Глодачи
Глодачи Период: Доцен палеоцен - денес | |
---|---|
Капибара (Hydrochoerus hydrochaeris) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Поткласа: | Eutheria |
Надред: | Glires |
Нерангирано: | Euarchontoglires |
Ред: | Rodentia Боудих, 1821 |
Подредови | |
Sciuromorpha |
Глодач (лат. Rodentia) е секој цицач кој се одликува со пар на широки, остри и длетовидни заби од типот на секачи кои се цврсто всадени во двете вилици и се користат за гризење (глодање) на растителноста. Предната површина на секој секач се состои од глеѓ, а задната површина од мек дентин кој се троши за време на процесот на глодање, така што секачите константно се чуваат остри. Глодачите немаат кучешки заби (песјаци), а присутна е празнина помеѓу забите за сечење и оние за мелење, односно катниците. Повеќето глодачи се одликуваат и со добро развиени уши.
Постојат повеќе видови на глодачи од било кој друг мамалиски ред; повеќе од 400 родови и околу 2,000 видови се нашироко распространети низ светот. Најголемиот од глодачите е капибарата, а повеќето други видови се релативно мали. Глодачите живеат во најразлични живеалишта: некои видови се водни, некои се копнени, а некои живеат во дупки во почвата. Другите се арбореални и околу 35 видови се летачки верверички кои се полуаериални, рипајќи од едно на друго дрво.
Многу глодачи се економски неповолни, уништувајќи ги земјоделските култури и складираната храна. Глодачите како куќниот глушец и стаорецот понекогаш пренесуваат болести. Некои видови, како мускратот и дабарот, се ценети поради нивното крзно; браните изградени од дабарите спречуваат ерозија на почвата. Белите (албино) раси на глувци и стаорци се важни во биолошкото експериментирање. Белиот глушец, хрчакот и морското прасе се популарни домашни миленичиња.
Научниците продолжуваат да пронаоѓаат нови видови на глодачи. Необичен верверицовиден глодач наречен Лаоски карпест стаорец, откриен во Лаос во 2005, припаѓа на семејство глодачи за која се мисли дека е изумрена веќе 11 милиони години. Глодачите од претходно се познати само од фосилни форми.
Систематика
[уреди | уреди извор]РЕД RODENTIA (од латински, rodere, гризе)
- Подред Anomaluromorpha
- Семејство Anomaluridae: верверици со лушпеста опашка
- Семејство Pedetidae
- Подред Castorimorpha
- Натсемејство Castoroidea
- Семејство Castoridae: дабари
- Натсемејство Geomyoidea
- Семејство Geomyidae
- Семејство Heteromyidae: кенгурски стаорец и кенгурски глушец
- Натсемејство Castoroidea
- Подред Hystricomorpha
- Семејство incertae sedis Diatomyidae: лаоски карпест стаорец
- Инфраред Ctenodactylomorphi
- Семејство Ctenodactylidae: гундис
- Инфраред Hystricognathi
- Семејство Bathyergidae: африкански кртовски стаорци
- Семејство Hystricidae: бодликави прасиња
- Семејство Petromuridae
- Семејство Thryonomyidae: кучешки стаорци
- Парвред Caviomorpha
- Семејство †Heptaxodontidae: џиновски хутии
- Семејство Abrocomidae: чинчила стаорци
- Семејство Capromyidae: хутии
- Семејство Caviidae: морско прасе и капибара
- Семејство Chinchillidae: чинчила и вискача
- Семејство Ctenomyidae: туко-туко
- Семејство Dasyproctidae: агути
- Семејство Cuniculidae: пакас
- Семејство Dinomyidae: пакаранаси
- Семејство Echimyidae: бодликави стаорци
- Семејство Erethizontidae: прасиња од Новиот Свет
- Семејство Myocastoridae: нутрија
- Семејство Octodontidae: октодонти
- Подред Myomorpha
- Натсемејство Dipodoidea
- Семејство Dipodidae: џербои и скокачки глувци
- Натсемејство Muroidea
- Семејство Calomyscidae: глувчевидни хрчаци
- Семејство Cricetidae: хрчаци, глувци и стаорци од Новиот Свет
- Семејство Muridae: вистински глувци и стаорци, гербили, бодликави глувци, браздест стаорец
- Семејство Nesomyidae: качувачки глувци, карпести глувци, белоопашест стаорец, малгашки стаорци и глувци
- Семејство Platacanthomyidae: бодликави сонливци
- Семејство Spalacidae: слепи кучиња, бамбусови стаорци и цокори
- Натсемејство Dipodoidea
- Подред Sciuromorpha
- Семејство Aplodontiidae: планински дабар
- Семејство Gliridae (исто така и Myoxidae, Muscardinidae): сонливци
- Семејство Sciuridae: верверици, бурундуки, прериски кучиња, & мрмоти.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Европска црвена верверица (Sciurus vulgaris).
-
Куќен глушец (Mus musculus).
-
Европска верверица.
-
Алпски мрмот (Marmota marmota)
-
Златест хрчак.
-
Нордиска летачка верверица (Glaucomys sabrinus).
-
Сив стаорец (Rattus norvegicus).
-
Морско прасе (Cavia aperea).
Редови на рецентни цицачи по инфракласи |
|
---|---|
Australosphenida | Monotremata |
Marsupialia | Didelphimorphia · Paucituberculata · Microbiotheria · Notoryctemorphia · Dasyuromorphia · Peramelemorphia · Diprotodontia |
Placentalia | Afrosoricida · Macroscelidea · Tubulidentata · Hyracoidea · Proboscidea · Sirenia · Cingulata · Pilosa · Scandentia · Dermoptera · Primates · Rodentia · Lagomorpha · Insectivora · Chiroptera · Pholidota · Carnivora · Perissodactyla · Artiodactyla · Cetacea |
|