Прејди на содржината

Тиркиз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Необработен тиркиз

Тиркиз — полускапоцен камен со специфична сјајна, синозелена (т.н. тиркизна) боја, омилена во сите епохи, па и денес. Старите Египќани го користеле уште пред 5000 години, го користеле и Ацтеките, како и многу индијански племиња кои го нарекувале „Небесен камен“. Називот „тиркиз“ го добил по францускиот збор (turquoise = „турско“), бидејќи преку Турција, овој камен стигнал во Европа, во периодот на Крстоносните војни во XII и XIII век.

Бојата на тиркизот зависи од количината на други минерали во неговиот состав, па кога содржи повеќе бакар, сината боја му е поизразена. Зелената боја e резултат на присуство на железо и на двовалентен хром.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]