Губар
Губар | |
---|---|
Губар (Lymantria dispar dispar), мажјак | |
Губар (Lymantria dispar dispar), женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Ред: | Пеперуги |
Натсемејство: | Совици |
Семејство: | Тантелни совици |
Род: | Губар |
Вид: | Обичен губар |
Научен назив | |
Lymantria dispar (Linnaeus, 1758) |
Губар (поточно обичен губар, науч. Lymantria dispar) — вид молец од семејството на тантелните совици (Erebidae). Има неколку подвидови, од кои некои се недвосмислевно препознатливи (на пр. L. d. dispar и L. d. japonica). Овој молец е доведен на наколку континенти, и денес е застапен во Европа, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка. Ларвите се разнојадни, и живеат во разновидни листопадни и иглолисни дрва. При најповолни услови, гасениците уништуваат огромни шумски површини[1]. Поради ова, видот се вбројува меѓу 100-те најштетни инвазивни видови на светот. Освен за шумите, во Македонија губарот е особено опасен и по овошките.[2]
Подвидови
[уреди | уреди извор]Народно име | Подвид | Распространетост | Одлики |
---|---|---|---|
Европски губар | Lymantria dispar dispar | Европа, западна Азија и северна Африка,[3]:6 доведен во источна Северна Америка | Женките имаат крилца, но се безлетни[3]:6 |
Азиски губар | Lymantria dispar asiatica | Источна Азија,[3]:6 доведен во западна Северна Америка[4] | Женките имаат крилца и можат да летаат; подвидот го привлекува светлина[3]:6 |
Јапонски губар | Lymantria dispar japonica | Сета Јапонија[3]:6 | Големи мажјаци, многу темна кафеава боја[3]:6 |
Европскиот губар (Lymantria dispar dispar) е домороден во умерените шуми на Европа. Доведен е во САД во 1869 г. а во Канада се појавил во 1912 г.
Азискиот губар (Lymantria dispar asiatica) е домороден во Азија, источно од Урал. Од почетокот на 1990-тите забележан е и долж западниот брег на умерена Северна Америка. Од јужна Европа се шири на север во Германија и други земји, каде се вкрстува со европскиот губар. Во 1995 г. е забележана колонија во Велика Британија.
Борба против губарот како штетник
[уреди | уреди извор]Во Северна Америка е воведен паразитоидната бакарна оса од видот Ooencyrtus kuvanae како биолошка мерка во борбата со губарот. Оваа јајцепаразитна оса сепак не се задржува само на губарот, туку врши паразитизам и врз други видови на пеперутки и молци.[5][6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Губари“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 413. Text "series " ignored (help)
- ↑ Овоштарство – Календар за активности во јануари — Современо земјоделство (македонски)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Pogue, Michael. „A review of selected species of Lymantria Huber [1819]“ (PDF). Forest Health Technology Enterprise Team. Посетено на 14 септември 2012.
- ↑ „Asian Gypsy Moth Lymantria dispar asiatica“. Pest Tracker National Agricultural Pest Information System. Посетено на 14 септември 2012.
- ↑ Christenson, Amy (јуни 1997). „Know Your Friends“. Midwest Biological Control News. Архивирано од изворникот на 26 ноември 2018.
- ↑ Brown, M. W. (1984). „Literature review of Ooencyrtus kuvanae [Hym.: Encyrtidae], an egg parasite of Lymantria dispar [Lep: Lymantriidae]“. Entomophaga. 29 (3): 249–265. doi:10.1007/BF02372112.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Губар“ на Ризницата ? |
- „Губар“ — Енциклопедија на живиот свет
- Губар (Lymantria dispar, L.) — Причинители на болести кај растенијата (македонски)
- Губар — BugGuide (англиски)
- Профил на видот: Европски губар (Lymantria dispar) — Национачлен информативен центар за инвазивни видови на САД (англиски)
|