1955
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1955 MCMLV |
Ab urbe condita | 2708 |
Ерменски календар | 1404 ԹՎ ՌՆԴ |
Асирски календар | 6705 |
Бахајски календар | 111–112 |
Балиски календар | 1876–1877 |
Бенгалски календар | 1362 |
Берберски календар | 2905 |
Будистички календар | 2499 |
Бурмански календар | 1317 |
Византиски календар | 7463–7464 |
Кинески календар | 甲午年 (дрв. коњ) 4651 или 4591 — до — 乙未年 (дрв. коза) 4652 или 4592 |
Коптски календар | 1671–1672 |
Етиопски календар | 1947–1948 |
Еврејски календар | 5715–5716 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2011–2012 |
- Сачка ера | 1876–1877 |
- Кали-југа | 5055–5056 |
Холоценски календар | 11955 |
Игбоански календар | 955–956 |
Ирански календар | 1333–1334 |
Исламски календар | 1374–1375 |
Јапонски календар | Шова 30 (昭和30年) |
Јавански календар | 1886–1887 |
Џуче-календар | 44 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4288 |
Мингуо-календар | Тајван 44 民國44年 |
Нанакшахи | 487 |
Тајландски сончев календар | 2498 |
Тибетски календар | 阳木马年 (машко дрво-коњ) 2081 или 1700 или 928 — до — 阴木羊年 (женско дрво-коза) 2082 или 1701 или 929 |
1955 (MCMLV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1955 година од новата ера, 955. од вториот милениум, 55. од XX век и шеста од 1950-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7463 и 7464 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6705 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5715 и 5716 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2708.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1955 година се протега во 4591 и 4592, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4651 и 4652 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2498. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1374 и 1375 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 25 јануари – Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
- 28 јануари – Конгресот на САД го овластува претседателот Двајт Ајзенхауер да употреби сила за да го заштити Тајван од Народна Република Кина.
февруари
[уреди | уреди извор]март
[уреди | уреди извор]април
[уреди | уреди извор]- 1 април – Грчката националистичка организација ЕОКА започнува вооружена борба за обединување на Кипар со Грција.
мај
[уреди | уреди извор]- 9 мај – Западна Германија станува членка на НАТО.
- 14 мај – Осум комунистички земји на чело со СССР, го склучуваат Варшавскиот пакт.
јуни
[уреди | уреди извор]јули
[уреди | уреди извор]- 17 јули – Во Анахајм, Калифорнија, е отворен Дизниленд.
август
[уреди | уреди извор]септември
[уреди | уреди извор]- 6 септември – Во Истанбул е извршен погром против грчките жители на градот.
- 19 септември – Аргентинскиот претседател Хуан Перон е соборен преку воен удар.
октомври
[уреди | уреди извор]ноември
[уреди | уреди извор]декември
[уреди | уреди извор]- 1 декември – Роза Паркс е уапсена поради нарушување на сегрегацијата. Тоа го означува почетокот на борбата за граѓански права на Афроамериканците.
- 14 декември – Бугарија станува членка на Обединетите Нации.
Родени
[уреди | уреди извор]- 6 јануари - Роуан Аткинсон, британски глумец
- 18 јануари – Кевин Костнер, американски глумец
- 28 јануари – Николас Саркози, француски претседател
- 24 февруари – Ален Прост, француски автомобилист
- 19 март – Брус Вилис, американски глумец
- 21 јуни – Мишел Платини, француски фудбалер
- 31 август – Едвин Мозис, американски атлетичар
- 25 септември – Карл-Хајнц Румениге, германски фудбалер
- 28 октомври – Бил Гејтс, американски програмер
- 30 ноември – Били Ајдол, британски пејач
Починале
[уреди | уреди извор]- 11 март – Александар Флеминг, шкотски биолог, Нобеловец
- 18 април – Алберт Ајнштајн, германски физичар, Нобеловец
- 23 јули – Кордел Хал, американски политичар, Нобеловец
- 12 август – Томас Ман, германски писател, Нобеловец
- 30 септември – Џејмс Дин, американски глумец
- 18 октомври – Хосе Ортега и Гасет, француски филозоф