.su
Воведен | 1990 |
---|---|
Тип на домен | Највисок државен домен |
Состојба | Активен |
Регистар | Руски инститиут за јавни мрежи |
Покровител | Руски институт за јавни мрежи |
Наменета употреба | Ентитети поврзани со СССР |
Фактичка употреба | Ентитиети од посоветската ера |
Регистрирани домени | 119.423 (јули 2014)[1] |
Ограничувања на рестрацијата | нема |
Состав | Регистрациите се дозволени директно на второ ниво |
Правила при спор | нема |
Мреж. место | RUcenter |
DNSSEC | да |
.su — највисок државен домен за Советскиот Сојуз создаден на 19 септември 1990 година. Иако Советскиот Сојуз се распаднал по само 14 месеци, највисокиот домен .su е во употреба и до ден денес. Го раководи Рускиот институт за јавни мрежи.
Историја
[уреди | уреди извор]Пред создавањето на советскиот домен постоеле само неколку мрежни страници во СССР Internet pages, повеќето припаѓале на универзитетите.[2]
По 1989 година се создадени нови домени во Европа, вклучувајќи ги тука .pl (Полска), .cs (Чехословачка), .yu (Југославија) и .dd (Источна Германија). Меѓу нив бил создаден и доменот за СССР – .su.[3] На почетокот Советскиот Сојуз требаше да добие .ussr домен. Но .su доменот бил осмислен од тогаш 19 годишниот фински студент Петри Ојала.[4] На 26 декември 1991 година се распадна Советскиот Сојуз и републиките се здобија со независност, со што овој домен требало да престане да постои, како што се случило со останатите домени на Источна Германија и Чехословачка. До 1993[3] немало највисок државен домен за Русија. Поради оваа причина земјата продолжила да го користи советскиот домен. Во 1993 година се воведува доменот .ru кој требало да го замени доменот .su.[3] Доменот требало да биде повлечен од ICANN, но бил зачуван по барање од руската влада и корисниците на семрежјето.[3]
Во 2001 година, раководителите на доменот објавиле дека ќе почната да прифаќаат нови записи на доменот .su, но не е јасно дали оваа остапка е во согласност со политиките на ICANN. ICANN изразила намера дека сака да го укине доменот .su и IANA изјавила дека почнала да го отстранува,[5] но лобистите изјавиле дека во септември 2007 година започнале преговори со ICANN за зачувување на доменот.[6] Во првата четвртина на 2008 година, регистрациите на доменот .su се зголемиле за 45%.[7]
Употреба
[уреди | уреди извор]Доменот бил наменет за советските институции и претпријатија кои работеле во СССР. Моментално, и покрај распадот на земјата и преземањето на доменот тој сѐ уште е во употреба. Повеќето од регистрираните домени на .su се во Русија и САД.[8] Според податоците на RU-CENTER, постојат околу 93.500 регистрирани страници на доменот .su (постојат преку 2,8 милиони страници на доменот .ru ).[9] Меѓу институциите кои сѐ уште го користат овој домен се руската партија Наши, која е поврзана со претседателот и премиерот на Руската Федерација,[10] како и од сепаратистичката Федерална држава Новорусија во Источна Украина.[11] Во продолжение, доменот се користи од меѓународните бизниси, како што се Microsoft, Apple и Ford, кои своите руски страници ги имаат регистрирано на доменот .ru. Некои организации кои настанале во Советскиот Сојуз сѐ уште го користат овој домен.[12]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „nic.ru (Russian ccTLD Registry) domain count“. nic.ru. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2014-09-22.
- ↑ Компания "Демос" - первый российский интернет-провайдер. Услуги дата-центра, офисная телефония, Интернет, хостинг - Компания Демос (руски), Архивирано од изворникот на 2011-07-24, Посетено на 12 January 2010
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Marcin Kryska. „Domena internetowa SU“ (полски). Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 11 June 2012.
- ↑ „Юбилей Рунета: 10 лет назад финн Петри Ойала зарегистрировал домен .su“ (руски). Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 12 January 2010.
- ↑ .su Domain Delegation Data IANA
- ↑ Kilner, James (19 September 2007). „USSR still alive on Internet and won't go quietly“. Reuters. Архивирано од изворникот 2007-12-13. Посетено на 5 December 2007.
- ↑ Back in the USSR: Soviet Internet domain name resists death, Mansur Mirovalev, writing for Associated Press, 18 April 2008
- ↑ „Domena .su wciąż używana, chociaż ZSRR już nie ma“ (полски). Посетено на 12 January 2010.
- ↑ „RU TLD: Registration and Delegation Statistics“. Архивирано од изворникот на 2011-05-27. Посетено на 11 May 2010.
- ↑ Nashi. „Молодёжное демократическое антифашистское движение НАШИ / Главная“ (руски). Архивирано од изворникот на 2006-04-23. Посетено на 12 January 2010.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-09-22.
- ↑ „Tons of Hackers are Hanging out in old Soviet Cyberspace“. Gizmodo.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Statistics of registrations under the .su domain Архивирано на 30 март 2010 г.
- RIPN press release regarding future of .su domain Архивирано на 24 јануари 2020 г.