Хермипа (месечина)
Хермипа ( старогрчки јазик: Ερμίππη), или Јупитер XXX — приородна месечина на Јупитер. Откриен е од страна на екипа на астрономи Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард, Дејвид Џуит и Џен Клијна во 2001 година, и дадена е привремената ознака S/2001 J 3.[1]
Хермипа има пречник од 4 километри, ие во орбита околу Јупитер на просечно растојание од 21 Gm со период од 630 денови, со наклон од 151° во однос на еклиптиката (149° во однос на Јупитеровиот екватор), во повратна насока и со занесување од 0,2290.
Именувана е во август 2003 година од страна на МАС, според Хермипа, љубовница на Зевс (Јупитер).[2]
Хермипа е припадник на Ананкината група, и е повратна неправилна месечина во орбита околу Јупитер на растојание меѓу 19,3 и 22,7 Gm, со наклон од 150°.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ MPEC 2002-J54: Eleven New Satellites of Jupiter May 15, 2002 (discovery and ephemeris)
- ↑ IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus Архивирано на 9 јули 2008 г. 2003 August (naming the moon)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Jupiter's Known Satellites (by Scott S. Sheppard)
- New Jupiter Satellite Movie Images (image)
- Astronomers Discover 11 More Small Moons of Jupiter (JPL, 2002) Архивирано на 2 јануари 2017 г.
|