Internet Information Service (IIS)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Internet Information Service – порано нарекуван Internet Information Server – е множество од Интернет-засновани сервиси за опслужувачи создадени од Microsoft за користење со Microsoft Windows. Тоа е вториот по популарност опслужувач по Apache HTTP Server. Сервисите кои моментално ги поддржува се FTP, FTPS, SMTP, NNTP и HTTP/HTTPS. IIS е безбеден, надежен и размерлив опслужувач, кој обезбедува лесна за справување платформа за развој и вдомување на семрежни прилози и сервиси. IIS е разновидна алатка за создавање на надежна комуникациона платформа на динамички мрежни апликации. Со IIS може да се работи на многу различни средини. Мали бизниси и организации можат да користат еден опслужувач да работи со IIS, за да вдомува едно мрежно место и мал интранет. Големи организации, вклучувајќи и ISP-а, корпорации и образовни институции, можат да управуваат со многу апликациони опслужувачи, секој од нив да вдомува илјадници мрежни места и апликации. IIS исто така, се користи за вдомување на FTP мрежни места, и насочување новости (route news) или e-mail со користење на Network News Transfer Protocol (NNTP) и Simple Mail Transfer Protocol (SMTP). Бидејќи IIS (поновите верзии) ги поддржува најновите Веб стандарди, како што е ASP.NET, XML, и Simple Object Access Protocol (SOAP), тој е робустна платформа за развој, имплементација, и управување со нови мрежни места и апликации. IIS може да работи и како апликационен опслужувач.
Ентитети во IIS 7.0
[уреди | уреди извор]- IIS Windows Process Activation Service (WAS) се справува со процесот на конфигурација на апликационен базен (application pool) и со создавањето и животниот век на работните процеси (worker processes) за HTTP и други протоколи. World Wide Web Publishing Service (W3SVC) и други сервиси зависат од WAS. Тоа е нов сервис кој овозможува мрежните места да користат протоколи различни од HTTP.
- IIS Application Pool е групирање на URL-a (разни податотеки и друго) кои се вкоренети во еден или повеќе работни процеси (worker processes). Бидејќи апликационите базени (application pools) дефинираат множество на апликации кои споделуваат еден или повеќе worker процеси, тие обезбедуваат еден удобен начин за администрирање на мрежни места и апликации и нивните коренспондирачки worker процеси. Процесните граници (Process boundaries) го разделуваат секој работен процес (worker process); така да, еден Мрежно место или апликација во еден апликационен базен нема да биде под влијание на апликациони проблеми од други апликациони базени. Апликационите базени доста ја зголемуваат надежноста и управувањето на Веб инфраструктурата.
- IIS Worker Process: IIS worker process е windows процес (w3wp.exe) кој работи со (runs) Семрежни прилози, и е одговорен за справување со барања пратени до Опслужувач за специфичен апликациски базен (application pool).
- IIS Protocol Adapter е Windows сервис кој прима пораки од специфичен мрежен протокол и комуницира со Windows Process Activation Service (WAS) да рутира дојдовни пораки до соодветниот worker process.
- IIS FTP Service овозможува Опслужувачот да биде File Transfer Protocol (FTP) опслужувач. Ако овој сервис е стопиран, тогаш опслужувачот не може да комуницира како FTP опслужувач.
- IIS Web Management Service (WMSvc) овозможува оддалечено и делегирано справување и управување на еден Опслужувач и неговите мрежни места и апликации.
- IIS Application Host Helper Service (AppHostSvc) овозможува IIS конфигурациона историја и application pool SID (security identifier) мапирање. Ја овозможува функционалноста на конфигурационата историја преку зачувување на ApplicationHost.config податотека на разделни configuration history поддиректориуми на подесени временски интервали.
- IISADMIN Service ја вдомува IIS 6.0 configuration compatibility component (metabase). Metabase е неопходен за работа со IIS 6.0 административни скрипти, SMTP, и FTP.
- IIS Hosted Web Core (HWC) е компонента од ниско ниво која се користи за подигање (run) на Семрежни прилози без помошта на Windows Process Activation Service (WAS) или вграденото IIS конфигурационо складиште (IIS configuration store) (ApplicationHost.config).
- IIS World Wide Web Publishing Service (W3SVC) или понекогаш наречена WWW Service, се справува со HTTP протоколот и HTTP performance counters.
- IIS Web Site е уникатна збирка од мрежни места и прилози кои се вдомувани на IIS опслужувач. Мрежните места имаат врски кои се состојат од број на порта, IP-адреса, и опционално, име на хост или имиња.
- Active Server Pages (ASP) овозможува Опслужувачите динамично да генерираат Мрежни места и создадат интерактивни Семрежни прилози со користење на скриптирање од страната на опслужувачот (server-side scripting technology).
Мајкрософт целосно го има интегрирано Microsoft ASP.NET и Microsoft .NET Framework во IIS 7.0. За разлика од IIS 6.0, IIS 7.0 ја зема ASP.NET и .NET Framework на следното ниво преку интеграција на ASP.NET runtime extensibility model со јадрото на опслужувачката архитектура, дозволувајќи на развивачите целосно да го прошират опслужувачкото јадро со користење на ASP.NET и .NET Framework. Оваа тесна интеграција го овозможува користењето на постоечките ASP.NET одлики како што се .NET Roles, Session Management, Output Caching, и Forms Authentication со сите видови на содржина.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|