Тупаи
Тупаи | |
---|---|
Остров | |
Фотографија на НАСА од островот Тупаи. | |
Карта на Заветрените Острови | |
Земја | Франција |
Прекуморски региони на Франција | Француска Полинезија |
Архипелаг | Друштвени Острови |
Група | Заветрени Острови |
Површина | |
• Вкупна | 11 км2 (4 ми2) |
Население | |
• Вкупно | 0 |
• Густина | 0,0/км2 (0,0/ми2) |
Тупаи, исто така наречен 'Motu Iti' — ниско поставен атол во Друштвени Острови, Француска Полинезија. Се наоѓа на 19 километри северно од Бора Бора и припаѓа на западните Заветрени Острови (француски: Îles Sous-le-vent). Овој мал атол има површина од 11 км2. Неговиот широк корален гребен опфаќа плитка песочна лагуна. Тупаи нема постојани жители освен некои работници во плантажите со кокос. Постои приватен аеродром на Тупаи. Инаугуриран бил во 2001 година и неговата употреба е ограничена.
Администрација
[уреди | уреди извор]Атолот Тупаи административно припаѓа на комуната Бора Бора.
Туризам
[уреди | уреди извор]На 4 август 1997 владата на Француска Полинезија го откупила атолот Тупаи за $8,000,000 со план тука да развива туризам. Островот бил откупен од некој жител на Папете, кој имал плантажи на копра низа архипелагот, но западнал во долгови. Право на земјата побарале околу 1000 локални Полинезијци, повикувајќи се на наследни права на делови на атолот. Владата на Француска Полинезија ветила дека ќе се грижи за животната средина и туризмот ќе го развива во разумни граници.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „FRENCH POLYNESIA BUYS TUPAI ATOLL | Pacific Islands Report“. www.pireport.org. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 2018-12-22.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]16°17′S 151°50′W / 16.283° ЈГШ; 151.833° ЗГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница