Прејди на содржината

Шиничиро Томонага

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шиничиро Томонага
朝永 振一郎
Роден(а)март 31, 1906(1906-03-31)
Токио, Јапонија
Починал(а)јули 8, 1979(1979-07-08) (возр. 73)
Токио, Јапонија
НационалностЈапонија Јапонец
ПолињаТеориска физика
УстановиИнститут за напредни студии
Цукубски универзитет
ОбразованиеКјотски универзитет
Познат поКвантна електродинамика
Поважни наградиАсахиева награда (1946)
Ломоносов златен медал (1964)
Нобелова награда за физика (1965)

Шиничиро Томонага (јапонски: 朝永 振一郎 31 март 19068 јули 1979) — јапонски физичар, влијателен во развивањето на квантната електродинамика, работа за која бил награден со Нобелова награда за физика во 1965,[1] заедно со Ричард Фајнман и Џулијан Швингер.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Томонага е роден во Токио во 1906. Тој бил второ дете и најстар син на јапонски филозоф, Томонага Сањуро. Почнал на учи во Кјотскиот универзитет во 1926. Хидеки Јукава, исто така добитник на Нобелова награда, бил еден од неговите соученици за време на додипломските студии. За време на постдипломските студии во истиот универзитет, тој работел како асистент во универзитетот цели три години. По дипломирањето, се придружил на групата на Јошио Нишина во Јапонскиот истражен институт за природни науки (RIKEN). Во 1937, додека работел во Лајпцишкиот универзитет (Лајпциг, Германија), соработувал со истражувачката група на Вернер Хајзенберг. Две години подоцна, се вратил во Јапонија поради избувнувањето на Втората светска војна, но додека бил во Лајпциг докторирал со есејот за јадрени материјали.

Во Јапонија, бил назначен за проферсор во Токискиот образовен универзитет (претходник на Цукупскиот универзитет). За време на војната го изучувал магнетронот, мезонска теорија, а исто така и неговата „супер-многу-временска“ теорија. Во 1948, тој и неговите студенти преиспитале документ на Сидни Данкоф од 1939 кој се обидел, но не успел, да покаже дека бескрајните вредности кои се зголемуваат во квантната електродинамика можат да се поништат една со друга. Томонга ја применил неговата „супер-многу-временска“ теорија и релативистички метод основан на нерелативистичкиот метод на Волфганг Паули и Маркус Фирц за особено да ги забрза и разјасни пресметките. Потоа тој и неговите студенти забележале дека Данкоф занемарил еден термин во расројувачките низи. Со овој термин теоријата дала финални резултати, така Томонга го открил ренормализацискиот метод независно од Џулијан Швингер и пресметаните физички вредности како што е лемовата смена во исто време.

Во следната година, тој бил поканет од Роберт Опенхајмер за да работи во Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси. Го проучувал многутелниот проблем на колективните осцилации на квантномеханичкиот систем. Следната година, се вратил во Јапонија и ја предложил Томонга-Лутингеровата течност. Во 1965, бил награден со Нобелова награда за физика, заедно со Џулијан Швингер и Ричард Фајнман „за основоположничката работа на полето на квантната електродинамика, со далекусежни последици во физиката на елементарните честички, а особено за пронаоѓањето на ренормализацискиот метод“. Починал од рак на грлото во Токио во 1979.

Томонга се оженил во 1940 со Риоко Секигуши. Заедно имале два сина и една ќерка. Тој бил награден со Поредок на култура во 1952 и со медалот "Grand Cordon" на поредокот на изгрејсонцето во 1976.

Книги од Томонга

[уреди | уреди извор]
  • Томонага, Шиничиро (1997). Приказната за спинот. Печат на Чикашкиот универзитет. ISBN 0-226-80794-0. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Hayakawa, Satio (December 1979). „Obituary: Sin-itiro Tomonaga“. Physics Today. 32 (12): 66–68. Bibcode:1979PhT....32l..66H. doi:10.1063/1.2995326.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: