Прејди на содржината

Томи Хас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томи Хас
Хас на Ролан Гарос 2009
ИмеТомас Марио Хас
Земја Германија
Место на живеењеБрејдентон, САД
Лос Анџелес, САД
Роден на3 април 1978(1978-04-03)(46 г.)
Роден воХамбург, Германија
Спорт Тенис
Висина&100000000000001880000001,88 м
Професионалец1996
Игра со• десна рака
• еднорачен бекхенд
Заработка$ 13,225,781
Поединечно
Победи-порази563–321 (63.68%)
Титули15
Највисок пласманБр. 2 (13 мај 2002)
Сегашен пласманБр. 506 (31 август 2015)[1]
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенЧФ (1999, 2002, 2007)
Ролан ГаросЧФ (2013)
ВимблдонПФ (2009)
УС ОпенЧФ (2004, 2006, 2007)
Други турнири
Олимписки игриСребрен медал (2000)
Во двојки
Победи-порази68–79
Титули1
Највисок пласманБр. 82 (3 февруари 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Ролан Гарос1К (2011)
УС Опен1К (2005)
Ажурирано на: 31 август 2015.
Олимписки медали
Натпреварувач за  Германија
Тенис во машка конкуренција
Сребрен медал – второ место 2000 Сиднеј Поединечно

Томас Марио „Томи“ Хас (роден на 3 април 1978 г.) — германски професионален тенисер. Тој се натпреварува на АТП турнирите од 1996 година. Откако во 1997 година се рангирал помеѓу првите 100 најдобри тенисери во светот и во мај 2002 година го достигнал врвот во неговата кариера со заземање на 2. место на АТП листата, неговата кариера била прекината поради повреди. Првиот период на повреди предизвикал да ја пропушти целата сезона во 2003 година, и не успеал да се врати помеѓу првите 10 до 2007 година. Хас исто така пропуштил да игра во периодот помеѓу февруари 2010 и јуни 2011, но откако се вратил на терените повторно се рангирал меѓу првите 20 на АТП листата.

Хас никогаш нема освоено Гренд Слем турнир и неговите најдобри резултати се полуфинални двобои, трипати на Отвореното првенство на Австралија и еднаш на Вимблдон. Тој има освоено 15 титули АТП титули вклучувајќи еден Мастерс турнир и има освоено сребрен медал на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј.

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Роден е во Хамбург, Германија од Бригите и Петар Хас[1]. Томи започнал да игра своја верзија на тенис од неговата четврта година, користејќи дрвена штица со која што го удирал топчето од ѕидот или од раката на неговиот татко. Кога неговиот татко го забележал неговиот талент започнал да го носи Хас на работа, бидејќи бил тениски тренер.

На пет годишна возраст Хас го освоил неговиот прв младински турнир во Хамбург. На осум години го освоил вториот во Минхен. Помеѓу единаесетатта и тринаесетатта година тој двапати победил на австриското, германското и европското првенство.

Неговиот талент бил забележан од тенискиот гуру Ник Болетири. Бидејќи Ник бил премногу импресиониран од младиот германец кој тогаш имал 11 години му понудил да остане да тренира на неговата академија во Брејдентон, Флорида бесплатно. На 13-годишна возраст Томи веќе зборувал по малку англиски и се преселил со постојан престој на Флорида за да тренира во академијата.[1]

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Во 1996 година Хас станал професионален тенисер. Тој го привлекол вниманието со освојувањето на неговата прва АТП титула во 1999 година, со пласманот во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и со пласманот во финалето на Гренд слем купот. Наредната родина тој освоил сребрен медал на олимписките игри во Сиднеј, победувајќи ги редоследно Вејн Фереира, Андреас Винчигуера, Алекс Кореча и Макс Мирњи на патот до финалето во кое загубил од Евгениј Кафелников. Во 1998, тој исто така го победил Андре Агаси, во второто коло на Вимблдон.

Хас на тренинг за Светското тимско првенство во Диселдорф, 2005

Во 2001, тој започнал да прави уште поголеми чекори во неговата тениска кариера освојувајќи четири АТП титули, вклучувајќи ја и неговата прва Мастерс титула. Тој 2001 година ја завршил на 8. место на АТП листата, но пропуштил да игра на крајот на сезоната на Мастерс купот поради победата на Горан Иванишевиќ на Вимблдон, со која се изборил за последното осмо место во рангирањето. Во 2002, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија со тешките победи над Тод Мартин, Роџер Федерер, и Марсело Риос. Во полуфиналето тој имал предност над Марат Сафин so 2–1 во сетови, но поради замор од претходните долги натпревари и поради повреда на рамото тој ги загубил следните два сета со 6-0, 6-2.

Хас брзо се издигнал на врвот, заземајќи го 2. место на АТП листата, но тогаш неговата кариера била прекината поради тешката собраќајна несреќа на неговите родители поради која неговиот татко завршил во кома. Најголемиот дел од 2002 година Хас го поминал грижејќи се за своите родители, наместо играјќи тенис. Во истиот период, тој поради повреда на рамото бил примиран да иде на операција. Хас бил измачуван од понатамошни повреди и слични компликации и поради тоа тој не се вратил на професионалниот тенис сè до 2004 година.

Пред несреќата на неговите родители и неговата повреда, тој имал импресивен биланс против тогашните и идните светски бр. 1 играчи: 3–0 против Енди Родик, 5–5 против Пит Сампрас, 2–1 против Роџер Федерер, 2–1 против Марат Сафин, и 2–0 против Џим Куријер. Откако се вратил во 2004 година, Хас освоил уште две АТП титули.

Во 2006 година Хас освоил три АТП титули и имал забележителен настапи на Отвореното првенство на САД каде во четвртфиналето бил поразен од Николај Давиденко, и покрај тоа што ги добил првите два сета. Хас се здобил со тешки грчеви во нозете на крајот од третиот сет, и од тогаш па натаму неговата ограничена подвижност на теренот го чинела да го загуби натпреварот. За време на натпреварот тој бил видливо вознемирен, постојано удирајќи ги нозете со рекетот, фрустриран од грчевите.

На крајот од годината тој морал да победи на Мастерсот во Париз за да се квалификува за Мастерс купот. Тој не успеал да победи во Париз, и во полуфиналето бил поразен од Доминик Хрбати.

Во 2007 година, Хас се изборил за своето трето полуфинале на Отвореното првенство на Австралија. На патот до полуфиналето, тој забележал победи над Флоријан Мајер и Давид Налбандијан во третото и четвртото коло редоследно, а во четвртфиналето успеал да му се ревашира на Николај Давиденко, победувајќи го во пет сета. Сепак во полуфиналето, тој бил запрен од Фернандо Гонсалес. И покрај поразот, Хас се вратил во најдобрите 10 на АТП листата првпат по 2002 година.

Во февруари, на турнирот во Мемфис, Хас го победил Енди Родик во финалето во два сета. Хас стигнал до титулата без да се соочи со брејк топки на свој сервис на неговите натпревари. Тој исто така станал вториот тенисер кој освоил три титули на турнирот во Мемфис. Другиот е Џими Конорс, кој победил во 1979, 1983 и 1984 година.

Хас стигнал до четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, во кое загубил од Енди Мари. Иако тој бил познат како тенисер којшто не е добар на тревна подлога, сепак тој за првпат стигнал до четвртото коло на Вимблдон каде забележал победи над Зак Флајшман, Томаш Зиб и Димитриј Турсунов редоследно во првите три натпревари. За жал, тој се здобил со повреда на стомачните мускули и го предал натпреварот против Роџер Федерер во четвртото коло.

Хас на Роџерс купот во 2008

На Отвореното првенство на САД, Хас го изедначил својот најдобар резултат во Њујорк со тоа што стигнал повторно до четвртфиналето со победите во пет сета над Себастијан Грожан и Џејмс Блејк. Хас го победил Блејк во тајбрејк во петтиот сет, во кој успеал да спаси меч-топка. Во четвртфиналето, тој повторно бил поразен од Николај Давиденко.

Во првата половина од 2008 година Хас бил подложен на повреди поради кои ги пропуштил Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на Франција. Поради тоа, Хас значително паднал на АТП листата. Тој стигнал до четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го Енди Мари во три сета. Поради повреда, тој го предал натпреварот во четвртфиналето против Роџер Федерер.

Хас стигнал до третото коло на Вимблдон забележувајќи победи во четири сета над Гилермо Кањас и Томи Робредо редоследно. Во третото коло, тој загубил од Енди Мари во четири сета.

Во сезоната на тврда подлога, тој стигнал до полуфиналето во Вашингтон во кое бил поразен од Хуан Мартин дел Потро. На Мастерсот во Торонто, Хас го победил поранешниот светски бр.1 Карлос Моја, но потоа во второто коло загубил од Николај Давиденко. Последен турнир во сезоната за Хас бил Отвореното првенство на САД, каде тој во првото коло во пет сета забележал победа над Ришар Гаске. Во второто коло, тој иако ги освоил првите два сета, сепак на крајот загубил од Жил Милер.

2009: Преродба

[уреди | уреди извор]

На почетокот од новата сезона Хас се повлекол од Отвореното првенство на Катар поради проблеми со лактот. Негов прв официјален турнир во годината бил Отвореното првенство на Австралија, каде стигнал до третото коло во кое загубил од подоцнежниот шампион Рафаел Надал. На турнирот во Сан Хосе, тој стигнал до четвртфиналето во кое загубил од Енди Родик. Сепак, тој заедно со Радек Штепанек настапил во двојки и успеал да ја освои првата АТП титула во двојки.

Хас на Отвореното првенство на Франција 2009

Хас загубил во првото коло и на двата следни турнири кои се одржале во Мемфис и Делреј Бич. Една недела подоцна, тој стигнал до третото коло на Мастерсот во Индијан Велс победувајќи ги Оскар Ернандес и Рајнер Шитлер, но таму бил поразен од Новак Ѓоковиќ.

Европската сезоната на земја, Хас ја започнал на Мастерсот во Мадрид, каде од квалификациите обезбедил место во главниот ждреб и во првото коло забележал победа над Ернест Гулбис. Во второто коло тој бил поразен од Енди Родик. Следно, на Отвореното првенство на Франција, Хас тесно загубил во четвртото коло од Роџер Федерер, откако претходно редоследно забележал победи над Андреј Павел, Леонардо Мајер и Жереми Шарди.

На Отвореното првенство на Хале, Хас ја освоил неговата прва титула на тревна подлога во неговиот 21. АТП настап. Тој го победил четвртиот носител Жо-Вилфрид Цонга во второто коло, Миша Зверев во четвртфиналето и Филип Колшрајбер во полуфиналето. Тој во финалето го победил вториот носител на турнирот Новак Ѓоковиќ во три сета.[2] Поради добрите резултати, тој се искачил на 35. место на АТП листата.

На Вимблдон, Хас победил во неверојатен натпревар во пет сета против Марин Чилиќ. Хас имал водство од 2–0 во сетови и имал меч топка во четвртиот сет, но потоа Чилиќ се вратил во натпреварот и сервирал за победа во петтиот сет при резултат 5-6. Хас успеал да направи брејк, при што натпреварот морал да биде прекинат поради мрак. Наредниот ден, Хас му го одземал сервисот на Чилиќ при резултат 8-8 и победил. Хас лесно го победил Игор Андреев и во четвртфиналето вторпат во три недели успеал да го победи Новак Ѓоковиќ со што за првпат во својата кариера се пласирал во полуфинале на Вимблдон, во кое за противник го имал Федерер. Хас загубил од Федерер, кој потоа во финалето стигнал до историската седма титула. Со овој резултат, Хас се искачил на 19. место на АТП листата.

Хас продолжил во исто темпо и стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Лос Анџелес победувајќи го Марат Сафин во четвртфиналето. Сепак, во полуфиналето тој загубил од домашниот играч, Сем Квери. Хас стигал до третото коло на Отвореното првенство на САД во кое загубил од Фернандо Вердаско. Тој годината ја завршил на 17. место на АТП листата.

По неговото одлично враќање, Хас повторно се здобил со повреди. Тој стигал до третото коло на Отвореното првенство на Австралија, во кое загубил од Жо-Вилфрид Цонга откако претходно ги победил Симон Грojл и Јанко Типсаревиќ. По февруари, тој не настапил на ниту еден турнир поради опоравување од операциите на неговиот десен кок и десното рамо и повторно излегол од АТП листата.[3]

Тој се вратил на терените кон крајот на април 2011 на турнирот во Минхен каде заедно со Радек Штепанек играл во двојки, но тие загубиле уште во првото коло.[4] На Отвореното првенство на Франција, Хас заирал во поединечна конкуренција, но загубил уште во првото коло од Марсел Илхан. На тревна подлога, во Хале, Хас во првото коло загубил од Андреас Сепи, а на Вимблдон исто така во првото коло, овојпат од Жил Милер. Најдобар резултат тој остварил на Отвореното првенство на САД, каде стигнал до третото коло во кое бил запрен од Хуан Монако. Освен на Гренд Слем турнирите, Хас настапил на само десет турнири, главно во јули, август и октомври.

2012: Повторна преродба

[уреди | уреди извор]
Хас на Отвореното првенство на САД 2012

Хас ја започнал сезоната на турнирот во Бризбејн, но морал да се повлече во второто коло.[5] Тој настапил на Отвореното првенство на Австралија, победувајќи го Денис Кудла во првото коло, но во второто коло загубил од Рафаел Надал.

Тој стигнал до полуфиналето на турнирот во Минхен во кое бил поразен од Марин Чилиќ, откако претходно забележал редоследно победи над Михаел Берер, Жо-Вилфрид Цонга и Маркос Багдатис. Поради слабиот ранкинг, тој морал да игра квалификации за влез во главниот ждреб на Отвореното првенство на Франција. Тој лесно минал низ трите квалификациони натпревари и изборил настап во главниот ждреб, во кој стигнал до третото коло во кое загубил од Ришар Гаске.

На Отвореното првенство на Хале, играјќи со вајлд-карта, Хас вторпат во кариерата ја освоил титулата победувајќи ги поранешните шампиони на турнирот, Томаш Бердих и Филип Колшрајбер[6] со што се пробил до финалето во кое го победил третиот носител и петткратниот шампион Роџер Федерер во два сета.[7] Сепак во првото коло на Вимблдон истиот месец, тој во пет сета загубил од сонародникот Колшрајбер.

Хас продолжил со добрата форма во втората половина од сезоната. Тој стигнал до финалето на Отвореното првенство на Германија, во кое загубил од Хуан Монако.[8] Една недела подоцна, тој стигнал до финалето во Вашингтон во кое бил поразен од Александар Долгополов.[9] Овие две финалиња го вратиле Хас меѓу најдобрите 50 на АТП листата.

Хас успеал да стигне до две четвртфиналиња на АТП Мастерс 1000 турнирите, што воедно претставувал и негов најдобар настап на тоа ниво од 2008 година. Тој во октомври брзо се вратил меѓу најдобрите 20 на АТП листата,[10] но на крајот од сезоната завршил на 21. место. Тоа било доволно за да се закити со наградата повратен играч на годината за вторпат во неговата кариера.[11]

2013: 15. АТП титула

[уреди | уреди извор]

Хас ја започнал споро новата сезона и загубил од Јарко Ниеминен во првото коло на Отвореното првенство на Австралија. Сепак, во февруари на турнирот во Сан Хосе, тој стигнал до своето 25. АТП финале во кариерата против бранителот на титулата Милош Раониќ, но загубил во два сета.[12] Следно тој играл на турнирот во Делреј Бич, каде загубил од Ернест Гулбис во три сета во полуфиналето.[13]

На Мастерсот во Индијан Велс, тој стигнал до четвртото коло во кое загубил од Хуан Мартин дел Потро, откако претходно во третото коло забележал победа над Николас Алмагро во натпревар во кој спасил меч топка. Две недели подоцна, на Мастерсот во Мајами, тој го победил светскиот бр. 1 Новак Ѓоковиќ во два сета. Тоа било негова прва победа над светски бр. 1 по победата над Андре Агаси во 1999 година.[14] Во четвртфиналето тој го победил Жил Симон и стигнал до своето прво полуфинале во Мајами, и прво полуфинале на мастерс турнир по Мастерсот во Париз во 2006 година. Таму, тој загубил од третиот носител, Давид Ферер со 6–4, 2–6, 3–6.

На почетокот на мај, тој ја освоил првата титула во годината, на турнирот во Минхен, победувајќи го Филип Колшрајбер во германското финале.[15]

Хас влегол во историјата на Отвореното првенство на Франција, кога не успеал да реализира рекордни 12 меч топки против Џон Изнер во четвртиот сет од нивниот натпревар во третото коло. Изнер го освоил сетот во тај-брејк, но во петтиот сет Хас се вратил од негативата од 2-4, спасил меч топка на 4-5 и на крајот победил со 10-8.[16] Во четвртото коло тој бил подобар од Михаил Јужни, но во четвртфиналето бил поразен од Новак Ѓоковиќ во три сета.[17]

На Отвореното првенство на Хале, Хас загубил во полуфиналето од Роџер Федерер, откако претходно забележал редоследно победи над Ернест Гулбис и Гаел Монфис. Хас стигнал до четвртото коло на Вимблдон, но таму за противник го имал Ѓоковиќ, кој повторно победил во три сета.

На следните два турнири, во Штутгарт и Хамбург, Хас двапати бил идентично поразен од Фабио Фоњини со 2–6, 4–6 во сетови. На турнирот во Вашингтон, Хас во четвртфиналето во два тај-брејк сета забележал победа над Григор Димитров, но во полуфиналето бил поразен од Хуан Мартин дел Потро. Тој стигнал до третото коло на Отвореното првенство на САД, но таму бил запрен од Михаил Јужни.

Хас ја освоил својата 15. АТП титула во кариерата, победувајќи го Робин Хасе во финалето на турнирот во Виена. Тој годината ја завршил на 12. место на АТП листата со два последователни порази од Филип Колшрајбер на турнирите во Валенсија и Париз.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Бригите и Петар Хас се родителите на Хас. Тој има две сестри, Сабине (родена на 24 април 1975) и Карин (родена на 16 јуни 1979).

Хас е оженет со глумицата Сара Фостер. Таа е ќерка на композиторот Давид Фостер. На 27 јануари 2010 Хас станал државјанин на САД.[18]

На 5 јули 2010 година на неговото мрежно место Хас објавил дека за првпат ќе стане татко. На 15 ноември 2010 година Хас објавил дека неговата жена Сара родила девојче - Валентина. Тој изјавил дека би сакал да продолжи да игра уште долго за неговата ќерка да може да го гледа.

Големи финалиња

[уреди | уреди извор]

Олимписки финалиња

[уреди | уреди извор]

Поединечно: 1 (1 сребрен медал)

[уреди | уреди извор]
Исход Година Турнир Подлога Противник Резултат
Сребро 2000 Олимписки игри во Сиднеј Тврда Русија Евгениј Кафелников 6–7(4–7), 6–3, 2–6, 6–4, 3–6

АТП Мастерс 1000

[уреди | уреди извор]

Поединечно: 2 (1–1)

[уреди | уреди извор]
Исход Година Мастерс Подлога Противник Резултат
Победник 2001 Штутгарт Тврда Белорусија Макс Мирњи 6–2, 6–2, 6–2
Финалист 2002 Рим Земја САД Андре Агаси 3–6, 3–6, 0–6

АТП финалиња во кариера

[уреди | уреди извор]
АТП рангирање

Поединечно: 28 (15–13)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Гренд Слем турнири (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
Гренд Слем Куп (0–1)
Олимписки сребрен медал (1)
АТП Мастерс 1000 (1–1)
АТП 500 серија (4–4)
АТП 250 серија (10–6)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 13 октомври 1997 Франција Лион, Франција Тврда Франција Фабрис Санторо 4–6, 4–6
Финалист 2. 19 октомври 1998 Франција Лион, Франција (2) Тврда Шпанија Алекс Кореча 6–2, 6–7(6–8), 1–6
Финалист 3. 11 јануари 1999 Нов Зеланд Окленд, Нов Зеланд Тврда Холандија Сјенг Шалкен 4–6, 4–6
Победник 1. 15 февруари 1999 САД Мемфис, САД Тврда САД Џим Куријер 6–4, 6–1
Финалист 4. 19 јули 1999 Германија Штутгарт, Германија Земја Шведска Магнус Норман 7–6(8–6), 6–4, 6–7(7–9), 0–6, 3–6
Финалист 5. 17 септември 1999 Германија Минхен, Германија Тепих Обединето Кралство Грег Руседски 3–6, 4–6, 7–6(7–5), 6–7(5–7)
Финалист 6. 1 мај 2000 Германија Минхен, Германија Земја Аргентина Франко Скилари 4–6, 4–6
Финалист 7. 18 септември 2000 Австралија Летни олимписки игри 2000, Сиднеј, Австралија Тврда Русија Евгениј Кафелников 6–7(4–7), 6–3, 2–6, 6–4, 3–6
Финалист 8. 9 октомври 2000 Австрија Виена, Австрија Тврда Обединето Кралство Тим Хенман 4–6, 4–6, 4–6
Победник 2. 1 јануари 2001 Австралија Аделаида, Австралија Тврда Чиле Николас Масу 6–3, 6–1
Победник 3. 20 август 2001 САД Лонг Ајленд, САД Тврда САД Пит Сампрас 6–3, 3–6, 6–2
Победник 4. 8 октомври 2001 Австрија Виена, Австрија Тврда Аргентина Гуљелмо Кањас 6–2, 7–6(8–6), 6–4
Победник 5. 15 октомври 2001 Германија Штутгарт, Германија Тврда Белорусија Макс Мирњи 6–2, 6–2, 6–2
Финалист 9. 6 мај 2002 Италија Рим, Италија Земја САД Андре Агаси 3–6, 3–6, 0–6
Победник 6. 12 април 2004 САД Хјустон, САД Земја САД Енди Родик 6–3, 6–4
Победник 7. 12 јули 2004 САД Лос Анџелес, САД Тврда Германија Николас Кифер 7–6(8–6), 6–4
Победник 8. 5 февруари 2006 САД Делреј Бич, САД Тврда Белгија Ксавие Малис 6–3, 3–6, 7–6(7–5)
Победник 9. 25 февруари 2006 САД Мемфис, САД (2) Тврда Шведска Робин Седерлинг 6–3, 6–2
Победник 10. 24 јули 2006 САД Лос Анџелес, САД (2) Тврда Русија Дмитриј Турсунов 4–6, 7–5, 6–3
Победник 11. 25 февруари 2007 САД Мемфис, САД (3) Тврда САД Енди Родик 6–2, 6–3
Победник 12. 14 јуни 2009 Германија Хале, Германија Трева Србија Новак Ѓоковиќ 6–3, 6–7(4–7), 6–1
Победник 13. 17 јуни 2012 Германија Хале, Германија (2) Трева Швајцарија Роџер Федерер 7–6(7–5), 6–4
Финалист 10. 22 јули 2012 Германија Хамбург, Германија Земја Аргентина Хуан Монако 5–7, 4–6
Финалист 11. 5 август 2012 САД Вашингтон, САД Тврда Украина Александар Долгополов 7–6(9–7), 4–6, 1–6
Финалист 12. 17 февруари 2013 САД Сан Хосе, САД Тврда Канада Милош Раониќ 4–6, 3–6
Победник 14. 5 мај 2013 Германија Минхен, Германија Земја Германија Филип Колшрајбер 6–3, 7–6 (7–3)
Победник 15. 20 октомври 2013 Австрија Виена, Австрија Тврда Холандија Робин Хасе 6–3, 4–6, 6–4
Финалист 13. 16 февруари 2014 Хрватска Загреб, Хрватска Тврда Хрватска Марин Чилиќ 3–6, 4–6

Двојки: 1 (1–0)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Гренд Слем турнири (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (1–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противник Резултат
Победник 1. 9 февруари 2009 Сан Хосе, САД Тврда Чешка Радек Штепанек Индија Рохан Бопана
Финска Јарко Ниеминен
6–2, 6–3

Победи над Топ 10 играчи

[уреди | уреди извор]
Сезона 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 Вкупно
Победи 0 2 3 4 6 6 2 0 3 1 3 7 1 3 0 0 4 1 1 47
# Играч Ранг Турнир Подлога Рунда Резултат
1997
1. Шпанија Карлос Моја 9 Хамбург, Германија Земја 2. коло 6–4, 6–1
2. Русија Евгениј Кафелников 7 Лион, Франциј Тепих Полуфинале 4–6, 6–4, 6–3
1998
3. Шведска Јонас Бјеркман 9 Дејвис куп, Хамбург, Германија Тврда Групна фаза 6–3, 7–6(7–4), 7–5
4. Чиле Марсело Риос 2 Лион, Франција Тепих Полуфинале 6–2, 1–0 ret.
5. Шпанија Алекс Кореча 6 Париз, Франција Тепих 2. коло 7–6(7–2), 2–6, 6–3
1999
6. Обединето Кралство Тим Хенман 7 Светско екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Групна фаза 6–7(4–7), 7–6(9–7), 6–3
7. Холандија Ричард Крајчек 5 Хертогенбош, Холандија Трева Четвртфинале 7–6(7–3), 1–6, 6–4
8. Шпанија Карлос Моја 9 Штутгарт, Германија Земја Четвртфинале 7–6(7–3), 6–2
9. САД Андре Агаси 1 Гренд Слем куп, Минхен, Германија Тврда Четвртфинале 6–0, 6–7(2–7), 6–4
2000
10. Бразил Густаво Куертен 6 Индијан Велс, САД Тврда 2. коло 7–6(7–4), 7–6(7–1)
11. Шведска Томас Енквист 9 Минхен, Германија Земја Полуфинале 7–6(7–5), 1–6, 6–4
12. Шведска Томас Енквист 7 Светско екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Групна фаза 5–7, 6–2, 6–2
13. САД Пит Сампрас 2 Светско екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Групна фаза 7–5, 6–2
14. Шпанија Алекс Кореча 9 Олимписки игри, Сиднеј, Австралија Тврда 3. коло 7–6(9–7), 6–3
15. Шпанија Алекс Кореча 9 Виена, Австрија Тврда 1. коло 6–1, 6–0
2001
16. Австралија Лејтон Хјуит 7 Аделаида, Австралија Тврда Четвртфинале 6–4, 0–6, 6–1
17. Шведска Магнус Норман 9 Светско екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Групна фаза 6–7(3–7), 7–6(7–3), 6–4
18. Австралија Лејтон Хјуит 6 Светско екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Групна фаза 7–6(7–5), 3–6, 6–3
19. САД Пит Сампрас 10 Лонг Ајленд, САД Тврда Финале 6–3, 3–6, 6–2
20. Обединето Кралство Тим Хенман 9 Штутгарт, Германија Тврда Четвртфинале 2–6, 6–3, 6–4
21. Австралија Лејтон Хјуит 3 Штутгарт, Германија Тврда Полуфинале 2–6, 6–3, 6–4
2002
22. Русија Евгениј Кафелников 5 Светско екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Групна фаза 7–6(7–5), 6–3
2004
23. САД Енди Родик 2 Хјустон, САД Земја Финале 6–3, 6–4
24. САД Андре Агаси 10 Лос Анџелес, САД Тврда Четвртфинале 7–6(7–5), 6–7(6–8), 6–3
25. Германија Рајнер Шитлер 8 Синсинати, САД Тврда 1. коло 6–3, 1–6, 6–4
2005
26. Аргентина Гастон Гаудио 6 Светско екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Финале 6–4, 6–3
2006
27. САД Андре Агаси 9 Индијан Велс, САД Тврда 3. коло 7–5, 6–2
28. САД Енди Родик 4 Хјустон, САД Земја Четвртфинале 6–7(1–7), 6–4, 6–4
29. САД Џејмс Блејк 9 Париз, Франција Тепих 2. коло 6–4, 6–2
2007
30. Аргентина Давид Налбандијан 8 Отворено првенство на Австралија Тврда 4коло 4–6, 6–3, 6–2, 6–3
31. Русија Николај Давиденко 3 Отворено првенство на Австралија Тврда Четвртфинале 6–3, 2–6, 1–6, 6–1, 7–5
32. Хрватска Марио Анчиќ 9 Дејвис куп, Крефелд, Германија Тврда Групна фаза 2–6, 6–4, 6–4, 6–4
33. Хрватска Иван Љубичиќ 8 Дејвис куп, Крефелд, Германија Тврда Групна фаза 6–2, 7–6(9–7), 6–4
34. САД Енди Родик 4 Мемфис, САД Тврда Финале 6–3, 6–2
35. Чиле Фернандо Гонсалес 5 Индијан Велс, САД Тврда 4. коло 6–3, 6–2
36. САД Џејмс Блејк 6 Отворено првенство на САД Тврда 4 коло 4–6, 6–4, 3–6, 6–0, 7–6(7–4)
2008
37. САД Енди Родик 6 Индијан Велс, САД Тврда 2. коло 6–4, 6–4
2009
38. Франција Жо-Вилфрид Цонга 9 Хале, Германија Трева 2. коло 6–3, 7–6(7–3)
39. Србија Новак Ѓоковиќ 4 Хале, Германија Трева Финале 6–3, 6–7(4–7), 6–1
40. Србија Новак Ѓоковиќ 4 Вимблдон Трева Четвртфинале 7–5, 7–6(8–6), 4–6, 6–3
2012
41. Франција Жо-Вилфрид Цонга 5 Минхен, Германија Земја 2. коло 6–1, 6–4
42. Чешка Томаш Бердих 7 Хале, Германија Трева Четвртфинале 6–4, 3–6, 7–5
43. Швајцарија Роџер Федерер 3 Хале, Германија Трева Финале 7–6(7–5), 6–4
44. Србија Јанко Типсаревиќ 9 Шангај, Кина Тврда 3. коло 6–2, 6–1
2013
45. Србија Новак Ѓоковиќ 1 Мајами, САД Тврда 4 коло 6–2, 6–4
2014
47. Швајцарија Станислас Вавринка 3 Рим, Италија Земја 3. коло 5–7, 6–2, 6–3
  1. 1,0 1,1 1,2 http://www.atpworldtour.com/Tennis/Players/Top-Players/Tommy-Haas.aspx
  2. „Haas beats Djokovic to win title“. BBC Sport. 14 June 2009. Посетено на 15 June 2009.
  3. Gainey, Tom. „Tommy Haas Undergoes Hip Surgery, Out Indefinitely“. TennisX. Посетено на 10 January 2013.
  4. Rothenburg, Ben. „Tommy Haas on Flags, Frauleins, And Ponytails“. SB Nation. Посетено на 10 January 2013.
  5. „Injured Haas in doubt for Australian Open“. Sydney Morning Herald. 4 January 2012. Посетено на 4 January 2012.
  6. Staff writer (16 June 2012). „Federer, Haas reach Halle final“. Eurosport. Yahoo. Посетено на 17 June 2012.
  7. Newman, Paul (17 June 2012). „Evergreen Nalbandian turns back the clock on grass“. The Independent. London. Посетено на 19 June 2012.
  8. „Juan Monaco lifts the German Open Tennis Championships Trophy“. Архивирано од изворникот на 2012-07-25. Посетено на 2012-07-23.
  9. Breen, Matt (6 August 2012). „Citi Open tennis: Alexandr Dolgopolov tops Tommy Haas in rain-delayed title match“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 10 January 2013.
  10. „ATP Shanghai – Novak Djokovic takes down veteran Haas to reach semi finals“. Tennisworldusa. Посетено на 10 January 2013.
  11. Lindhal, Tommy. „Haas happy as ATP 2012 comeback king“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 10 January 2013.
  12. „Tommy Haas, Milos Raonic into final“. ESPN. Посетено на 17 February 2013.
  13. „Ernests Gulbis upsets Tommy Haas to reach Delray Beach final“. CNN. 2 March 2013. Архивирано од изворникот на 2013-11-05. Посетено на 2015-09-13.
  14. Eckstein, Jeremy. „Tommy Haas vs. Novak Djokovic Is Inspiring Story from Roger Federer's Generation“. Bleacher Report. Посетено на 25 March 2013.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-16. Посетено на 2015-09-13.
  16. http://www.bbc.co.uk/sport/0/tennis/22741065
  17. http://www.bbc.co.uk/sport/0/tennis/22789774
  18. „Haas Receives US Citizenship=atpworldtour%7cacce“. 5 February 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Награди
Претходник
Австралија Марк Филипусис
Аргентина Хуан Мартин дел Потро
Враќање на годината
2004
2012
Наследник
САД Џејмс Блејк
Рафаел Надал