Цитохромите имаат карактеристични апсорпциони спектри, врз основа на кои се и откриени во 1882 година. Така, првите испитувања на цитохромот од миокардот (срцевиотмускул) покажале дека, според апсорпционите спектри, постојат најмалку три видови на цитохроми: a, b и c. По тоа, во различен биолошки материјал, утврдено е постоење на повеќе видови на цитохроми a, b и c, на пример: a, a3, b, b5, c, c1, c2 итн.