1202
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1202 MCCII |
Ab urbe condita | 1955 |
Ерменски календар | 651 ԹՎ ՈԾԱ |
Асирски календар | 5952 |
Балиски календар | 1123–1124 |
Бенгалски календар | 609 |
Берберски календар | 2152 |
Будистички календар | 1746 |
Бурмански календар | 564 |
Византиски календар | 6710–6711 |
Кинески календар | 辛酉年 (мет. петел) 3898 или 3838 — до — 壬戌年 (вод. куче) 3899 или 3839 |
Коптски календар | 918–919 |
Етиопски календар | 1194–1195 |
Еврејски календар | 4962–4963 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1258–1259 |
- Сачка ера | 1123–1124 |
- Кали-југа | 4302–4303 |
Холоценски календар | 11202 |
Игбоански календар | 202–203 |
Ирански календар | 580–581 |
Исламски календар | 598–599 |
Јапонски календар | Кенин 2 (建仁2年) |
Јавански календар | 1110–1111 |
Јулијански календар | 1202 MCCII |
Корејски календар | 3535 |
Мингуо-календар | 710 пред Р. Кина 民前710年 |
Нанакшахи | −266 |
Тајландски сончев календар | 1744–1745 |
Тибетски календар | 阴金鸡年 (женско железо-петел) 1328 или 947 или 175 — до — 阳水狗年 (машка вода-куче) 1329 или 948 или 176 |
1202 (MCCII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1202 година од новата ера, 202. од вториот милениум, 2. од XIII век и трета од 1200-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6710 и 6711 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5952 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4962 и 4963 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1955.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1202 година се протега во 3838 и 3839, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3898 и 3899 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1745. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 598 и 599 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]По област
[уреди | уреди извор]Азија
[уреди | уреди извор]- 20 мај - Силен земјотрес во реонот на Сирија.
- Џингис Кан ги поразува Татарите.
Европа
[уреди | уреди извор]- мај - октомври - Крстоносците од Четвртата крстоносна војна се собираат во Венеција.
- јули - Јован Безземниот ја спасува неговата мајка, Елеонора Аквитанска, од заробување од страна на бунтовничките сили на Артур I, војводата од Бретања[1].
- 27 јули - Битка кај Басијан: Грузијците ги поразуваат Селуџиците.
- 1 август - Артур I, војводата од Бретања е заробен во Миребо, за време на битка со силите на Јован Безземниот.
- 10 ноември - 23 - Четврта крстоносна војна - Опсада на Задар: Во првата голема акција на крстоносната војна, крстоносците го опседнуваат и освојуваат Задар во Далмација. Крстоносците не можат да ги платат трошоците на Република Венеција за нејзините придонеси во Крстоносната војна поради кое крстоносците се согласуваат да го предадат градот на Венеција како нејзин економски соперник, и покрај писмата од Папа Инокентиј III кои забранува таква акција под закана за изопштување. Ова е прв напад врз Католичката црква од страна на католичките крстоносци.
- Флотата на Алмохадите ги бркаат силите на Ганидите од Балеарските Острови[2].
- Основан е Ливонското братство на мечот, за поддршка на крстоносна војна против жителите на Средновековна Ливонија.
- Папа Инокентиј III го потврдува своето право да го оцени и круниса Светиот римски цар, во писмото до Бертхолд V, војвода од Церинген.
- Данците започнуваат крстоносна војна во Финска, која ја води архиепископот Андерс Сонсен и неговиот брат[3].
По тема
[уреди | уреди извор]Култура
[уреди | уреди извор]- Леонардо Фибоначи од Пиза ја пишува „Liber Abaci“.
Родени
[уреди | уреди извор]- 2 јуни - Маргарет II, грофица од Фландрија (п. 1278)
- Матилда Дамартен, брачен другар на кралот Афонсо III Португалски (п. 1262)
Починале
[уреди | уреди извор]- 9 јануари - Биргер Броса
- 9 март - Свере Сигурдсон, крал на Норвешка од 1184
- 13 март - Мешко III Стариот, крал на Полска (р. 1121)
- 7 мај - Хамелин де Варен
- 12 ноември - Кнут VI Дански (р. 1163)
- Катал Караг Уа Конхобајр,
- Ален де Лил, француски теолог и поет (р. 1128)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Warren, W. L. (1961). King John. University of California Press. стр. 77–78.
- ↑ Picard, Christophe (1997). La mer et les musulmans d'Occident VIIIe-XIIIe siècle. Paris: Presses Universitaires de France.
- ↑ Georg Haggren, Petri Halinen, Mika Lavento, Sami Raninen ja Anna Wessman (2015). Muinaisuutemme jäljet. Helsinki: Gaudeamus. стр. 380.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)