумот емото беше еден од најпуларните инди стилови во САД.Емо стана многу популарно движење во почетокот на 2000-тите со огромен успех на при продажбата на албумот Bleed American на Jimmy Eat World во 2001 г. и албумот The Places You Have Come to Fear the Most на Dashboard Confessional во 2003 г. Адолесцентите многу подобро го прифатија новиот емо отколку претходни инкарнации. Во исто време, терминот емо не се употребуваше само за да се означи музичкиот жанр. Со него се озnачуваше модата, фризурата и секоја музика која изразуваше емоции. Во последниве години терминот емо го употребуваат критичарите и новинарите кога пишуваат за различни уметници, вклучувајќи ги и мулти-платински изведувачи како што се Fall Out Boy и My Chemical Romance и одделни групи, како Paramore и Panic at the Disco иако тие не сакаат да ги означуваат како такви.

Заживување на гаражниот рок и на Пост-панкот

[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2000 година, се појави нова група на бендови кои изведуваа чисти и основни верзии на звуци на рок гитари. Тие беа дел од гаражниот рок, пост-панк или нов бран на заживување. Бидејќи вакви бендови се појавуваа низ целиот свет, тие беа под различни влијанија (од традиционален блуз, преку нов бран на гранџ), и имаа различни стилови на облекување. Сѐ уште се расправа за тоа дали постои единството во ово жанр. Во 1980-тите и 1990-тите имаше обид за заживување на гаражниот рок и елементи на панкот и од 2000 година изникнаа вакви бендови во неколку земји. На рок сцената во Детроит се појавија групите Von Bondies, Electric Six, Dirtbombs и Detroit Cobras ,а на Њујоршката сцена се прославија Radio 4, Yeah Yeah Yeahs и The Rapture. Други помалку познати изведувачи, како што се Billy Childish и The Buff Medways од Велика Британија,The (International) Noise Conspiracy од Шведска, 5.6.7.8 's од Јапонија, и Oblivians од Мемфис доживеаа андерграунд, регионален или национален успех.Четири бендови кои потекнуваа од овие сцени постигнаа комерцијален успех: The Strokes, кои се појавија на Њујорката клуб сцената со нивниот деби албум Is This It во 2001 г. The White Stripes од Детроит, со нивниот трет албум White Blood Cells во 2001 г., The Hives од Шведска по нивниот албум на компилации Your New Favourite Band во 2001 г., The Vines од Австралија со Highly Evolved во 2002 г.Нив, медиумите ги нарекуваа "Д" бендови и ,,Спасителите на рокенролот ’’.Меѓу вториот бран на групи кој успеаја да постигнат меѓународно успех како резултат на ова движење се најдоа Black Rebel Motorcycle Club, Killers, Interpol и на Kings Of Leon од САД, The Libertines, Arctic Monkeys, Bloc Party, Editors и Franz Ferdinand од Велика Британија, Џет од Австралија и The Datsuns и The D4 од Нов Зеланд.

Металкор и новиот бран на американскиот хеви метал

[уреди | уреди извор]

Металкор музиката претставува американски хибрид на треш метал и хардкор панк и се појави како комерцијална сила во средината на 2000-тите. Влечи корења од треш стилот што го создадоа бендовите Suicidal Tendencies, Dirty Rotten Imbeciles, и Stormtroopers of Death пред две децении и во 1990-тите стана андерграунд феноменот. Од 2004 година, мелодичниот маталкор што беше под влијание на мелодичниот дет-метал им донесе успех на групата Killswitch Engage со албумот The End of Heartache и на Shadows Fall со The War Within со кои се најдоа на 21 и на 20 место албум списокот на Билборд . Во 2008, бендот Bullet for My Valentine од Велс година се најде меѓу топ 5 групите и на американските и британските топ листите со албумот Scream Aim Fire .Во последниве неколку години,меалкор бендовите добија големи награди на фестивалите наОзфест (Ozzfest) и Даунлод ( Download) . Бендот Lamb of God, со нивното мешање на стиловите на металкор, се најдоа на 2 место на топ листите на Билборд во 2009 година со Wrath. Успехот на овие и на другите бендови како на пример на Trivium, кои издадоа и металкор и треш албуми, и Mastodon, кои имаа прогресивниот / слаџ стил, ја потврдија преродбата на метал музиката во Соединетите Американски Држави. Критичарите ова го нарекуваа ,,нов бран на силен американски метал ".Терминот "ретро-метал" го употребуваат бендовите The Darkness од Англија и Wolfmother од Австралија. Албумот Permission to Land на The Darkness од 2003 гдина, што се опиша како "мистериозна реална симулација на металот од 1980-те и глам музиката од 1970-тите години " се искачи на врвот на британските листи.Албумот One Way Ticket to Hell... and Back во 2005 г.го достигна 11 место.Групата Wolfmother во истоимениот деби албум од 2005 година комбинираа елементи на звуците на Deep Purple и Led Zeppelin. Во континентална Европа, особено во Германија и во Скандинавија, металot сѐ уште е многу популарен. Покрај големиот број на локални групи, популарните британски групи как Judas Priest и Iron Maiden продолжуваат да нижат успеси на топ листите во Европа. Помеѓу 2003 и 2008 година, неколку метал бендови се најдоа на германските топ 20 листите со повеќе албуми, меѓу кои спаѓа и финскиот бенд Children of Bodom, норвешките изведувачи Dimmu Borgir, и Blind Guardian од Германија и HammerFall од Шведска. Шведската група In Flames со албумите Come Clarity од 2006 година и A Sense of Purpose од 2008 година се најде на врвот на топ листите во Шведска и на 6 место во Германија.

Дигитален електронски рок

[уреди | уреди извор]

Електронски рок

[уреди | уреди извор]

Во 2000-тите години, со напредокот на компјутерската технологија и на музички софтвер, почна да се создава висококвалитетна музика со користење на само еден лаптоп. Ова резултира со масовен пораст на електронска музика која се создава дома и која е достапна за целата јавноста преку интернетот и со нови форми на изведување како што се лаптроника (laptronica) и лајв кодинг (live coding). Овие техники, исто така, почнаа да ги користат и постоечките бендови, како и изведувачите на индустриски рок како што е пример со албумот Year Zero на Nine Inch Nails во 2007 година и со создавање жанрови каде се микса рокот со дiгитални техники и звуци како што се инди-електроник, електроклаш,денц-панки њу рејв. Електронската инди музика, што почна да се создава на почетокот на 1990-тите години со бендовите Stereolab и Disco Inferno , го започна новиот милениум, како новата дигитална технологија која ја создадоа изведувачите како Бродкаст (Broadcast)од Велика Британија, Џастис (Justice) од Франција, Lali Puna од Германија и The Postal Service и Ratatat од САД, кои миксаа различни инди звуци со електронска музика, а нивни продученти беа некои мали независни дискогравски куќи .Во под-жанрот Electroclash започна во Њујорк на крајот на 1990-тите со комбинирање на синт- поп, техно, панк и перформанц елементи . На чело на овој жанр беа И-Ф(I-F) со нивната песна "Space Invaders Are Smoking Grass " (1998 г.), а пота ги следеа и други уметници како Felix da Housecat, Peaches, Chicks on Speed и Ladytron. Овој жанр се здоби со меѓународно внимание на почетокот на новиот милениум ,а се прошири и на сцената во Лондон и во Берлин, но за брзо време згасна како препознатлив жанр. Денц-панкот ,каде се мешаат звуците на пост-панк со диско и фанк, се создаде во 1980-тите, но го оживеаа некои од бендови кои го заживеаа на гаражниот рок / пост-панк во раните години од новиот милениум, особено Њујоркшките изведувачи како што се Liars, The Rapture и Radio 4, придружени од денс-ориентирани изведувачи кои ги усвоија рок звуците како на пример групата Out Hud. Во Британија, комбинацијата на инди музиката со денц -панк беше позната како нов бран на публицитет за групата Klaxons,а овој термин го присвоија и го применија NME како и голем број на бендови, меѓу кои спаѓаат и Trash Fashion , New Young Pony Club, Hadouken!, Late of the Pier , Тест Icicles, и Shitdisco кои создадоа сцена слична со визуелна аестетична музика и со раната рејв музика

Социјално влијание

[уреди | уреди извор]

Големата популарност на рок-музиката низ целиот свет имаше големо влијание врз општеството. Рокенролот имаше многу силно влијание врз секојдневниот живот, модата, однесувањето и јазикот во споредба со другите социјални случувања. Како што создреваа оригиналните генерации на рокенролот обожавателите , музика стана прифатлив и докажан дел на популарната култура. На почетокот на 1970-тите години, рок песните и изведувачите почнаа да се појавуваат на неколку телевизиски реклами ,а со текокот на времето оваа начин на презентирање стана широко распространет. Почнувајќи од 1980-тите години рок-музиката често беше присутна во филмовите и тв програмата. Многу рокенрол ѕвезди (како и нивните колеги од џезот и блузот) беа познати по нивната нескротлива желба за алкохол и по нивниот тежок живот,а рокенролот често се поврзуваше со сексот и дрогата. Рок-музиката и рок модата се поврзани во неразделна врска, со имиџот со кожна облека на првите рокери како што се Gene Vincent и искинатите фармерки и фланелни кошули на гранџ рок бендови од 1990 година. Рок-музичарите често се обидуваа да коментираат за социјалните прашања директно или како повици за акција. За време на Виетнамската војна се слушаа првите рок песна кои изразуваа протест. Познати рок-музичари ги опејаа проблемите кои се појавуваа во животната средина (песната,,Mercy Mercy Me (The Ecology)’’ на Марвин Гај и движење против апартхејдот (песната ,,Biko’’ на Петар Габриел), насилството во Северна Ирска ,,Sunday Bloody Sunday" на U2) и светската економска политика (,,Kill the Poor ’’ на групата The Dead Kennedys). Рокенролот, како социјален активизам доживеа пресвртница со концертите Live Aid, што се одржаа на 13 јули 1985 година, кои ги опранизираше една добротворна организација во 1984 година "Do they know it's Christmas? ". Рокот, исто така, имаше духовно и верско влијание. Композиторите како Пити Тауншенд (Pete Townshend) во нивната работа ги истражуваа духовни аспекти. Со употребата на терминот "рок бог" се признава верските квалитети со обожавање на некои рок ѕвезди. Христијанскиот рок, алтернативен рок, метал, панк и хардкор, се специфични, препознатливи жанрови на рок-музиката со силни христијански тонови и влијанија. Од друга страна, пак Ози Озборн, Мерилин Менсон,Слајер ( Slayer) и многу други, исто така, се обвинуваа дека се сатани и дека имаат неморално влијание врз нивните слушатели.

Рок-музиката како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Рокер“ (англиски: Rocker) - песна на британската панк-рок група Anti Nowhere League од 1982 година.[1]
  • „Дали си подготвен за рок“ (англиски: R.U. Ready 2 Rock) - песна на американската рок-група Blue Oyster Cult од 1977 година.[2]
  • „Рок-јастог“ (англиски: Rock Lobster) - песна на американската рок-група The B-52's од 1979 година.[3]
  • „Љубовнички рок“ (англиски: Lover's Rock) - песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1979 година.[4]
  • „Рок на револуцијата“ (англиски: Revolution Rock) - песна на англиската рок-група Клеш од 1979 година.[4]
  • „Рокер“ (англиски: Rocker) – џез-композиција на Џери Малиган (Gerry Mulligan) од 1949 година.[5]
  • „Р.О.К. во САД“ (англиски: R.O.C.K. In The U.S.A.) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кугар Меленкамп (John Mellencamp) од 1985 година.[6]
  • „Еволуција во рокот“ (англиски: Evolution In Rock) — песна на американската хардкор-панк група Millions Of Dead Cops.[7]
  • „Древен рок“ (англиски: Rock Of Ages) — песна на американската рок-група Париз (Paris) од 1976 година.[8]
  • „Рок-музика“ (англиски: Rock Music) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies ) од 1990 година.[9]
  • „Рок-кутија“ (англиски: Rock Box) - песна на американската рап-група RUN DMC од 1984 година.[10]
  • „Јас сум рокер“ (англиски: I'm A Rocker)“ - песна на американскиот рок-музичар Брус Спрингстин од 1980 година.[11]
  • „Аналоген рок“ (англиски: Analogue Rock) - песна на британската рок-група Stereolab од 1993 година.[12]
  • „Кој вели дека фанк-група не знае да свири рок?!“ (англиски: Who Says a Funk Band Can't Play Rock?!) - песна на американската фанк-група Funkadelic.[13]
  • „Рок-ѕвезда“ (англиски: Rock Star) — песна на американската рок-група Hole од 1994 година.[14]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: