Прејди на содржината

Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФЕИТ)
Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје
Виддржавен
Основан1965
ДеканПроф. д-р Владимир Атанасовски
МестоСкопје, Република Македонија
www.feit.ukim.edu.mk
Официјалното лого на ФЕИТ
Официјалното лого на ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја започнал својата дејност во 1959. година, кога на Техничкиот факултет во Скопје, со одлука на Извршниот совет на Народна Република Македонија бил формиран електромашинскиот оддел.

Од септември 1965 година, дотогашниот електромашински оддел започнал да работи како самостоен Електромашински факултет, со два отсека: електротехнички, со насоки електроенергетика и електроиндустрија, и машински.

Обемот на апликативната дејност во текот на развојот на факултетот претрпела неколку значителни варијации, од зенит при крајот на осумдесеттите години до драстичен пад во почетокот на транзициониот период. Денес, средствата од апликативната дејност учествуваат со 16% во вкупните приходи на факултетот и задоволуваат низа потреби на нормалното работење, односно придонесуваат за платниот фонд, за обновата на наставната и научноистражувачката опрема, за презентација на научноистражувачката работа во земјата и во странство.

Старото име на факултетот било Електротехнички факултет.

Институти

[уреди | уреди извор]

Факултетот за електротехника и информациски технологии денес е составен од единаесет институти.

Додека до 1978 година носители на трите основни дејности на електротехничкиот факултет биле само двата института за енергетика и за електроника, денес овие дејности ги реализираат единаесет институти, во чии рамки работат четиринаесет лаборатории.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]