Прејди на содржината

Фрејзер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрејзер
Лого
Создадена одДејвид Енџел
Питер Кејси
Дејвид Ли
УлогиКелси Грамер
Дејвид Хајд Пирс
Џон Махони
Џејн Ливс
Пери Гилпин
Земја на потекло САД
Бр. на епизоди265
Производство
Времетраење24 минути
Прикажување
Првична мрежаNBC‏‎
Сликов формат480i (SDTV)
Звучен форматстерео
Првично прикажување16 септември, 1993 – 13 мај, 2004

Фрејзер (англиски: Frasier) е популарна американска комедија чија главна ѕвезда е Келси Грамер, во улогата на психијатарот д-р Фрејзер Крејн. Келси Грамер ја има играно оваа улога околу дваесет години. Првата средба со ликот на д-р Фрејзер Крејн била во хит серијата Кафулето „На здравје“, која траела 11 сезони. По завршетокот на Кафулето „На здравје“, за овој лик била направена нова серија, а таа е Фрејзер, која што исто така има 11 сезони и е трет најпопуларен т.н. „спин-оф“ на сите времиња. Серијата е создадена и продуцирана од Дејвид Енџел, Питер Кејси и Дејвид Ли, во асоцијација со Парамаунт. Ова трио исто така ја создало и Кафулето „На здравје“. Серијата беше емитувана на Ен-Би-Си, од 16 септември 1993 до 13 мај 2004, и е една од најпопуларните и најгледаните серии на сите времиња, и кај гледачите, и кај критичарите. Има освоено рекордни 39 Еми награди.

Главно дејство

[уреди | уреди извор]

Психијатарот д-р Фрејзер Крејн се враќа во својот роден град Сиетл, Вашингтон, по разводот со Лилит и неговиот живот во Бостон (ова е од серијата На здравје). Неговите планови за нов, ергенски живот стануваат комплицирани, бидејќи со него мора да живее неговиот татко, Мартин Крејн, поранешен полицаец којшто не може сам да живее поради прострелна рана на неговата нога.На Фрејзер и на Мартин им се придружуваат Дафне Мун, терапевтот на Мартин која е ексентрична Британка, и кучето на Мартин, Еди. Чест посетител кај нив е помладиот брат на Фрејзер, Најлс, кој е многу сличен на Фрејзер, интелектуалец, сноб, и исто така е психијатар.

Фрејзер води популарно радио ток шоу на станицата Кеј-Еј-Си-Ел 780 AM. Неговиот продуцент е Роз Дојл, жена со активен љубовен живот. Таа е поразлична од Фрејзер во вкус и темперамент, но и покрај тоа му е блиска пријателка.

Многубројни шеги се развиени во текот на серијата. Едни од главните се конфликтите меѓу Фрејзер, Најлс и Мартин. Фрејзер и Најлс имаат префинет вкус, интелектуални интереси и доста високи мислења за самите себеси, додека пак нивниот татко Мартин е поспуштен на земја. Друго приказна е љубовта на Најлс према Дафне, која е сè поголема и поочигледна, иако Дафне во првите сезони тоа не го приметува. Најлс ја сака Дафне, иако е венчан со Марис, за која дознаваме само од описите на Најлс, а никогаш не ја гледаме.

  • Серијата има освоено 39 Еми Награди за време на 11-годишното прикажување. Грамер и Пирс имаат освоено по четири.
  • Грамер го има глумено Фрејзер околу 20 години, што претставува еден од најдолгите ликови во историјата. Најдолг лик во целата телевизиска историја го има играно, и сè уште го игра Хелен Вагнер во сапуницата Како што се врти светот. Нејзината улога на Ненси Хјуџ започнала во првата епизода на сапуницата, во 1956, и трае сè до денес.
  • Грамер накратко беше најплатениот глумец во историјата, достигнувајќи плата до 1,6 милиони долари по епизода во последните две сезони. Но, за една година, Реј Романо го престигна.

Гледаност

[уреди | уреди извор]

Ова е ранкирање на гледаноста на сезоните во САД, според рејтинзите на Нилсен.

Сезона Рангирање
1993-1994 #7
1994-1995 #15
1995-1996 #11
1996-1997 #16
1997-1998 #10
1998-1999 #3
1999-2000 #6
2000-2001 #17
2001-2002 #14
2002-2003 #26
2003-2004 #35

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]