Прејди на содржината

Суперпартнер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Суперпартнер (или счестичка) — хипотетичка елементарна честичка предвидена со суперсиметријата, една од тековните синергистички теории во честичната (високоенергетска) физика.[1][2]

Суперпартнерите на постоечките фермиони се нарекуваат со додавање на претставката с- (што означуа „супер“ како во счестичка) пред името на фермионот, како на пр. „сврвен кварк“. Суперпартнерите на бозоните пак, ја носат наставката -ино, како на пр. глуино; а сите баждарни суперпартнери се нарекуваат гејџина.

Теориски предвидувања

[уреди | уреди извор]

Според теоријата за суперсиметријата, секој фермион треба да има партнерски бозон (суперпертнер), а секој бозон треба да и има партнерски фермион. Точната ненарушена суперсиметрија вели дека честичката и нејзиниот суперпартнер треба да имаат иста маса. Засега не е пронајден ниеден суперпартнер на честичките по стандардниот модел. Ова може да значи дека суперсиметријата е погрешка како претпоставка, или дека суперсиметријата не е точна ненарушена симетрија на природата. Доколку се пронајдат суперпартнери, нивните маси треба да укажуваат на размерот во кој се нарушува суперсиметријата.[1][3]

Честичките кои се реални скалари (како аксионот), имаат фермионски суперпартнери покрај реланото скаларно поле. Кај аксионите, овие честички се нарекуват аксина или саксиони.

Во дополнетата претстава за суперсиметријата, секоја честичка може да има повеќе од една суперчестичка. На пример, доколку има два примерока на суперсиметријата во четири димензии, фотонот би имал два фермионски и еден скаларен суперпартнер.

Во нула димензии, може да постои суперсиметрија без суперпартнери, но ова е единствен можен случај.

Предизвикување на суперпартнери во забрзувач

[уреди | уреди извор]

Доколку теоријата за суперсиметријата е точна, се очекува ваквите честички да се појават во високоенергетски забрзувач на честички. Ова не би било лесна задача, бидејќи ваквите честички може да имаат маса до илјадапати поголема од нивните „реални“ партнери.[1]

Некои истражувачи се надеваат дека Големиот хадронски судирач на ЦЕРН ќе даде докази за постоењето на суперпартнерските честички.[1] но засега нема такви наоди.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Langacker, Paul (November 22, 2010). Sprouse, Gene D. (уред.). „Meet a superpartner at the LHC“. Physics. New York: American Physical Society. 3 (98). Bibcode:2010PhyOJ...3...98L. doi:10.1103/Physics.3.98. ISSN 1943-2879. OCLC 233971234. Архивирано од изворникот на 2016-12-23. Посетено на 21 February 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Overbye, Dennis (May 15, 2007). „A Giant Takes On Physics' Biggest Questions“. The New York Times. Manhattan, New York]: Arthur Ochs Sulzberger, Jr. стр. F1. ISSN 0362-4331. OCLC 1645522. Посетено на 21 February 2011.
  3. Quigg, Chris (January 17, 2008). „Sidebar: Solving the Higgs Puzzle“. Scientific American. Nature Publishing Group. ISSN 0036-8733. OCLC 1775222. Архивирано од изворникот на 2013-08-18. Посетено на 21 February 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. Jamieson, Valerie (13 December 2013). „Higgs Nobel bash: I was at the party of the universe“. New Scientist. Посетено на 20 December 2013. So far the Higgs hasn't given many supersymmetric clues.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]