Шропшир
Шропшир (англиски: Shropshire или Salop) – грофовија во англиската област Западен Мидлендс. Салоп е алтернативно скратено име на оваа област кое денес ретко се користи, освен во името на жителите на Шропшир: Салопијани (Salopians). Грофовијата се граничи со грофовиите: Чешир, Стафордшир, Вустершир, Херефордшир и со Велс на запад. Граничниот ѕид српрема Велс бил изграде во 9 век.
Грофовијата Шропшир е главно земјоделска. Историска престолниа е градот Шрузбери, но најголем град е Телфорд. Во грофовијата се наоѓа Коулбрукдејл, една од колепките на индустриската револуција во Англија и Железниот мост, првиот железен мост на светот.
Во оваа област се експлоатирале јаглен, олово, бакар и железна руда. Дополнителна предност е реката Северн која служи за транспорт.
Администрација
[уреди | уреди извор]Од 1 април 1998 година областа Телфорд и Рикин била издвоена од Шропшир. Со неа управува Советот на Телфорд и Рикин. Со останатите области од историската грофовија од 1 април 1999 година управува Советот на Шропшир (Shropshire Council).
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешнји врски
[уреди | уреди извор]„Шропшир“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Shropshire. |
- Shropshire Council
- Шропшир на Curlie (англиски)
- Shropshire Star
- Images of Shropshire at the English Heritage Archive
- The History of Parliament: the House of Commons - Shropshire, County, 1386 to 1831