Прејди на содржината

Алкохол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хидроксилната (OH) функционална група во молеклула од алкохол

Во општа употреба, зборот алкохол (од Арапски al-khwl الكحول, или al-ghawl الغول) најчесто се однесува на етанол, познат и како зрнест алкохол (направен од житни растенија), или, пак, на било кој пијалак кој содржи етанол (види алкохолен пијалак). Последица на ова значење е поимот алкохолизам (зависност од алкохол). Другите форми на алкохол најчесто се именуваат со појаснувачка придавка, на пример изопропил алкохол, или со наставката -ол, како во изопропанол.

Во хемијата, алкохол е поопшт поим, кој се применува за секоја органска супстанца во која хидроксилната (-OH) група е поврзана со јаглероден атом[1][2], кој, од друга страна, е поврзан со други водородни и/или јаглеродни атоми. Општата формула за едноставен алкохол кој не содржи прстени е CnH2n+1OH.

Гледан како дрога, често алкохолот (етанолот) е причина за ефекти кои го забавуваат човечкиот централен нервен систем.

Оксидација

[уреди | уреди извор]

Првичните алкохоли (R-CH2-OH) можат да се оксидираат до алдехиди (R-CHO) или до карбоксилни киселини (R-CO2H), додека вторичните алкохоли (R1R2CH-OH) се оксидираат до кетони (R1R2C=O). Третичните алкохоли (R1R2R3C-OH) не се оксидираат.

Механизам на оксидација на првичен алкохол

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (2006–) "Alcohols". doi:10.1351/goldbook.A00204
  2. Saul Patai, уред. (1971). The Hydroxyl Group. PATAI'S Chemistry of Functional Groups. doi:10.1002/9780470771259. ISBN 9780470771259.