Хромозом 1 (човек)
Првиот човечки хромозом или хромозомот 1 е најголемиот човечки хромозом. Здравите единки имаат две копии на хромозомот 1 (како што е и со останатите телесни хромозоми) кои не се полови хромозоми. Хромозомот 1 се протега на околу 247 милиони нуклеотидни базни парови кои се основните единици на ДНК. Тој претставува околу 8% од вкупната ДНК во човечките клетки.
Се претпоставува дека хромозомот 1 се состои од 4220 гени, надминувајќи ги претходните претпоставки основани на неговата должина. Тој е последниот хромозом на кого му се одредени нуклеотидните низи, и тоа две декади по започнувањето на Human Genome Project.
Бројот на варијации на нуклеотидите (SNP или единечен нуклеотиден полиморфизам) изнесува околу 740000.
Гени
[уреди | уреди извор]Следните ознаки се кратенки за гените кои се наоѓаат на хромозомот 1, а до нив се наоѓа името на белковината (ензимот) кој тие гени го кодираат:
- ACADM: ацил-Коензим А дехидрогеназа, С-4 до С-12
- ASPM: детерминанта за големината на мозокот
- COL11A1: колаген, тип XI, алфа 1
- CPT2: карнитин палмитоилтрансфераза II
- DBT: дихидролипоамид трансацилаза со разгранет С-ланец Е2
- DIRAS3: DIRAS фамилија на гени
- ESPN: еспин (автозомно рецесивна глувонемост 36)
- F5: коагулациски фактор V (проакцелерин, лабилен фактор)
- FMO3: флавин-содржечка монооксигеназа 3
- GALE: UDP-галактоза-4-епимераза
- GBA: гликозидаза, бета; вклучува гликозилкерамидаза (ген за Гаушерова болест)
- GJB3: белковина која влегува во градбата на меѓуклеточните канали, бета 3, 31kDa (конексин 31)
- GLC1A: ген за глаукома
- HFE2: хемохроматоза тип 2 (младешка состојба)
- HMGCL: 3-хидроксиметил-3-метилглутарил-Коензим А лијаза (хидроксиметилглутарикацидурија)
- HPC1: ген за рак на простата
- IRF6: ген за формирање на сврзно ткиво
- KCNQ4: калиумов канал
- KIF1B: 18 член на фамилијата на киназин
- LMNA: ламин А/С
- MFN2: митофузин 2
- MPZ: миелинска белковина нула (Чаркот-Мари-Тут невропатија 1В)
- MTHFR: 5,10-метилентетрахидрофолат редуктаза (NADPH)
- MTR: 5-метилтетрахидрофолат-хомоцистеин метилтрансфераза
- MUTYH: мутY хомолог (E. coli)
- PARK7: Паркинсонова болест (автозомно рецесивна) 7
- PINK1: PTEN индуцирана киназа 1
- PLOD1: проколаген-лизин 1, 2-оксоглутарат 5-диоксигеназа 1
- PPOX: протопорфириноген оксидаза
- PSEN2: пресенилин 2 (Алцхајмерова болест 4)
- SDHB: сукцинат дехидрогеназа, подединица В на овој комплекс
- TSHB: тироидно-стимулирачки хормон, бета
- UROD: уропорфириноген декарбоксилаза (ген за порфирија кутанеа тарда)
- USH2A: Ашеров синдром 2A (автозомно рецесивен, блага форма)
|