Ворен Зивон
Ворен Зивон | |
---|---|
Зивон во 1978 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ворен Вилијам Зивон |
Познат(а) и како |
|
Роден(а) | 24 јануари 1947 Чикаго, САД |
Починал(а) | септември 7, 2003 Лос Анџелес, САД | (возр. 56)
Жанрови | |
Занимања | Текстописец, музичар |
Инструменти |
|
Период на активност | 1965–2003 |
Издавачи | |
Мреж. место | warrenzevon.com |
Ворен Вилијам Зивон (англиски: Warren William Zevon; 24 јануари 1947 г. ― 7 септември 2003 г.) ― американски рок-пејач, текстописец и музичар. Она што го одликувало пред сè, бил неговиот ироничен и речиси циничен поглед кон животот, што се одразува во неговите чести мрачно хумористични песни.
Роден е на 24 јануари 1947 г. во Чикаго. Неговиот татко имал руско-еврејско потекло, чие изворно презиме било Животовски,[1] а мајка му била по потекло Англичанка.
Најпознати композиции на Зивон ги вклучуваат „Werewolves of London“, „Lawyers, Guns and Money“ и „Roland the Headless Thompson Gunner“. Овие три песни се од неговиот трет албум Excitable Boy (1978), чија што истоимена песна е исто така добро позната. Тој, исто така, напишал многу хитови кои ги отпеале други изведувачи, како: „Poor Poor Pitiful Me“, „Accidentally Like a Martyr“, „ Mohammed's Radio“, „Carmelita“ и „Hasten Down the Wind“.
Зивон во музичката индустрија бил успешен како сесиски музичар, композитор на џинглови, текстописец, турнејски музичар, музички координатор и водач на група. И покрај сето тоа, Зивон имал потешкотии да се пробие како солист сè додека Линда Ронштат не почнала да ги преработува неговите песни, почнувајќи од нејзиниот албум од 1976 година, „Hasten Down the Wind“. Се создал култ што траел 25 години, при што Зивон повремено се враќал на топ-листите за албуми и синглови до неговата смрт во 2003 година. Тој се здружил со членовите на R.E.M. во блуз-рок проектот Hindu Love Gods при што издале албум во 1990 година, но не следела турнеја. Во 2023 година, Зивон бил предложен за внесување во Куќата на славата на рокенролот.[2]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Wanted Dead or Alive (1970)
- Warren Zevon (1976)
- Excitable Boy (1978)
- Bad Luck Streak in Dancing School (1980)
- Stand in the Fire Live (1980)
- The Envoy (1982)
- Sentimental Hygiene (1987)
- Transverse City (1989)
- Hindu Love Gods (1990), with members of R.E.M. (excluding Michael Stipe)
- Mr. Bad Example (1991)
- Learning to Flinch (1993)
- Mutineer (1995)
- Life'll Kill Ya (2000)
- My Ride's Here (2002)
- The Wind (2003)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Zevon, Crystal (2008). I'll Sleep When I'm Dead: The Dirty Life and Times of Warren Zevon. New York: HarperCollins. ISBN 978-0-06-076349-7.
- ↑ „2023 Nominees | Rock & Roll Hall of Fame“. www.rockhall.com. Посетено на 2023-02-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Ворен Зивон на Curlie (англиски)
- Warren Zevon semi-official site
- Warren Zevon's personal archive at Human Archives
- Ворен Зивон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ворен Зивон собрани вести и коментари на The New York Times
|