Инѕаги настапувал на позицијата напаѓач за неколку италијански клубови, а најголемиот дел од својата кариера го поминал во екипите на Јувентус и Милан, со кој освои две титули во Лигата на шампионите во (2003 и 2007), и три скудета во Серија А, едно со Јувентус во 1998 година и две со Милан во 2004 и 2011 година. Тој е еден од најплодните напаѓачи на сите времиња, и е на петтото место во Италија, со 313 постигнати голови во официјалните натпревари. Тој во моментов е четврти голгетер на УЕФА евиденција на клупско натпреварување и статистика со постигнати 70 гола, веднаш зад Раул Гонсалес, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој е, исто така, врвен меѓународен стрелец на Милан во историјата на клубот со 43 голови. Исто така го држи рекордот со најмногу хет-трика во Серија А - 10.
На репрезентативно ниво, Инѕаги забележал 57 настапи за италијанската репрезентација во периодот меѓу 1997 и 2007 година, постигнувајќи 25 гола. Тој ја претставувал својата земја на три Светски првенства, и бил во составот 2006-тата година на Светско првенство во Германија каде италијанците го освоиле златниот медал. Исто така тој учествувал и на Европскот првенство 2000, каде што го освоил второто место на турнирот.